Господ на сите божји пратеници пред Иса(Исус) им велел дека Бог е еден, а и тие цело време тоа го проповедале. Еднаш читав една христијанска книга во која прочитав дека Иса(Исус) рекол: „јас со Господ стоев и разговарав уште пред да настане времето“. (нека ми прости АЛЛАХ ако згрешив во цитирањето, но контекстот беше таков) значи пред Аллах да го створи светот, живиот свет и др. Тогаш драги Христијани - народе од книгата се поставува прашањето зошто Господ на Муса(мојсие) му го објавува заповедот: не ќе имаш други богови покрај мене, а зошто не му вели дека нема други богови освен тројството, односно зошто АЛЛАХ на сите божји пратеници пред Иса(Исус) не им вели дека постои тројство, туку им вели дека е еден единствен и не спомнува никакво тројство нити три во едно нити едно во три, туку само еден единствен.
Следна работа која и Христијаните ја прифаќаат е дека Иса(Исус) осеќал работи кои ги осеќаат сите луѓе: глад, жед, страв, тага, болка и др. а исто така имал и физиолошки потреби (да оди во тоалет да врши нужда и мокри и др.)како и сите луѓе - дали тоа значи дека е Бог?
Како и сите божји пратеници, така и Иса(Исус) бил понижуван, тепан и др. Дали некој може да замисли дека може да го тепа Господ (го молам Аллах џ.ш. да ми прости за овај збор) и тој да крвари? па и самите христијани велат дека на крстот умрел од крварење до смрт - дали тоа може да му се случи на Господ?
Според тврдењето на Христијаните Исус го спасил човештвото од грвовите, однодно: „Исус умре за наште гревови“ па тогаш зошто постои судниот ден кој сум слушнал дека вие го викате страшниот суд, кој Аллах на сите ни го гарантира тој ден во кој сите ќе одговараат за своите дела.
Дали Иса(Исус) спомнал тројство: НЕ
МАРКО12;29 Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле "", - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,