Според ова, Доминикана не тепала на среќа?Очигледно шутот ги служеше во второ.И за три, а особено од слободни, само последното мислам дека го промаши Мартинез.
Или кај нив е умешност?Немој вака беее
Грешката најголема на Лазовски е нула ротација, нешто кое баш обратно - го форсираше во Амак некогаш пред 3-4 год., се случувало и сите играчи да добијат минути!А тогаш близнаците скоро сами ги победуваа другите (посебно со тројки), сега не знам каква дефанзивна наредба им дал, тотално се затворија.Лошо е самиот тренер да е без самодоверба, во Венецуела очигледно се уплаши од менување играчи и тактики...а изгледа и Докузовски како да се уплаши од предизвикот со откажувањето
За Антиќ, барем 2 од тие 4 лични беа судиски грешки.Поклони за Доминикана.Кај втората или третата лична немаше воопшто ни контакт.И ете ја и навидум малата улога на судиите, останавме без еден почетен играч 3 и кусур четвртини, да не зборувам за психолошката реакција од ова (го сетија и самите Доминиканци, нели имаше еден момент со искри на теренот меѓу Мартинез од една страна и Бо+Војдан од друга.Следно беше она Ин јор фејс па Бо нешто им викаше нив).Исто и личната на Чековски...добро напиша некој поназад можда требаше да е тргнат па да постигнат лесни 2.
Штета за Кире Николовски, за Александар Костоски, за Симоновски ... ги однесоа на екскурзија.Само кај нас дебитанти во репрезентација можат да станат на 25 или +
Во неколку реда ги опфати клучните работи и лајк за тоа. Само што и Вајсмилер е дебело во право.
Значи на страна судиите, на страна играта во првите 2 утакмици (срање), на страна припремите (срање), го земам само моментот на 35-15 па натаму:
Било кој барем просечен тренер немаше да спушти под 15 разлика, а уште и ќе ги одмореше клучните играчи не само за 4/4/ туку и за полуфинале!!! Можам да се кладам во тоа, а тука ги земам и сите наши слабости и сите добри страни на Доминиканците.
Луѓе, во тој момент црниве беа разбиени!Лошо отворија, со многу промашени шутеви и им ги собравме топките во рекет. Им се смрзна гомното!!! Баш од страв од промашување шутираа уште полошо, станаа нервозни и на фаца им се читаше дека немаат поим како понатаму.
И што направи нашево говедо?
Го внесува Гец на ротација. Поеба 4 напади во серија!!! Кој не верува и кој има живци нека провери ако сака. Ај што спуштија на -10, уште и Бо и Владо си ја растурија играта. Замислете водиш топка а не можеш да додадеш до центар (ќе ја изгуби), не можеш да одиш на чист влез (тромав е за добар блок), не е сеедно да шутнеш за 3 кога ЗНАЕШ дека ќе нема офанзивен скок.
Што направи уште? Кога требаше близнаците да го штелуваат шутот, на +20 2/4 или на -6 во 4/4? Зошто пак шутираа Бо и Владо кога секако на лошо ќе излезеше? Ако погаѓаа - ќе ги чуваа само нив (така и испадна), ако промашуваа - се топи предноста и се ствара нервоза. На полувреме во статистика за поени имавме само 3 играчи плус тројката на Чековски!?
И што направи на крај? (3/4, тука утакмицата за мене заврши, 4/4 ја гледав без емоции како Занзибар - Еритреа да играат)
Прв напад - Владо шутира за 3 во први 5 секунди од нападот!?, втор напад - Владо copy Бо paste. Све тоа на (колку толку) добри +13 за нас! Нашиве ко усрани грлици, а црниве ко пауни се шетаат, ееј на наша позитива! Па за 10 мин пауза тоа ли успеа да ги советуваш да ти се мочам во уста, они водеа +13 или ние?
Ова само најаматерските пропусти, за сите да ги наредам постот треба 5 страни да биде а секако никој нема да го чита. Поентата е само дека не се пресудни судиите, човек со 2 грама мозок не може да прими 58 коша за едно полувреме, макар судел и Дел Харис лично.