Одново БАТЕ не успеаа да победат, овојпат нерешено на гостувањето кај второпласираниот Шахтер Солигорск.
Губеа 1-0, на крај извадија 1-1, со убав гол на Олехнович од 22 метри...
Според тие анализите што ги правев играле со малку позименет тим денеска.
Дмитири Баха влегол во вториот дел, се надевам влече некоја повреда

Мада ако е вистина тоа за репрезентацијата немора ни да има повреда...
Играле Харбунов, Јуревич, Симиќ, Рацков, Бордачов, Лихтаревич, Олехнович, Володко, Брешан, Концевои и Родионов.
Да направам споредба со мојот прв пост околу нивниот тим.
http://forum.kajgana.com/threads/Фан-Клуб-Вардар.1191/page-1238#post-5119418
Едно сум сигурен дека Концевои и Родионов им се стандардни напаѓачи и би требало да настапат против нас.
Концевои е висок 177 сантими, а Радионов 179. Значи се работи за ниски напаѓачи па не практикуваат многу игра со глава. Воглавно овие крилава најаги ги разигруваат
Е сега на милион страници што ги прочешлав сегде има најразни информации, па негде Концевои го пишува како крило...
Според трансфер маркет покрај како напаѓач игра и како десно крило.
Е сега на трансфер маркет и Олехнович и Лихтаревич и Володко ги пишува како дефанзивни средњаци

Володко мислев дека игра како десен бек, ама таа му била втора позиција. Изгледа во отсуство на Баха еден од овие тројца играл во средина а играле си двајца DM.
Како што кажав Јуревич им е лев бек, Симиќ и Рацков им играат како централни. На десна страна се слаби, младиот Полјаков и истотака неискусниот Кунцевич.
Во последните мечеви тренерот му давал шанса на Полјаков, но денеска го оставил на клупата.
Бордачов е истотака лев бек, на него изгледа му дал шанса на левата бековска позиција, додека Јуревич играл на десно иако тоа не му е приородното место.
И воглавно тие се тие што ротираат на бековските позиции, или постандардно играат Јуревич на лево, Полјаков на десно, а понекогаш играат Бордачов и Јуревич, како и Бордачов и Полјаков.
Од останатите централни дефанзивци шанса добива и Филипенко. На дербито со Динамо Минск играле со 5 дефанзивци, Полјаков, Симиќ, Рацков, Филипенко и Јуревич. И покрај тоа одбраната им беше како распашана команда...
Според трансфер маркет и Баха игра како DM, а втора позиција му била десно крило...
Од видеата на јутјуб, се гледа дека Баха скоро никогаш не го играат како DM, туку најчесто е централен дефанзивец. Позади него играат Олехнович или Лихтаревич.
Од видеава излага како да играат без напаѓачи, а често не користат многу ни крила

Гледам Концевои се уфрла по десно крило некогаш, а Радионов оди на лево крило и буквално како без напаѓачи играат

Ренан Брешан им е полушпиц и често се уфрла и во нападот. Нормално он е најголемата опасност. И на Руџик чат пат му дава шанса, он е истотака полушпиц.
Повредени им се Малезлевски кој е напаѓач, Маикон Бразилски напаѓач кој ДЕФИНИТИВНО НЕМА ДА ИГРА СО НАС, и Павлов кој игра како лево крило и средина, кој за жал ќе биде фит да настапи...
Се насе може да заклучам дека играат бајаги дефанзивно...
Отприлика овие треба да настапат против нас.
Харбунов
Полјаков Симиќ Рацков/Филипенко Јуревич
Лихтаревич/Олекнович /Филипенко
Баха Руџик/Павлов
Брешан
Концевои Родионов
Се се ниски играчи во напад и средина, не играат воопшто на високи топки, и тоа малце може да ни биде проблем пошто знаеме дека дефанзивците ни се бајаги спори... Може ќе биде добро да почнеме и со Оса и со Ранѓеловиќ поназад, да ги кратиме во средината, пошто реално со толку малку средњаци тешко дека би не пробиле пошто имаме солидна дефанзива. Они треба да напаѓаат, нека ги остават малце да нападнат, нека ги сечат во средина и после по контри се губат целосно
