Ај да си го кажам моето мислење за целава ситуација околу Интер летово. (долго ќе биде
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Прво, ги читав интервјуата на Морати за весниците кои сега редовно си ги дава и она што ми се свиѓа е што ако ништо друго барем почнува да се менува терминологијата што ја употребува кога збори за политиката на клубот. Се употребуваат зборови како "проект" "стратегија", се збори за работи за подолг рок, како поактивно вклучување на млади играчи во тимот, зборовите повеќе оставаат впечаток дека моделот на работење е повеќе инспириран од бизнис логика. Да бидам искрен, мене тоа ми е прва желба за иднината за тимот и не ни имав надеж дека во брзо време нешто слично би се случило.
Етичките и филозофските аспекти на страна, ако не си го менуваш бизнис-моделот во склад со времето во кое функционираш, тогаш ќе си останеш во периферија.
Не знам дали стварно сезонава нешто променила во некои глави или некој сугерирал од страна, ама ако она што се продава по медиуми е вистина, ја ќе бидам задоволен со тој плански дел, дури и да значи дека резултатите ќе дојдат после некое време.
Ама прашање е колку се тоа што го збори Морати е вистина. Од една страна имаа некои промени во менаџментот и се нешто по радикални чекори се влечат, ама од друга страна овие изјави се кажувани скоро секое лето и секое лето на еден начин завршуваат. Друга работа е што работите што се зборат и оние што се прават се секогаш различни (летово исто, ќе пишам подоле што мислам). Трета работа е што досега искуството од овие 15 години со него на чело, не дава сигурност дека ќе знаат да го изменаџираат се тоа.
Колку и да неќеме да признаеме, нас најголемиот успех во перформанси ни дојде во "неприродни" услови, не во ситуација кога имало јака конкуренција и квалитет.
Второ, идеите, плановите колку и добро да се направени, немаат практична вредност, ако нема квалитетна имплементација. Тоа ни е проблемот и тоа е она што ме нервира ова лето, зошто имплементација на се она што се збори и што наводно е планирано или нема или е крајно лоша и нерационална.
Прво кратењето на платите. Не ми е јасно по кој критериум се бркаат некои играчи, а некои се недопрени, зошто перформансот сигурно не е критериум. Маикон, Лусио, и Цезар немаа најдобри сезони, ама па тоа важи и за Камбијасо, Самуел, па и Занети, Станкович па беше подвижна катастрофа. Платите им се скоро исти со некои кои беа или се бркани. Плус во исто време се дојдени во тимот и незнам со што едните, повеќе заслужуваат нешто од другите. Полошо е што овие што се продаваат се можеби и потешко заменливи од тие што остануваат.
Посебно ова со Цезар ја ич не го разбирам. Не знам каде се штеди овде, кога платата нето на Цезар, е помала од тоа што би дошло годишно како плата и амортизација на Ханданович. А и голманска позиција воопшто не беше во прашање кога се збори за квалитет.
Друго нешто е тоа што алтернативите за играчите се или многу сомнителни (Паласио, Силвестре, Дебуши) или се срање (Габи) и се во принцип втори или трети алтернативи по редослед, што значи дека квалитетот на тимот е опасно загрозен. А тоа беше приоритет, не само да се сменат некои играчи туку да се зголеми квалитетот и да се дооформи тимот. Тука е проблемот што играчите не се бираат за делови од тимот каде ни фали квалитет или воопшто ни фали тип на играч , имајќи во обзир што се бара тип на играч на Мудингаи, на пример.
Младите па од друга страна, носат други проблеми. Прво несигурно ниво на квалитет, второ немање искуство со вметнување на млади во тим, успешно. Трето што ако носат преголем товар, можат да искочат жртвени јагниња, ако и се ставаат на јавноста очекувања за титули.
Со еден збор, носат несигурост.
И на крај, во врска со финансиската состојба, иако е широка тема, ќе кажам на кратко што мислам посебно за еден дел што преставниците на клубот го потенцираат во јавноста.
Реториката се насочува кон тоа дека, фановите треба да бидат интелегентни и без големи очекувања, што во превод значи дека треба да мислиме дека е природно тоа што они се самите заглавени во проблемите во кои што се, зборено конкретно за Интер, ама и за цела Италија. Како да е тоа состојба која е таква дадена и ние треба да си ја прифатиме, без бунење. И иако тоа им е работа на таквите луѓе, сепак е малку чудно да го бараш тоа од навивач.
Никој не им е крив и на Морати и на Берлускони и на другите, за тоа што они самите ги заглавија клубовите во текот на овие две декади, во гомна до гуша и што работеа со нив како што се работело со претпријатијата во комунизмот. Тоа што ги поврзаа клубовите со нивните дејности и што ги донесоа да бидат зависни од работи од кои не треба да бидат зависни е нивна грешка.
И навивачите имаат право да се бунат за тоа. Никаква благодарност не ги спасува од тоа. Не само што никој не им должи благодарност, туку и они должат извинување, на цела фудбалска Италија.
Затоа нека си ја понесат одговорноста за тоа што го правеле, а не со ПР трикови да се обидат ја пренесат топката.