Дечки, сум рекла 100 пати, радувајте се на победата на вашиот фаворит, не на поразот на другиот. Ова е индивидуален спорт, каде се зависи исклучиво од трудот и напорот на еден човек. Тие се трудат на секој можен начин и не е спортски да се омаловажуваат нивните успеси. Исто ко шо не беа коректни зајадливите коментари кога изгуби Рафа (како што читав на интернет: мора да се посвети статус за тоа што изгуби Рафа, мислам тотално нонсенс, ако не навиваш за него, не гледам зашо треба да го исмеваш), ниту пак треба истот да се прави за Ноле или Роџер или било кој тенисер...
Не знам зашто толку сте посветени на плукање по нечиј труд. Во ред е по некоја шега, ама нема потреба од навреди затоа што сите се мачеле за да стигнат таму, а ние дремеме на форум и џаболебариме. Не треба да се плука по ничиј успех. Замислете да имаше таму Македонец и сите за него да мрчеа и да хејтаа? Немаше да биде убаво нели?
Сакај го своето (или во случајот тој за кого навиваш), не плукај по другото.
Предлагам, во согласност со модераторот на овој подфорум, да се бришат сите пцуења и навреди и омаловажувања на БИЛО кој тенисер, за да биде се во духот на фер игра и убав тенис!