J. T. напиша:
И озбилно прашувам , зашто го убиле Исус ? Ако може некој да ми објасни пошо ме мрзи се замарам по интернетов со вакви глупости.
Исус го убиле римјаните за да ги помират еврејските водачи (фарисеите) кои што ќе пукнеле од завист и лутина затоа што Исус придобивал многу ученици, а исто така и јасно, гласно, директно и отворено ја разобличувал лицемерната и површна побожност на фарисеите.
На римјаните мирот во империјата (Pax Romana) им бил императив и затоа тие сакале да ги смират евиреите, иако кај Исус не нашле некоја особена вина. Фарисеите поднеле неколку лажни обвиненија против Исус, а меѓу нив и дека Исус се правел цар (што од римска перспектива тоа би можело да значи и бунтовник кој што сака да да собере приврзаници и да крене востание). Сепак Исус не дал никаков повод за тоа, им велел на учениците да плаќаат данок, да бидат мирољубиви и безопасни како гулаби, да ги љубат дури и непријателите, да не бидат одмаздољубиви и сл. Исус зборувал за царство, ама за Небесното царство, а не за земното.
Сепак има и подлабока причина зошто Исус дозволил да биде распнат и да умре на крстот. Тој го дозволи тоа за да ја плати казната за нашите гревови, затоа се принел Себе си како жртвено јагне за гревовите на човештвото.
Да појаснам, Според Библијата, казната за гревот е смрт: „зашто смртта е плата за грев“ (
Римјаните 6:23, Библијата)
Затоа и биле принесувани жртви во храмот, за да привремено бидат покривани гревовите на луѓето. Но тие жртви не беа доволно за да го исплатат гревот на човекот, па затоа мораше Бог да го прати Својот Син, да се роди од жена, да земе човечко тело, да не направи ниту еден грев и на тој начин да биде достојна жртва за нашите гревови.
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (
ев. Јован 3:16, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови“ (
1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (
Римјаните 5:8, Библијата)
Значи Исус умре за сите нас кои веруваме во Него да ни бидат простени гревовите, да бидеме поштедени од судот Божји и да имаме живот вечен.
Поздрав!