Дека Ева е првата жени, сведочи Мојсеј во Постанокот. Ева е одвоена од Адам, а Адам е сторен од земја и дух животен. Така, Адам и‘ претходи на Ева, а самиот израз „Ева„ значи „Мајката на сите (луѓе
)„. Ако Ева е нашата пра-мајка, тогаш како може Лилит да биде „попрва„ од Ева?...
На „Вики„ прочитав повеќе толкувања за Лилит, зависно во која цивилизација или народ се јавува тоа име, така да е нејаснотија на која „лилит„ се однесува нејзиното споменување кај Исаија, а многу е веројатно дека се однесува на некое јудео-митолошко битие, со оглед на неговото споменување кај Исаија, а кое споменување е контекстуално поврзано со Едом, како кралство.
За секој случај, ќе се распрашам до Црква за кое битие се работи, може ќе ми посочат работи кои не ги знам...