Мила, единствено аргументот ми е дека човекот не зависи од месото, и дека прешло во навика поради сплет на околности. Еволуционо гледано, не сме потковани да го третираме истото. Ништо друго.
Тоа за крвните групи важи за тие што се нулта. Не само науката позади тоа, туку и луѓето што ги познавам, што се нулта, не можат без месо во исхраната, влегуваат во некаква криза ако поголем период не јадат месо.
Нултата важи како појава некаде баш тој период, кога се случува Ледената Доба, и тие 20.000 години што ги спомнувам. Значи е поврзано. Ледената доба ги трга од достапоност овошките и плодовите, и човекот мора да најде алтернатива за храна. Тогаш почнува масовно да се храни со месо, од хербиворите, кои ги лови. Самата Ледена Доба го поттикнала и технолошкиот развој кај човекот, да дизајнира орудија и начини/методи на ловење, за да дојде до таа храна.
Агрументот на колегата погоре, дека сме се хранеле со месо милиони години, и невалиден, бидејќи пред милиони години човекот немал толкава технолошка софистицираност за да може да лови мамути и слично. Тоа се случува последните 20.000 години.
А сега кој сака нека си јаде месо, негов избор, ама нека не ми солат памет дека ни е суштинско и дека така природно сме еволуирале.
Што се однесува до тоа зошто прекинав да бидам вегетаријанец, беше зошто немаше да постигнам доволно добри резултати во теретана, ако се хранев чисто само вегетаријански. Прогресот ќе беше многу спор. Па поради тоа, прекинав. Ако дојдам до некое задоволително ниво, физички, ќе се вратам пак на вегетаријанска исхрана, со која само ќе ја одржувам формата.