Вегетеријанство

Член од
11 јуни 2012
Мислења
45
Поени од реакции
83
Во Македонија до 2. Светска војна месо се јадело еднаш неделно. Значи тој тип на исхрана и не е многу далечен.
За време на војната, а и неколку години по неа, скоро ништо и не се јадело. Значи може од исхраната да се исфрлат сите животински и растителни продукти.
 
A

AnFem

Гостин
А ти дали знаеш дека на интернет портали се пишуваат невистини и полувистини? Зошто твојов пост е полн со такви. Телото реагира со покачен холестерол ако внесуваш многу масти, а не месо. Можеш да јадеш пилешко секој ден и цел живот да немаш проблем со холестеролот ни со притисокот.
Должината на цревата кај човекот е некаде околу 8-8.5 метри кај просечен човек, па сега ти направи ја математиката. Тоа со гниењето не треба ни да го коментирам. Цревата се толку долги колку што се за да се овозможи доволна површина за ресорпција. Кога ќе дојде до тенкото црево, она што сме го јаделе не е веќе храна туку каша од состојки кои треба да се внесат во крвта, молекули, а не парченца месо. Веќе спомнаа дека имаме повеќе заби специјализирани за јадење месо. Тоа ти го прави еволуцијата, знаеш. Те оспособува за она што ти е потребно да преживееш. Исто така, желудочната киселина служи за да ја направи храната хомогена, за полесно да мине низ цревата, не за да го разгради месото. За разградба на месо имаш високо специјализирани ензими. pH на плонката кај човекот варира од слабо кисела до слабо алкална и не содржи јаглеводороди, во тој случај ќе не користеа за производство на нафта. Содржи амилаза, ензим за разградување на шеќери.

Значи, ништо од она што го пиша погоре не беше точно затоа што не постојат докази дека човекот е хербивор. Односно постојат онолку колку што постојат дека е карнивор. Што не носи до првиот заклучок дека е омнивор, кој како и со се досега, успеал да направи радикални единки.

Нашите баби и дедовци кога би те слушнале, би те пратиле кај бајачка или кај поп. Па тие се молеле за повеќе месо.
И зарем стасавме до тој степен кравите и кокошките да ни диктираат што да јадеме? За тоа ли сме врв на еволуцијата? И да,сама би си уловила месо кога би морала. За среќа го поминавме тој период,сега имаме платежни средства и систем на размена кој функционира како никогаш порано. Кокошката е на овој свет за да биде изедена. Затоа е чувана од човекот. Во дивината не би преживеала ни еден ден.
Одиме:
Телото реагира ако внесуваш ЖИВОТИНСКИ масти.
Ајде да речеме дека информациите не се точни, ни јас не верувам на се’ што ќе прочитам, исто како што не ти верувам ни тебе за пишаново, ама затоа си верувам на себеси и знам како ми реагира телото кога целосно го отфрлам месото од исхрана. Што мислиш, зошто се пости? Зошто луѓето тоа го нарекуваат „чистење на организмот“? Зошто кога постат се осеќаат поздраво?

Ако има нешто полошо од (понекогаш) „чудни и смешни“ активисти за животински права, тоа се луѓето кои те убедуваат колку е ок месото, а ти веќе си ги почувствувал „благодетите“ на своја кожа.

Тврдењето дека си на некаков врв на некаква квази еволуција е доказ дека си во огромна заблуда. Абе деца, скрос ви ги ебаа мозочињата... Не дека „нашето“ време беше подобро, ама барем нас не учеа за „кругот на животот“, не за имагинарната пирамида.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не. Јадеме месо најмалку милион години. Вилицата ни е повеќе прилагодена за месо отколку за било кој друг нутриент. Три заби се специјализирани за месо, а четирите катници се повеќе наменети за месо отколку за било што друго. дигестивниот систем ни е специјализиран за месо и е во рангот на најтешки карнивори, како тигри и лавови. имаме ензими кои можат да сварат кожа, тетиви дури и коски
Археологијата не се согласува со твојата милионска теза на конзумирање месо.

Дигестивниот систем абсолутно не ни е дизајниран за третирање на месо, а тоа го докажуваат крвните групи.

За ензими, имаме доволно јаки кои можат да разложат и стакло (имаме неколку екцентрични индивидуи кои се тестирале во име на науката, и кои од време на време јадат стакло). Така да молим те немој со тие тези.

Што се донесува до забите, ти реков, направи споредба, наместо празни муабети да ми правиш овде.

Бев вегетаријанец 4 години, отсуството на месо не ми го наруши физиолошкиот развој воопшто. Немав недостаток на железо, на протеини, на масти итн. - бев на редовни проверки. Што најсуштинско, нити телесната маса ми страдаше поради тоа, ја имав истата која беше и додека конзумирав месо.

Тоа дека месото е абсолутно суштинска храна е абсолутен булшит од епски пропорции.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Археологијата не се согласува со твојата милионска теза на конзумирање месо.

Дигестивниот систем абсолутно не ни е дизајниран за третирање на месо, а тоа го докажуваат крвните групи.
Како крвните групи докажуваат дека организмот не ни е дизајниран за дигестија на месо?
Немој да ми кажеш да барам на google, ако веќе го ставаш како аргумент, објасни го.
И, пиша дека си бил вегетаријанец, зошто веќе не си?
Човечкиот организам е создаден за да прими и искористи хранливи материи како од месото, така и од растенијата. Можеби месото може да се замени со храна од растително потекло, но зошто би го заменувале кога е вкусно? :D
Не бидете ко Јеховини сведоци и едните и другите, кој сака да си биде вегетаријанец нека си биде, веќе е докажано дека може да се заменат и надокнадат хранливите материи од месото.
Исто како што е и веќе со илјадници години познато дека човекот бил ловец и јадел месо од почетокот на своето постоење. Постојат докази и за едната и за другата теза. Човекот отсекогаш бил и ќе биде омнивор. Некој и omnomnomnivore :D
Доколку се јаде здраво месо во умерени количини не се покачува холестеролот ниту има штетни ефекти.
Доколку се исхранува некој вегетаријански и ги јаде сите неопходни состојки, нема да има никакво нарушување на здравјето.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Jа препорачувам книгата „Исхраната и здравjето“ од Д-р Џорџ Памплона-Роџер. Малку е адвентистички настроена но сепак има доста корисни работи.
Еве еден интересен дел:
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Како крвните групи докажуваат дека организмот не ни е дизајниран за дигестија на месо?
Немој да ми кажеш да барам на google, ако веќе го ставаш како аргумент, објасни го.
И, пиша дека си бил вегетаријанец, зошто веќе не си?
Човечкиот организам е создаден за да прими и искористи хранливи материи како од месото, така и од растенијата. Можеби месото може да се замени со храна од растително потекло, но зошто би го заменувале кога е вкусно? :D
Не бидете ко Јеховини сведоци и едните и другите, кој сака да си биде вегетаријанец нека си биде, веќе е докажано дека може да се заменат и надокнадат хранливите материи од месото.
Исто како што е и веќе со илјадници години познато дека човекот бил ловец и јадел месо од почетокот на своето постоење. Постојат докази и за едната и за другата теза. Човекот отсекогаш бил и ќе биде омнивор. Некој и omnomnomnivore :D
Доколку се јаде здраво месо во умерени количини не се покачува холестеролот ниту има штетни ефекти.
Доколку се исхранува некој вегетаријански и ги јаде сите неопходни состојки, нема да има никакво нарушување на здравјето.
Мила, единствено аргументот ми е дека човекот не зависи од месото, и дека прешло во навика поради сплет на околности. Еволуционо гледано, не сме потковани да го третираме истото. Ништо друго.

Тоа за крвните групи важи за тие што се нулта. Не само науката позади тоа, туку и луѓето што ги познавам, што се нулта, не можат без месо во исхраната, влегуваат во некаква криза ако поголем период не јадат месо.

Нултата важи како појава некаде баш тој период, кога се случува Ледената Доба, и тие 20.000 години што ги спомнувам. Значи е поврзано. Ледената доба ги трга од достапоност овошките и плодовите, и човекот мора да најде алтернатива за храна. Тогаш почнува масовно да се храни со месо, од хербиворите, кои ги лови. Самата Ледена Доба го поттикнала и технолошкиот развој кај човекот, да дизајнира орудија и начини/методи на ловење, за да дојде до таа храна.

Агрументот на колегата погоре, дека сме се хранеле со месо милиони години, и невалиден, бидејќи пред милиони години човекот немал толкава технолошка софистицираност за да може да лови мамути и слично. Тоа се случува последните 20.000 години.

А сега кој сака нека си јаде месо, негов избор, ама нека не ми солат памет дека ни е суштинско и дека така природно сме еволуирале.

Што се однесува до тоа зошто прекинав да бидам вегетаријанец, беше зошто немаше да постигнам доволно добри резултати во теретана, ако се хранев чисто само вегетаријански. Прогресот ќе беше многу спор. Па поради тоа, прекинав. Ако дојдам до некое задоволително ниво, физички, ќе се вратам пак на вегетаријанска исхрана, со која само ќе ја одржувам формата.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Тоа за крвните групи важи за тие што се нулта. Не само науката позади тоа, туку и луѓето што ги познавам, што се нулта, не можат без месо во исхраната, влегуваат во некаква криза ако поголем период не јадат месо.

Нултата важи како појава некаде баш тој период, кога се случува Ледената Доба, и тие 20.000 години што ги спомнувам. Значи е поврзано. Ледената доба ги трга од достапоност овошките и плодовите, и човекот мора да најде алтернатива за храна. Тогаш почнува масовно да се храни со месо, од хербиворите, кои ги лови. Самата Ледена Доба го поттикнала и технолошкиот развој кај човекот, да дизајнира орудија и начини/методи на ловење, за да дојде до таа храна
И тоа не е некоjа дифолтна рамка за исхраната. На пример jас сум нулта па не ми е тешко да издржам без месо. Од кога знам за себе сум мразел говедско, телешко, jагнешко, свинско - единствено сум сакал пилешки прсти. Но ете и jас поради теретаната се вратив на полувегетариjанска / полукарниворска исхрана што вклучува пилешки прсти и туна во интерес на мускулите :) Не сум љубител на соините производи како соини шницли и разни соини глупости
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И тоа не е некоjа дифолтна рамка за исхраната. На пример jас сум нулта па не ми е тешко да издржам без месо. Од кога знам за себе сум мразел говедско, телешко, jагнешко, свинско - единствено сум сакал пилешки прсти. Но ете и jас поради теретаната се вратив на полувегетариjанска / полукарниворска исхрана што вклучува пилешки прсти и туна во интерес на мускулите :) Не сум љубител на соините производи како соини шницли и разни соини глупости
Леле, не спомнувај пилешки прсти, жити се, знаеш колку ми требаше да ги баталам? :D

Особено туната беше тешко да ја изоставам од исхрана, но некако успеав.

А ова за крвните групи, веројатно има исклучоци. Нулта позитив си или негатив?
 
Нулта позитив - по наjново.. (прв пат кога проверував ми испадна А+)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Нулта позитив - по наjново.. (прв пат кога проверував ми испадна А+)
Јас имам проверувано често пати, и неколку пати ми се случи да добијам АБ негатив резултат (а родителите ми се Б позитив и А негатив, пази), а правата крвна група ми е А негатив.

Не е баш ракетна наука, но имаме сериозно некомпетенти лица што работат таму во лабораториите, според мене.

Мислев ако си негатив, дека може тоа да е причината. Негативните имаат подобра толеранција на исхрана што не вклучува месо. Дури и тие што се нулта. Значи може грешам делум за крвниве групи и исхраната.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
ја заборавате прикаската како човекот јадел сурово месо одпочеток,па откако му паднало парче во огнот и се потпекнало,вкусот му бил далеку подобар.........непотврдено,ама добра прикаска

и не мешајте дали можеме или не да убиваме,кога сопствениот род сме спремни да го истребиме значи не сме ни овци ни кози ни крави,ами спремни машини на свој начин да преживеат

жалосно што немаме вистински месни продукти и СЕ е фрлено на профит !
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
ја заборавате прикаската како човекот јадел сурово месо одпочеток,па откако му паднало парче во огнот и се потпекнало,вкусот му бил далеку подобар.........непотврдено,ама добра прикаска

и не мешајте дали можеме или не да убиваме,кога сопствениот род сме спремни да го истребиме значи не сме ни овци ни кози ни крави,ами спремни машини на свој начин да преживеат

жалосно што немаме вистински месни продукти и СЕ е фрлено на профит !
Забораваш дека ниедно дете не се родило со убиствен инстинкт, чувство за безусловна омраза, алчност, и дискриминација. Истото го учат понатаму додека раснат. А учат од опшеството. Луѓето не се раѓаат болни и изопачени, само болно и изопачено општество може да израсне такви. Чиста среќа мнозинството некако станале имуни на таа механика, па горе доле понормално се однесуваат.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Забораваш дека ниедно дете не се родило со убиствен инстинкт, чувство за безусловна омраза, алчност, и дискриминација. Истото го учат понатаму додека раснат. А учат од опшеството. Луѓето не се раѓаат болни и изопачени, само болно и изопачено општество може да ирасне такви. Чиста среќа мнозинството некако станале имуни на таа механика, па горе доле понормално се однесуваат.
фаил

од млад имам склоност и голем мерак ми е риболовот,едно време и за пушка ми се праеше ќеиф ама баталив......

сигурно си имал доста другари ловци и риболовци,ако не ондак комшии,роднини.........
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
фаил

од млад имам склоност и голем мерак ми е риболовот,едно време и за пушка ми се праеше ќеиф ама баталив......

сигурно си имал доста другари ловци и риболовци,ако не ондак комшии,роднини.........
Уште кога не си знаел да одиш и збориш? КОга си бил бебе? Зборам од сам почеток. После една/две годинки од животот, веќе примаш масовно влијание.

И уште нешто - си јадел готвено месо уште од тој почеток што ти го зборам, или си јадел каши од овошје? Со кои се хранат сите деца?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom