Ѓорѓе Балашевиќ

Член од
24 април 2008
Мислења
10.940
Поени од реакции
12.339
Среќен му роденден на едниот и единствениот,
Џорџе Балашевич, кој на денешен ден, 11 мај 2012,
ги полни 59 години.

Да си жив и здрав Џоле и уште најмалку 59 години да бидеш со нас.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и актер. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад, СФРЈ (денес Србија). До сега има издадено 14 албуми. Има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живее и работи во Нови Сад. Оженет е со Оливера и има три деца.

Музичка кариера

Жетва и Рани мраз

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.
Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓорѓевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.
Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата Војници. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата Рани мраз.
Соло кариера

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата прв пат одржува конценрт во Сава центарот во Белград. Насловната нумера од албумот Celovečernji The Kid (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна Словенска.
Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.

Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната Д-мол - една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот Марим ја... Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим.
По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Вториот роман го објавува во 1997 година. Содржината на романот ги прати содржините на неговиот претпоследен албум. Романот добива исклучително добри критики. Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудива настаните од претходната деценија.

Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“.


Повеќе можете да прочитате тука : http://mk.wikipedia.org/wiki/Ѓорѓе_Балашевиќ

Сакам само да надополнам дека човеков навистина ме изненадил со неговите цитати, како што се:

Znaš, stalo mi je... Ali se uporno ponašam kao da nije. Gradim oko sebe zid do kojeg nitko ne može doći, ali ima jedna caka: Priđi! Reci mi riječ i taj će se zid pokazati kao jedna obična kula od karata koja izgleda moćno dok ne dođe nešto pred čim pada! - Balašević.

Ako te ikad izgubim , obećaj mi jedno. Nećeš se dati nekom šarlatanu što te ne zaslužuje. Pogotovo ne radi to meni u inat. Ako već poželiš terati inat, onda meni u inat budi sretna! - Balašević.

Мојата омилена -> Ne trudi se toliko da me izgubiš. Ja sam od onih što znaju sami kad treba da odu..." Balasevic.

Како и да е, според мене човеков е легенда.
Слободно надополнете нешто :)

п.с. им се извинувам на модераторите ако веќе има тема за него, но побарав и не најдов. Но ако има би ги замолил да ја спојат.
Благодарам.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676


Некои од оние кои често ги слушам од Балашевиќ.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Миирка,ко ти под прозор долаази да ти свирка,Миркааа......
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Си го иам Дарко Рундек ако ми дошло до поезија и музика у едно.. :)

Во тој случај не ја гледам потребата да го плукаш она што сите го имаме во себе "лигавоста":), а и верувам дека до многу други не ти дошло, па се надевам дека нема да одиш во секоја тема и да ги омаловажуваш изведувачите.
Држи се до Дарко Рундек.:)
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Во тој случај не ја гледам потребата да го плукаш она што сите го имаме во себе "лигавоста":), а и верувам дека до многу други не ти дошло, па се надевам дека нема да одиш во секоја тема и да ги омаловажуваш изведувачите.
Држи се до Дарко Рундек.:)
Не знаев оти темава е само за да дркаме на Балашевиќ. Се извинувам. :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не знаев оти темава е само за да дркаме на Балашевиќ. Се извинувам. :)
Замисли јас се' уште немам дркано на Балашевиќ.:) Се избаци лицемерно со плукање на лигавоста која и ти ја успешно презентираш на форумот. Јас се огласив само на твојата иронија.:)
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Замисли јас се' уште немам дркано на Балашевиќ.:) Се избаци лицемерно со плукање на лигавоста која и ти ја успешно презентираш на форумот. Јас се огласив само на твојата иронија.:)
Мојата лигавост е искрена, може сум у градинка и без цуцла у уста не заспивам навечер.

А таа на Џорџе, неговата е толку лажна и видена преку призмата на парите. :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Мојата лигавост е искрена, може сум у градинка и без цуцла у уста не заспивам навечер.

А таа на Џорџе, неговата е толку неискрена и видена преку призмата на парите. :)
Твојата е искрена пред себеси, а неговата мислиш не е?

Оти сите изведувачи, патетични и не патетични се искрени.;) А и од каде може ти да знаеш што тој чувствува и од каде ти знаеш дека нема решено барем кога е патетичен и да живее од тоа?
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Твојата е искрена пред себеси, а неговата мислиш не е?

Оти сите изведувачи, патетични и не патетични се искрени.;) А и од каде може ти да знаеш што тој чувствува и од каде ти знаеш дека нема решено барем кога е патетичен и да живее од тоа?
Му иам гледано пола концерт. Океј, помалку.

Толку селски финти на едно место неам видено двапати. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom