Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Во врска со љубовта сакам да кажам дека ќе си го издудлам патлачево, едно пиче два месеци врзувам.. И сега ме вика да и го форматирам компјутерот..а уште не сум го усовршил тоа..некој туторијал за напредно учење? :D
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Тој: Совршена си!
Јас: Но види ме колкава сум, дебела ...
Тој: Не, ти си совршена!
Јас: Но косата ми е за никаде, има бели влакна и расцветени врвови..
Тој: Слушај ме будалче, совршена си, не треба ништо да смениш!
Јас: Ама како можеш така да зборуваш, веѓите не ми се средени две недели, како Јети сум ...
Тој: Ха ха ха.. Баш такви ги сакам!
Јас: Но ноктите ми се испокршени и изгрицкани, а лакот ми е напола излупен...
Тој: Ти знаеш што значи зборот совршено? Ти си дефиницијата...
Јас: Ми ја навредуваш интелегенцијата? Како можеш да велиш дека е совршен некој што изгледа како мене?
Тој: Душо, јас знам како изгледа вистинската жена, кога можам да ги видам моите неродени деца во нејзините очи ...
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
...ме остави да водам битка на 2 рамништа.
Еи ти, ти си минато, а уште те сакам.
Еи ти, ти си сегашност, и морам да престанам да те лажам дека имам некакви чувства кон тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Љубовта е соединување, асимилација на две битија но љубовта е честопати и име кое си го припишува себичноста.....и кога таа (себичноста) маскирана под таа примамлива маска, ќе го добие тоа што го бара, отфрла од себе се останато во првата прилика што ќе и се види попримамлива.....
Кога тоа се случува, оној што се соединил со овој фантом, чуствува како дел од себеси се одкинал од него....
Тогаш, празнината ја пополнува гневот....и кога тоа ќе се случи, себичноста гледајќи во лицето на гневот вели - "зарем е можно љубовта да биде причина за вакво лице?!" Можно е! Но за да се разбере, потребно е да се биде способен да се љуби! Нешто кое себичноста никогаш нема да може да го разбере! Секогаш ќе гледа што да добие, а никогаш што да даде!! Секогаш ќе оди таму каде што ќе ја најде својата "храна" - вниманието!! И никогаш нема да разбере како некој што сакал, може да биде полн со гнев! Секогаш ќе биде слеп скитник!!
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Сакам да ти заблагодарам, бубу.

Фала ти што ова е толку надреално и прекрасно, исполнето со многу саканки. Мхм. Фала ти што периодот од кога те сретнав е најубавиот во мојот живот, и не памтам претходно да сум бил волку среќен.

Те сакам, од срцевината на срцето. И секогаш, секогаш, што и да се случи, ќе ти го држам рачето силно, силно, и нема да дозволам никој да те повреди.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013



Сакам да ме однесеш на вакво место и да уживам во твојот мирис, и да не се замарам со ништо.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Знаете многу сум размислувала за оваа тема, понекогаш добивав одговор, понекогаш не. Некој некогаш ќе ми рече, или прочитам на некоја страна дека среќниот крај на некоја љубов го има само во филмовите... јас не сум многу добра пријателка со среќниот крај на моите врски, но знам личности што се многу добри пријатели со тој крај.. Среќни се, радосни, ги делат деновите со личност што им значи, едноставно се борат да опстои нивната љубов. Љубовта е убаво чуство, ако не е прекрасно да сакаме, тогаш воопшто не би постоел зборот љубов, а чуствата би биле табу тема. Би било прекрасно доколку сакам некој со цело мое срце, со цела моја снага се изборам да успееме, да ме освои со неговата храброст, размислување, карактер и сите негови мани и доблести, не барам совршенство, барам само човек кој знае што сака, љуби, сигурност, храброст.. Да, можеби и премногу е ова што го напишав, но додека не препознаам дека некој ги има овие карактеристики што мене ужасно ми се потребни, нема да можам да се спријателам и станам доволно блиска со мојот среќен крај. Се во свое време, но и почнувам се повеќе да ја мразам оваа реченица.. Сакам некој што ќе ми биде првенствено мој пријател, да го сакам со цела моја душа и срце и јас да застанам пред луѓето во мојот живот и да кажам на целиот глас: Да, ова е моја љубов, мојот човек што неможам да си го замислам животот без него, тој е тоа што ми е потребно, го чекав доволно долго, но се исплатеше на крај.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
О, бубичката моја шо си мислела. Абе, слатко си. И секси. Какви очиња имаш. Леле, леле, кога следно ќе се видиме какво ќе ни биде. :P

И среќен сум шо ни е вака. Што после толку време пак си ја задржавме индивидуалноста и слободата, а сме си вака сложни и искрени и полни со љубов и разбирање. :)
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
105
Поени од реакции
193
Како се чувствуваш сега кога јас сум толку блиску , а толку далеку во исто време?Те боли? Те гуши? Не можеш да дишеш? Ме проколнуваш? Знам! Го поминав веќе еднаш сето тоа! Ти можеби не беше единствениот кој ме сакаше мене,но беше единствениот кој јас искрено го сакав.Не ме болат спомените од моментите кои ги минавме заедно иако сеуште се во моето срце.И не не ме боли тоа што сега друга е до тебе.Не те ни мразам.Напротив,кога и да те видам нешто старо се буди во мене.Никогаш не сум те заборавила и нема да те заборавам.Секогаш ќе те паметам како мојата единствена голема љубов.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Tи си тука секогаш за мене, дури и кога јас не те барам и одбегнувам да разговарам со тебе.Ја добивам огромната љубов, не преку прегратка или бакнеж, туку преку многу поголеми дела.
Знаеш да ме испокараш, понижиш, да бидеш против мене.Но исто така знаеш да ме поддржиш во моите одлуки, да ми ја дадеш потребната утеха и внимание кога ми се потребни.
Ги сакам утрата само заради тебе.Се осеќам исполнето кога седиме на тераса, и пиејќи кафе пушиме цигари и се смееме.Задоволство ми претставува кога ќе ми кажеш: направи ми кафе.Со толкава сласт не го правам ни моето.
Иако можеби не покажувам секогаш колку ми значиш, осеќам дека периодов сме зближени повеќе од порано.Среќна сум заради фактот што те имам во животов и ми доаѓа убаво на душичката кога ти ќе побараш мој совет и мислење.
И благодарна, многу сум благодарна за тешките моменти во кои ме оставаш сама, само за да се зајачам себеси и да станам самостојна.
Ветувам дека никогаш нема да те разочарам, а особено нема да предизвикам солза на твоето лице.
Те сакам мамо, се надевам денов ќе ти биде незаборавен <3​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ќе се искомплексирам ако продолжам вака, ако веќе не сум и искомплексиран.
 
М

Мaријa

Гостин
Zosto ti poveruvav na sekoja laga? Zosto? Kolku sum bila naivna i glupava! Ne sakam da te vidam, nikogas poveke! :place: :place: :place:
 
L

Ligeia

Гостин
Сум сама и убаво ми е после четири години,дури сега сваќам дека ја донесов правилната одлука за паузирање.И планирам сама да си се сакам наредниве три месеци.Време е да се деактивира романтизмот и да се активира расипнизмот и себичнизмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom