Не го знам реонот воопшто. Имаше инфо во коментарите во првото видео на јутјуб.
Како што можам да видам од гугл мапс, местото е прилично оддалечено од патот. Исто и мене не ми е познат тој регион, инаку би отишол да видам што точно има во полињата.
Еве ја сликата од гугл мапс
се вози по патот M5 (Штип-Кочани), кај селото Долни Балван се врти десно (патот кон археолошкото наоѓалиште Баргала), се вози околу 1 километар се додека не се стигне до фабриката мар-ева-мар (која е веднаш до патот) и после тоа отприлика уште 1.5 километри. Тука некаде треба да се исклучите од патот и да се бара тоа мистериозно поле
. Пратив меил на двете локални штипски телевизии (кои воедно известуваат за алфа, канал5 и мтв) па ако направат некој прилог, сигурно истиот ќе биде емитуван.