А ти дали знаеш дека на интернет портали се пишуваат невистини и полувистини? Зошто твојов пост е полн со такви. Телото реагира со покачен холестерол ако внесуваш многу масти, а не месо. Можеш да јадеш пилешко секој ден и цел живот да немаш проблем со холестеролот ни со притисокот.
Должината на цревата кај човекот е некаде околу 8-8.5 метри кај просечен човек, па сега ти направи ја математиката. Тоа со гниењето не треба ни да го коментирам. Цревата се толку долги колку што се за да се овозможи доволна површина за ресорпција. Кога ќе дојде до тенкото црево, она што сме го јаделе не е веќе храна туку каша од состојки кои треба да се внесат во крвта, молекули, а не парченца месо. Веќе спомнаа дека имаме повеќе заби специјализирани за јадење месо. Тоа ти го прави еволуцијата, знаеш. Те оспособува за она што ти е потребно да преживееш. Исто така, желудочната киселина служи за да ја направи храната хомогена, за полесно да мине низ цревата, не за да го разгради месото. За разградба на месо имаш високо специјализирани ензими. pH на плонката кај човекот варира од слабо кисела до слабо алкална и не содржи јаглеводороди, во тој случај ќе не користеа за производство на нафта. Содржи амилаза, ензим за разградување на шеќери.
Значи, ништо од она што го пиша погоре не беше точно затоа што не постојат докази дека човекот е хербивор. Односно постојат онолку колку што постојат дека е карнивор. Што не носи до првиот заклучок дека е омнивор, кој како и со се досега, успеал да направи радикални единки.
--- надополнето: 4 јули 2012 во 01:49 ---
Нашите баби и дедовци кога би те слушнале, би те пратиле кај бајачка или кај поп. Па тие се молеле за повеќе месо.
И зарем стасавме до тој степен кравите и кокошките да ни диктираат што да јадеме? За тоа ли сме врв на еволуцијата? И да,сама би си уловила месо кога би морала. За среќа го поминавме тој период,сега имаме платежни средства и систем на размена кој функционира како никогаш порано. Кокошката е на овој свет за да биде изедена. Затоа е чувана од човекот. Во дивината не би преживеала ни еден ден.