Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Значи, затоа што не се работи за имање или немање желба, затоа нагласив - "Во арсеналот на искуства потребен за духовност, просветлување или повисок стадиум". Да имаш желба за нешто, и да да го постигнеш истото, се сосема различни нешта. Инаку начините за секого се различни, но безразлика каков е нечив животен пат, ако тој сака да постигне повисока духовност, секогаш ќе мора во себе да ги вклучи и искушенијата.Не мора да значи, зависи и од сопствениот животен пат. Не мора да искусиш ништо од напишаното погоре за да имаш желба за духовен развој или да стигнеш на повисок степен, тренингот е многу побитен отколку омразата, тагата или гневот. Што е до мене му ги поклонувам на кого сака ич не ми требаат а и гледам што помалку да имам контакт со нив за разлика од среќата, радоста и љубовта.
Најчесто немаме среќа да не заобиколат па секој добива искуство, ама дали е вредно, е тоа е многу индивидуално а не апсолутно мерило за поминување на „патот“.
Омразата, гневот, тагата и слично се стадиуми во развојот кој неможе да се игнорираат, затоа што имаат подеднакво битна улога. Никој не ги сака, не ги сакам ни јас, но тоа не ги прави помалку битни во спиритуалниот прогрес на едно битие.
Ова е свет на дуалности, и патот кон успехот е можен единствено преку асимилирање на спротивностите во сферата на своите искуства а не нивно кастрирање и отфрлање.