- Член од
- 27 септември 2011
- Мислења
- 240
- Поени од реакции
- 337
Јас се согласувам дека се е заради прфит , ама немој да мислиш дека и во минатото не било така. Како што кажав предходно, лугето сакаат да доминираат.Прочитај ме погоре малку што кажав за болестите порано кога ми рекоа дека имало јавни бањи.Чистотата ги убива болестите а кога се е дезинфицирано и чисто и операциите биле поуспешни нели во минатото.Значи тоа е технологија а еволуција е кога сме почнале да зборуваме и да се градиме се додека не настанал човекот што го познаваме денеска.А тоа е се спрема братот Чарлс Дарвин нели??
Дали е вистина или не тоа е друго и историјата ја пишуваат победниците,меѓутоа разговараме за новите болести што веќе е како епидемија а тоа е Ракот.Сакаш да ми кажеш со овие технологии што ги имаме на денешницава дека не може да се најде лек или дека има лек ама сокриен е за нас обичните смртници???Модерни болести??Јас не ја оспорувам технологијата само рачунај колку некој заработува на тоа што сме експериментални глувци.Од поодамна почнав да копам по нет овакви срања за био храна чист живот и.т.н.Кажи ми ти дали пред 150 години ги прскале расадниците за против бубалки со отрови??Или имале растителен лек?Знаеш ли дека во ЕУ е забрането билкарството и лечење со билки??
Значи ќе се вратиме на профит и само профит.Генетски модифицираната храна е измислена сега со тоа што не можеш сам да си направиш семе туку за наредната година пак ќе мораш да си купиш.Храната го нема истиот вкус како што го имала.Не лечат ама да не не доизлечат.Значи само се продолжува се и се е во профитот.Леб се продава интегрален ама фарбан-не е интегрален.Какви копани јадеш дома од кокошка??Десни или леви-примети ќе те молам да видиш нешто.Значи се е напумпано надувано брзо израснато и сето тоа удира на човечкото тело и здравје.Сега децата влеваат во пубертет многу побрзо отколку пред тоа,рачунај веќе на 6-7 години има случаеви што имаат мензис.А сето тоа е благодарение на брзо растечката храна.Тука јас викам а не технологија.Технологијата е толку многу напред отидена што ние немаме идеја дека постојат некои работи само што системот мора да биде таков.Профит сестро ништо друго
Во робовладетелските општества било исто, робовите не јаделе здрава храна иако ја имало во изобилие, не била прскана со отрови, модифицирана и сл.
И ти денеска си роб. И јас сум роб. Денес нема џелати да ме камшикуваат, ама затоа денес има технологија.
Како сакаш гледај на работите, заклучокот е тој.
Порано имало болести од нехигиена, денес има болести предизвикани од средствата за хигиена.
Порано имало болести од неразновидна, несоодветно приготвена и нечиста храна, денес има болетси од модифцирана храна.
Порано девојките стапувале во брак и рагале деца на 15 години, денес поради хормонални нарушувања девојките порано се развиваат.
И тогаш и сега владееле и владеат најмиќните, оние кои победиле во натпреварот. Некогаш тоа биле поглавари на племиња, фараони, кралеви, свештеници... па сме стасале до денес кај што сеуште власта е во рацете на најмоќните, само што наместо стапови, камшици, анатеми... имаме високи цени.
Одсекогаш сме биле вакви, не е од сега.