Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Каде јас реков дека ми смета дијалектот на улица?? Те молам постирај, затоа што кажав за институциите, не за улица или приватно.
На истава тема неколку страни наназад. Дури VLJ на истава страница ти го цитираше мислењето, ама еве пак:
Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.
Ете го и болдирано.
Шалтерски работник со партиска книшка или поврзаност со шефот од типот "од исто место сме" е многу помоќен отколку random обичен граѓанин. Да, можат да им наредат да се поправат, но зошто би се замерувале заради тебе, мене или било кој?
Приказни за мали деца. Шефот (исто така со партиска книшка) нема да се замери воопшто. Само ќе му нареди и толку. Така оди хиерархиски, особено кај тие со партиска книшка. А ќе му нареди, затоа што твојот глас ќе направи и утре да биде шеф. Особено мило ќе му биде што може да добие благонаклоност со таква баналност.
И што ако токму оној кој е претпоставен не ги почитува тие правила? Кој смее нему да му каже нешто? Никој.
Уште едно ретерирање. Сега и шалтерскиот работник е релативизиран, стигнавме до неговиот шеф. Уште два три цитати и ќе стигнеме до тоа дека Груевски лично нема да реагира кај министерот, за да реагира кај началникот на ПС, за да реагира кај шефот на смена, за да реагира кај шалтерскиот работник за да последниов зборува литературно со Plavooka на шалтер. Се ова за да се оправда тврдењето дека ти сметале дијалекти на улица...
 
Зборувам ли јас овде скопски или литературно? Одговорот на тоето прашање е да, ми пречи ако некои на шалтер зборуваат скопски или било кој друг дијалект, бидејќи е непрофесионално. За жал, на шалтерите имам повеќе искуства со луѓето од провинција кои зборуваат така како што сакаат.
Тоа значи најмалку 95% од вработените на шалтер, во амбуланта или на факултет ти пречат. Скоро сите зборат на свој дијалект (овде го вклучувам и скопскиот, каков и да е). Тоа значи не се само луѓето од другите градови туку и скопјаните по дифолт треба да ти пречат.
Како последица на доселувањето на население од етничките предели во Македонија и нивно концентрирање во одредени делови на Скопје, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата - на пример Дебар маало, Карадаг маало и слично.
тие ствари ми се познати, него...ако едните се маџири, други дебарчани, трети љубанчани, четврти скопскоцрногорци...не ми е јасно кој е тој скопски дијалект и кои се тие скопјани кои полагаат право на градот и јавните служби.
Во просек и без било какво истражување ќе приметиш дека ние сме држава со многу мала толеранција кон различноста не само во наречјата и обичаите туку и во многу други нешта.
 
Се ова за да се оправда тврдењето дека ти сметале дијалекти на улица...

Немам намера да се препукувам овде со тебе или било кој друг кој ми го "касапи" излагањето и се фаќа за секоја ситница, со цел што полесно да го дискредитира.

Зборувањето дијалект на улица не беше суштинска поента на мојот пост и ти тоа добро го знаеш. Никого не нареков провинцијалец ниту пак го употребив терминот провинција, за да омаловажам.
Ти се фати за еден детал од мојот пост кој воопшто не беше релевантен за целосното излагање. Сето тоа ме води до заклучокот дека или не разбираш што зборувам, или пак се препозна во описов, па се најде навреден.

Ги почитувам СИТЕ македонски граѓани без оглед на тоа од каде дошле и кои го сакаат и ценат Скопје како свој град.
Реков дека ми пречи кога некој од внатрешноста живее тука, работи, а свесно одбива да се интегрира во градот и неговото културно живеење и го користи секој слободен момент да исплука се што е скопско.

Никој не ми реплицираше на ова, што беше суштинско, и го повторив неколку пати. Наместо тоа, тргнавте да ми ја ловите секоја буква и да ме фаќате во лапсус, обидувајќи се да ми ја негирате суштинската поента. Алал да ви е.
--- надополнето: 3 јули 2012 во 16:15 ---
Тоа значи најмалку 95% од вработените на шалтер, во амбуланта или на факултет ти пречат. Скоро сите зборат на свој дијалект (овде го вклучувам и скопскиот, каков и да е). Тоа значи не се само луѓето од другите градови туку и скопјаните по дифолт треба да ти пречат.
.

Не ми пречат луѓето, туку непочитувањето на литературниот јазик во институциите.
 
Реков дека ми пречи кога некој од внатрешноста живее тука, работи, а свесно одбива да се интегрира во градот и неговото културно живеење и го користи секој слободен момент да исплука се што е скопско.
Што подразбираш под интегрирање во градот и неговото културно живеење? Плукањето по Скопје е дозволено за сите што живеат во Скопје. Бидејќи е главен град, дозволено им е и на тие кои не живеат. Не гледам ништо спорно тука.
 
Сега пак ќе ме критикува еден форумџија за темите Скопје :)

Него,
Не ми пречат луѓето, туку непочитувањето на литературниот јазик во институциите.
нешто друго имаше напишано пред неколку страни, но доволно е...дигам раце од случајов
 
Ништо.Не е грешка, подметнато е таму за потоа да одговориш онака како што одговори.

Докази:

- намерно е поставено прво, за кога ќе бараш грешки да ја пронајдеш лесно и потоа да го намалиш вниманието, а и да не изгубиш многу време барајќи ја.

- твојата потсвест решила да го игнорира ова зашто си ја поставил на мод да детектира само грешки.

- дефинирање на доказот, потенцирање и воочување на тоа дека "Скопски" е свесно направена грешка да те намами токму овде каде што се наоѓаш.

Мојот одговор на твојот пост:

Одговор!


Ти имаш квалитетна лекција за тоа како ти функционира потсвеста, а јас успешно завршен социјален експеримент.


п.с.Thanks for your cooperation.

Не биде патетична ти се молам и барем биди доблесна да признаеш граматичка грешка. Психолошки експеримент... :rolleyes:
Никогаш не би му се фатил на никого за граматичките грешки но ти самата се стави како детектор и своевиден гуру за македонскиот литературен јазик, и ги нарече сите професори по македонски јазик од внатрешноста некадарни.

Не знам што аргумент имаше за да ти го побијам освен изнесување на небулози и стереотипи.
 
Во мојот јазик има плава боја, затоа ми е и никот таков. Ако јас можам да зборувам литературен македонски, кој не ми е мајчин јазик, не знам зошто вие се буните против тоа и се навредувате. Што толку ве заболе вистината, дека во јавни установи работат луѓе кои не говорат литературен македонски? Или се препознавте можеби меѓу нив?


Во јавни установи секој треба да зборува литературно дури и скопјаните.

Туку која е плава боја? Во кој јазик има плава боја?
 
Во јавни установи секој треба да зборува литературно дури и скопјаните.

Туку која е плава боја? Во кој јазик има плава боја?
оф топик

Абе како се вика "плавуша" правилно на македонски? Кој е правиот назив? :icon_mrgr:
:pos::pos:
 
Во јавни установи секој треба да зборува литературно дури и скопјаните.

Туку која е плава боја? Во кој јазик има плава боја?

Како што му одговорив на еден пред тебе...во мојот јазик има плава боја. Прогуглај па ќе дознаеш каде поточно.
 
А кој јазик е твој?
Во литературен македонски нема плава.

Гледам дека си од помладите генерации, прашај ги твоите родители, сигурна сум дека знаат во кој јазик се среќава терминот.
 
Гледам дека си од помладите генерации, прашај ги твоите родители, сигурна сум дека знаат во кој јазик се среќава терминот.

Дедо ти и баба ти прашај ги ќе ти кажат :pos:


Поборничкава за литературен почна да се плетка :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom