Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики што мислиш за лилит,конкретно ме интересира ова нејзино раѓање демони??

Нема многу во библијата за ова наводно раѓање демони,нели демон само запоседнува луѓе и прави т.н неприродни коалиции како оние во Содома и Гомор?
Од моето досегашно познавање на верата, православниот катихизис не познава лик со име „Лилит„.

Демоните не се раѓаат, т.е. не се родени, туку се создадени.

Содом и Гомор биле полни со граѓани, склони кон неприроден блуд, заради што и го предизвикале гневот Божји кон тие 2 града.

П.С.
Сега забележав: „Лилит„ е лик од Стариот Завет (кај Исаија), посочен како лик од вавилонската митологија.

П.П.С.:
На фотката погоре, женскиот лик е обвиен со змија, што само по себе кажува за кое и какво битие се работи...
--- надополнето: 3 јули 2012 во 14:57 ---
Чудно како се поклопуваат апсењата на Вранишковски со твоето отсуство на форумот
Биди појасен: каква врска имам јас со апсењето на Зорановите следбеници?....
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Од моето досегашно познавање на верата, православниот катихизис не познава лик со име „Лилит„.

Демоните не се раѓаат, т.е. не се родени, туку се создадени.

Содом и Гомор биле полни со граѓани, склони кон неприроден блуд, заради што и го предизвикале гневот Божји кон тие 2 града.

П.С.
Сега забележав: „Лилит„ е лик од Стариот Завет (кај Исаија), посочен како лик од вавилонската митологија.

П.П.С.:
На фотката погоре, женскиот лик е обвиен со змија, што само по себе кажува за кое и какво битие се работи...
--- надополнето: 3 јули 2012 во 14:57 ---


Биди појасен: каква врска имам јас со апсењето на Зорановите следбеници?....
Мики, пивото каков статус има у Христијанството:P Дозволено ли е?:sneaky:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, дозволено е во умерени количини, без пијанчење, и без пиење пиво во денови со строг пост.
Во Црквата, предност пред сите алкохолни пијалаци има виното, како традиционален пијалок, повеќе пати споменуван и во Светото Писмо.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да, дозволено е во умерени количини, без пијанчење, и без пиење пиво во денови со строг пост.
Во Црквата, предност пред сите алкохолни пијалаци има виното, како традиционален пијалок, повеќе пати споменуван и во Светото Писмо.
Виното - нектар на боговите во грчката митологија.:P

Плагијат или продолжување на традицијата ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Виното - нектар на боговите во грчката митологија.:P

Плагијат или продолжување на традицијата ?
Не е плагијат, туку изворна вредност.

Античките елини го имаа Бах(ус) а римјаните Купидон, богови на виното, но и богови на баханалиите (развратот), што низ литература, често се испушта како нивен епитет.

Прв кој вкуси вино, беше праведниот Ное, после Потопот. Во Новиот Завет, Христос го направи првото чудо во Кана, претворајќи ја водата во вино. Виното, воедно, е дел и од Светата Тајна причест, па токму затоа има свое предимство пред другите алкохолни пијалаци.

П.С.
Елините го имаа Динос, не Бахус.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сега забележав: „Лилит„ е лик од Стариот Завет (кај Исаија), посочен како лик од вавилонската митологија.
Само да појаснам дека таа „посоченост“ која ја спомнува Мики, не е посоченост во самиот библиски текст, туку дека станува збор за обична фус нота во ревидираниот православен превод на Библијата. Значи тоа е субјективно мислење на ревидирачот. Намерно велам „ревидирачот“, затоа што православниот преведувач на тоа место во претходните православни изданија на тоа место имаше пишано „вештерки“ :)

Објективно гледано, зборчето „лилиту“ е дел од листа на набројани животни (прочитајте во контекст Исаија 34:14) и затоа најверојатно станува збор за обично животно. За кое точно животно станува збор е малку потешко да се препознае, заради потешкотиите со преводот од античките јазици каде што често пати еден збор се среќава само еднаш или два пати во целата тогашна преживеана литература.

Секако не се исклучува можноста името на тоа животно, кое и да било, да претставувало нешто (персонифицирана личност, духовна личност, божество) во еврејската или другите култури и религии.
На пример тоа животно би можело да биде и лилјакот (моја претпоставка). Лилјакот во некоја друга култура може да биде симбол за ѓаволот или демоните, но тоа не значи дека лилјакот ја има истата симболика и во Библијата. Едноставно таму е наведен во листа на животни и самиот текст по себе не кажува ништо повеќе од тоа. Е сега некои се обидуваат да го силуваат текстот и од него да вадат криви дрини, али тоа е друг проблем. Човек мора да се научи да го чита она што го пишува, а не она што си го замислува меѓу редови.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Биди појасен: каква врска имам јас со апсењето на Зорановите следбеници?....
Не на следбеници ртуку на самиот Вранишковски, А него го стрпаат во затвор - тебе те снемва од дискусии. Само како забелешка бе ништо посебно.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Од моето досегашно познавање на верата, православниот катихизис не познава лик со име „Лилит„.....
Слабо си запознат,... ги кријат од тебе тие работи!:cool:
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Е па христијани и останати... гледам никој не го начнал ова прашање... повелете..
Имено станува збор за...

Лилит- Камшикот божји

Лилит е првата жена!... итн.
Си го утнал подфорумот. За ова се пишува на тема Кабала бидејќи припаѓа на еврејската мистика (читај митологија).
--- надополнето: 4 јули 2012 во 15:08 ---
Ви велам, дека секому што има, ќе му се додаде а од оној што нема, ќе му се одземе и она, што го има.

А оние мои непријатели, што не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене !

Кога го рече тоа, Он тргна понатаму, искачувајќи се он Ерусалим.

Лука 19 26:28

Исус не бил баш кротко јагне полно со љубов и разбирање.
Тоа е пророштвото на Христос за уништувањето на Ерусалим од страна на Тит 70. Х.Е. (или исполнување на клетвата што ја искажаа јудејците на Пилата за да го распнат Христос: Неговата крв на нас и на нашите деца). Ев. по Матеј 27:25 (кој се тука кротки јагниња полни со разбирање, поготово на клетвата што си ја ирекле самите...).
http://en.wikipedia.org/wiki/Titus
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Тоа е пророштвото на Христос за уништувањето на Ерусалим од страна на Тит 70. Х.Е. (или исполнување на клетвата што ја искажаа јудејците на Пилата за да го распнат Христос: Неговата крв на нас и на нашите деца). Ев. по Матеј 27:25 (кој се тука кротки јагниња полни со разбирање, поготово на клетвата што си ја ирекле самите...).
http://en.wikipedia.org/wiki/Titus
Oстај сега пророштва, дали довеле пред Исуса некого кој не сакал Исус да му биде крал и го погубиле?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Си го утнал подфорумот. За ова се пишува на тема Кабала бидејќи припаѓа на еврејската мистика (читај митологија).
Не сум утнал ништо...

Според кабалата, Библијата во себе ги крие сите тајни на универзумот, но не ги изучува буквално, како книга на заповедта и забраната. Учењето, исто така содржи и многу преданија од Талмудот. Според кабалистичката традиција, патријарсите, пророците и мудреците го пренесувале знаењето усно.
Кабалата се обидува со езотерилни учења да го дефинира Танахот и да ја објасни халахата. Меѓу другото, учењето гопроучува и односот меѓу Бог и создадениот свет, постоењето на доброто и злото и употребата на свети имиња. Според кабала, постојат 72 имиња за бога, а универзумот е создаден од четири димензии на битија.
Според кабалата, смислата на животот е да се прима радост и исполнување, што Бог им го наменил на луѓето. За човекот да се ослободи од сите негативни работи, кои од тоа го одвојуваат, потребен е духовен напор. Кабала се карактеризира со насоченост кон внатрешноста, односно пронаоѓање на светото божествено во внатрешните длабочини на сите работи. Автентичната кабала не се поврзува со маѓии, црвени конци, амајлии, медитации, свети води, тарот карти, или било што друго што произлегло од нејзиното криење и неразбирање, како и од нејзината популарност.

Според Кабалата, секоја идеја израснува од Богаи целото учење се заснова врз ова верување. Кабалата учи дека Господ не е ниту материја ниту дух, туку креатор на тие две.
Токму истовременото стварање на Адам и Лилит го објаснува постоењето на двата пола..машки и женски...
..додека „официјалната“ приказна ..прво Адам, со пемпеле меѓу нозете со кое можел само да си игра и да се запрашува зошто му е :D па потоа горниот му зел ребро и ја направил Ева за да му прави друштво некако не е логична..поверојатна е првата верзија со Лилит... само таа, Лилит, била малку заебана, своеглава, непослушна и независна.. со еден збор феминистка... па ја шутнале од рајот... па во второто поправено издание е створена Ева,...
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не сум утнал ништо...
Според кабалата, Библијата... а не според Христијанството. Колку што си спомнувам, подфорумов е Прашања за Христијанството а не за кабалата ... ;)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Според кабалата, Библијата... а не според Христијанството. Колку што си спомнувам, подфорумов е Прашања за Христијанството а не за кабалата ... ;)
A бе заеби ти сега лингвистичка гимнастика... збориме за стварањето на човекот...општо за постанокот, нели тоа е за сите блиско источни вери исто...нешто не штима ...
... на многу места Лилит е спомната како првата жена.... кај се изгуби таа, негде попат, бришана е во корен, некој амнезија добил... што е проблемот...

..табу тема ли е?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
A бе заеби ти сега лингвистичка гимнастика... збориме за стварањето на човекот...општо за постанокот, нели тоа е за сите блиско источни вери исто...нешто не штима ...
... на многу места Лилит е спомната како првата жена.... кај се изгуби таа, негде попат, бришана е во корен, некој амнезија добил... што е проблемот...

..табу тема ли е?
Vone, разбираш,

ако Ева (Ева-Мајката на сите....) е првата жена, одвоена од Адамовата плот, од кај па сеа Лилит да е „попрва„ од Ева?...

И кои са тија „..многу места...„ каде Лилит е наведена за ѓоамити прва жена?...:sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom