Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е па христијани и останати... гледам никој не го начнал ова прашање... повелете..
Имено станува збор за...

Лилит- Камшикот божји

Лилит е првата жена!! таа му била првата жена на Адам .Бог ја создал како и Адама , од земја, еднакви.Била слободен и немирен дух,и не сакала да му се потчини на Адам.Заради тоа и бог ја протерал и таа побегнала од небесата. Се населила на бреговите на црното море,каде што живеела разуздано ,блудничејки со разни зли духови,рагајки дневно стотици мали демони.Откако Адам и Ева биле протерани од рајот заради гревот што го направиле,Господ ја повикал Лилит да ги казнува Адам и Ева со тоа што ке ги краде и убива нивните деца.Така Лилит од отпадник станува камшикот божји.Таа е нокен демон и секој кој спие сам мора да се плаши од неа.Лилит ке ги демне децата на човекот се додека Месијата не дојде на земјата и не ги протера сите демони од лицето на земјата!

JohnCollierLilith1887.jpg

за нејзината биографија ..

Со сликите на понижување.бегство и осаменост со постојано присутен огнен бес и освета на заводничката и чедоубиец, изобилува целата митологија за Лилит. Најрани биографски материјали кои се однесуваат на Лилит се појавуваат на стариот текст на Алфа бет Бен Сир -дело за активната имагинација на библиските митови за настанувањето на мажот и жената.Бен Сир Мидраш ги разрешува спротивставените приказни за настанувањето на првата жена.Според Бен Сир. Бог ја обликувал Лилит ,првата жена во исто време кога и Адама. Само што употребил кал наместо земја.

Адам и Лилит никогаш не пронашле мир заедно.Таа со него не се согласувала во многу нешта и одбивала да легне под него за време на половиот однос,темелјки го своето брање за еднаквост и фактот дека и двајцата биле создадени од земја.Кога Лилит видела дека Адам може да ја совлада,таа го изустила забранетото име Божје и летнала во Светот.

Конечно таа почнува да живее во пештера ,во пустиниа на бреговите на Црвено море .Таму се препуштила на разуздан промискуитет.Спиела со страсни демони и секој ден рагала стотици демонски бебиња.Отпрвин месечината сакала да се стопи со сонцето и да ужива во неговата светлина како што ни зборува Зохарскиот мит. но за казна бог ја испратил долу да ги следи човечките стапки како сенка.Како резултат на тоа спротивставување МЕсечината повторно се рага како Лилит, огнен и слободен дух.После тоа таа спие со мажите своеволно за свое задоволство и мок.
http://www.bitterwaters.com/Lilith_in_Gilgamesh_and_Solomon.html
Читај штом бараше.
 
Prashaj be brat...shto te interesira od religija....kazi shto ne ti e jasno...neli forumot e religija...
ti shto si ateist ili....
ili si mrzliv i nejkesh da ucish,pa najlesno e sozvakano..

Абе си прашувам јас тоа што ме интересира, дури и почитувам мислења. И твоите мислења сум ги испочитувал, барем дел од нив.

Не е работата да учам за нешто, однапред осудено да не биде валоризирано.

Пред се гледам релано на животот и хедонистички, оти сметам дека друг живот ќе немам, и затоа не би изгубил време на нешта кои би ми донеле нешто, некогаш и некаде, туку се трудам да го потрочам времето на овоземските задоволства.

Со ваков мој концепт, смести ме каде сакаш, во атеисти, пантеисти, агностици, скептици сеедно.

Јас себе си се декларирам како Хриситјанин, без разлика што моиве ставови очигледно според дефиниција за христијанство вез енемаат со истото (иако јас мислам спротивнои ама ај), и секогаш ќе се декларирам како таков, особено ако спроти мене седи муслиман.
 
Е...јбг.... неќу бе од гугл.. тоа и сам знам!
..ваши лични мислења требаат!

Е што наши мислења? Тоа ти е некоја си вавилонска-еврејска митологија. Сето она што си го напишал го нема никаде во Библијата, според тоа не е нити дел од Христијанското учење.
 
Јавен апел до MIKI1, Чорбаџија и останатите доаени на христијанството, да се вратат на подфорумов, оти се појавивја многу неприродни коалиции :D

- еден љубител на реинкарнација, кој својата љубов ја практикува на форумов преку низа реинкарнирани никови
- друг кој што смета дека апсолутно се спознал себе си, и дека се знае околу случувањата на земјата и небесата, а кутриот нит е горе нит е доле, иако факултетот кај што студира, треба да го држи цврсто со двете нозе на земјата
- третиот се крсти у типац кој се откажал наводно од ролс ројсит еи богатството, во корист на духовноста. Мнозинството таквите ги нарекува лудаци и лузери, а некому се идоли. Јеби га придобивки од демократијата:P
- сите тие предводени од "професорот" кој, не дај боже ако твоето мислење се разликува од неговото, веднаш добиваш воспитна заушка и посекако седнуење у магарешка клупа пропратено со најниската оценка кец

- и како ова малку да е, има поединечни испади од претставниците на племето кое го посветило животот на зборовите на некој си педофил и бандит.

I'm back...

И многу љубам неприродни коалиции...:D
 
I'm back...

И многу љубам неприродни коалиции...:D


Мики што мислиш за лилит,конкретно ме интересира ова нејзино раѓање демони??

Нема многу во библијата за ова наводно раѓање демони,нели демон само запоседнува луѓе и прави т.н неприродни коалиции како оние во Содома и Гомор?
 
Е што наши мислења? Тоа ти е некоја си вавилонска-еврејска митологија. Сето она што си го напишал го нема никаде во Библијата, според тоа не е нити дел од Христијанското учење.

Што ти значи овој одговор?

Дека според христијанството, Лилит не постоела воопшто?

Или ако постоела, зашто е исфрлена од христијанството?

Што у ствари велат Светите оци, за оваа девојка?

п.с. Да знаеш ја што и мислам:P
 
Е што наши мислења? Тоа ти е некоја си вавилонска-еврејска митологија. Сето она што си го напишал го нема никаде во Библијата, според тоа не е нити дел од Христијанското учење.
Па го нема..сигурно дека ќе го нема... не им одговара на клериканците..
Со неа се руши целиот концепт на библијата (изоставање на непожелни делови.. да не пишам и некои потешки зборови) и стварањето на човекот, прво Адам па после Ева од реброто.....и потчинетоста на жената кон мажот...
..ако е така ..т.е. Ева е створена отпосле откако горниот увидел дека дебело погрешил со Лилит што ја створил рамноправна во секој поглед со Адам, или подлабоко на пишувачите на библијата би им паднала во вода целата перфидна индоктринација за владетели и потчинети, дека така тоа треба да биде...и наметнувањето на прифаќањето и помирувањето со потчинетата положба на огромниот дел од народот.
... Друго... чим Адам извесно време живеел со Лилит а Ева е створена отпосле...значи бог откако одморил седмиот ден и којзнае колку дена потоа ...
...некој неодреден ден повторно ги засукал ракавите и ја направил Ева...:D
.. значи цензурата не е нова измишљотина...
 
Прашање до рисјаните (:X3::X3:) Доколку во нашиов животен век се најде емпириски доказ за тоа дека бог не постои, дали ќе продолжите да верувате во бог?
Важно: не се обидувам да инсинуирам работи или да инкриминирам некого, само сакам да слушнам мислење кое ќе го почитувам какво и да, под емпириски доказ мислам на сериозен доказ кој би удрил врз темелите на религијата eg. најдеме начин да вратиме некој од мртвите и тој каже дека не постои бог, доказ дека универзумот е создаден од коинциденција или од некоја виша енергија (што сепак не е бог), доказ за паралелни универзуми, доказ за паралелни димензии etc.
 
Прашање до рисјаните :)X3::X3:) Доколку во нашиов животен век се најде емпириски доказ за тоа дека бог не постои, дали ќе продолжите да верувате во бог?
Важно: не се обидувам да инсинуирам работи или да инкриминирам некого, само сакам да слушнам мислење кое ќе го почитувам какво и да, под емпириски доказ мислам на сериозен доказ кој би удрил врз темелите на религијата eg. најдеме начин да вратиме некој од мртвите и тој каже дека не постои бог, доказ дека универзумот е создаден од коинциденција или од некоја виша енергија (што сепак не е бог), доказ за паралелни универзуми, доказ за паралелни димензии etc.


Ова се прашања за у философија:P

Религијата се занимава со Божји вистини, а не со претпоставки.:)

Отприлика вака ќе оди одговорот.

Околу болдот - како ќе дистанцираме виша енергија од Бог??? Кога самиот поим Бог, не можеме да го дефинираме, ниту верниците, ниту оние од другата страна.

Ако тргнеме од Библијата и буквално толкување ќе дојдеме до многу небулози и разни контрадикторности.

Ако тргнеш со метафора, нема да можеш да го оформиш множеството Божји карактериститки итн....
 
Ова се прашања за у философија:P

Религијата се занимава со Божји вистини, а не со претпоставки.:)

Отприлика вака ќе оди одговорот.

Околу болдот - како ќе дистанцираме виша енергија од Бог??? Кога самиот поим Бог, не можеме да го дефинираме, ниту верниците, ниту оние од другата страна.

Ако тргнеме од Библијата и буквално толкување ќе дојдеме до многу небулози и разни контрадикторности.

Ако тргнеш со метафора, нема да можеш да го оформиш множеството Божји карактериститки итн....
Добро сепак тргнав со повеќе понудени опции, еве да ја тргнеме таа од листата...
 
Добро сепак тргнав со повеќе понудени опции, еве да ја тргнеме таа од листата...

Ок, и мене ме интересира одговорот, ама некако сум сомничав дека ќе стигне во форма како што се очекува:P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom