С
Сибињанин Јанко
Гостин
Веројатно мисли на Нео-Питроид. Не е скап, чини околу 100 денари, и може да се најде во секоја земјоделска/ветеринарна аптека. Безопасен е за топлокрвни животни и може да биде нанесен дури и на самото животно. Само што не пружа заштита. Ке го исчистиш, по некое време пак ке фати болви. И така треба да се третира нон-стоп. Ама затоа верувај ниеден инсект нема да имаш во дворот.Обавезно да ми кажеш каков е тој прашок, ако треба се ќе пробам само нека нема болви се ужаснувам кога ги гледам
Инаку, живеам во куќа на приземје и редовно тука ми минат мачки и мачори, стварно незнам зошто, не им давам јадење само за да се мавнат оттука, ги бркам ама џабе е, пак се тука у пм. Мачорот го вадам надвор ама во раце, долу никако не го пуштам да се шета и да гази по дворот, јас мислев дека ампула има и нема шанси да закачи болва, и да закачи дека ќе умрат од тој некаков мирис што ги усмрти болвите што ги имаше првиот ден откако му ја нанесов. Мислам стварно не е во ред, ако не им се ефективни нека не ги продаваат подобро, јас немам пари за фрлање со тие пари за ампулата вреќа јадење ќе му купев, барем секако пак има болви, и со ампула и без.
Ми иде да отидам и лом да ги направам во тој пет шоп и во оној другиот, и од двата купив и од двата за кур не ги бива, или пак мојот мачор има некаква крв што ги привлекува болвите.
Да го бањам нема шанси, ќе ме искине, последниот пат тројца го бањавме цели три часа, едвај го додржавме не искина комплет по рацете, и другарот заврши со забоден заб во прстот, потоа се шеташе со преврска. Опасен е несака ни да помисли на вода, пред некој ден сакав да го замијам малку кога слушна дека пуштив вода се пикна позади шоља и несакаше да излезе оттаму едвај го извлеков со судни маки. Значи бањање сега за сега не доаѓа во обзир, особено не сама, оти ќе слушнете и на вести за мене