Што е смислата на постоењето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ipsissimus
  • Време на започнување Време на започнување
Само човекот може да бара апсурд во постоењето, а се друго нема проблем со тоа.
Па мора преку метафизика да го објаснува она што е метафизичко прашање.
Неможе да бараш цел во постоењето, затоа што постоењето е цел на нешто друго.
Или ако идеме математички, и ако употребиме просто тројно правило постоењето е цел на Бог.

E ubavo postoenje- lugeto fusherajska stoka, svetot katastrofa, ontolosko zlo starost, bolesti umiranje masovna grobnica...
 
Гледај на сево ова како на сон друже.
Човекот има огромни потенцијали, и да биде "Бог" и да биде подоле од било кое животно.
Негов избор е да прави што сака....бирај што ке правиш и што сакаш да бидеш.
 
Убава филозофија....ама тотално погрешна. :)
Јас ке ти кажам кој те натера вака да мислиш...кривецот е Дарвин, и опстанокот на појакиот.
Кривци се тие што ја поставија материјалистичката филозофија и уште ја фураат и покрај квантната механика.
Крив е и Ниче у овој твој случај, ама немал намера :)
Oн бил гениј ама бил и луд за жал, глеј да не прифатиш нешто од таа негова лудост.
Воља за моќ = инфериорити комплекс........ ова е вистината
Признавам воља за живот, ама не по секоја цена...зошто ?
Затоа што живиот Бог е во сите нас.
Ниче бил луд во последните 12 години од неговиот живот кога имал целосно пореметена претстава за реалноста, но своите дела дела ги напишал порано, а Волја за моќ му е објавена постхумно. Тоа дека Ниче бил луд во текот на целиот живот, лесно е да се сфати дека е пропаганда на црквата. Оној на кој не му се допаѓа Дарвин е уште една овца-жртва на религиозната изветвена пропаганда. Религијата била само едно средство чија функција била да придонесе за ред, солидарност и морални односи меѓу луѓето, во период кога тоа не постоело, бидејќи само така би можело да функционира општеството. Религијата одамна си ја завршила својата улога. Јас признавам волја за живот и по секоја цена.....зашто? Затоа што Бог е само човечка творба, израз на човечкиот очај и немоќ нешто да промени, тој е секаде и никаде.''Бог'' најпрвин се појавил, а религијата имала најголем замав кај напатените, ропски и исфрустрирани народи (како евреите) и тоа се случувало секогаш во периоди на распаѓање на држави и општества, во периоди на душевни растројства на цели нации.
 
Но секој не е толку силен и не располага со јак сопствен индетитет за да го отфрли Бог.Едноставно го чувствува како потреба која е извор на надеж,внатрешен мир и сила бидејќи не располага со соодветни адути за да дејствува сам.Дали во случајов таквиот човек е немоќен или пак способен да преживее потпирајќи се на таа виша сила? :)
 
Смисла на живеење?
-Нема конкретна смисла, сите си живееме како што сакаме и како што мислиме дека треба и секој си има посебна смисла сите посебно си го кроиме животот како што мислиме дека треба.
 
Нема смисла на постоењето пошто за да има смисла на постоењето треба да постои постоењето но ништо не поСТОИ туку се тече, така да нема смисла освен за еднократна употреба.
 
Според мене,смисла на постоење е состојба во која сме предодредени да постоиме и да дејствуваме онака како што ни налагаат правилата на животот,односно секој во себе си има некоја *ѕвезда* во животот која го води во позитивна или негативна насока и според која ни налага дали ќе бидеме среќни или нема да бидеме среќни и задоволни со тоа што ќе го постигнеме или со тоа што нема да го постигнеме,мислам дека секој од нас треба да се избори за она што мисли дека за него што го прави да се чуствува исполнето дали за некој станува збор за семејство,деца,здравје,финансии,другарство или слично.
 
Мислиш како кога се возиш у автобус?
Друг те вози а ти бледо гледаш низ прозор?
 
Smislata na postoenjeto e ziveenjeto ama posto ziveenjeto go sveduva na nisto zivotot zatoa toj nema smisla osven onaa koja so samoto ziveenje se trosi ko sapun i na kraj nisto.
 
Зошто животот би требал да има смисла? Прашањето прејудицира дека мора да постои одговор, а не е така. Зборот смисла е позајмен од секојдневниот говор, и кога ќе се примени во оваа реченица, само наизглед се чини дека добива некое посебно значење. Инаку, смислата нема никаква смисла настрана од секојдневниот говор, кога обично се користи да се каже дека некој од логички аспект, зборува правилно или неправилно, односно неговите речениви имаат или немаат смисла.

Смислата, исто како љубовта, светлоста и многу други такви зборови, кога се употребуваат со голема буква а не се на почетокот од реченицата, губат секаква смисла...

;)
 
Инаку, смислата нема никаква смисла настрана од секојдневниот говор, кога обично се користи да се каже дека некој од логички аспект, зборува правилно или неправилно, односно неговите речениви имаат или немаат смисла.

;)
Обично "смислата на животот" се смета за телеолошки концепт, не логички. Додуша, не дека телеологијата може да избега од логиката, ама тоа е веќе потполно друга приказна.
 
Зошто животот би требал да има смисла? Прашањето прејудицира дека мора да постои одговор, а не е така. Зборот смисла е позајмен од секојдневниот говор, и кога ќе се примени во оваа реченица, само наизглед се чини дека добива некое посебно значење. Инаку, смислата нема никаква смисла настрана од секојдневниот говор, кога обично се користи да се каже дека некој од логички аспект, зборува правилно или неправилно, односно неговите речениви имаат или немаат смисла.

Смислата, исто како љубовта, светлоста и многу други такви зборови, кога се употребуваат со голема буква а не се на почетокот од реченицата, губат секаква смисла...

;)
Да за тие што не разбираат што е Љубов.......:love:
 
Обично "смислата на животот" се смета за телеолошки концепт, не логички. Додуша, не дека телеологијата може да избега од логиката, ама тоа е веќе потполно друга приказна.

Се обидувам да кажам дека зборот смисла има смисла само од логички аспект, односно како категорија применета врз значењето на еден исказ. Кога тој збор ќе се извади од тој концепт и ќе применува во една ваква дискусија како оваа од темата, настануваат еден куп заблуди. Повеќето филозофски или религиски проблеми исчезнуваат кога ќе се прочисти јазикот, и кога ќе се анализира потеклото на зборовите. Барем толку имаше право Витгенштајн...
--- надополнето: 2 јули 2012 во 08:50 ---
Да за тие што не разбираат што е Љубов.......:love:

Срце тоа, разбира што е Љубов...
 
Хахахахахахах ме изнасме, Љубовта не се разбира бе торко...:( се чувствува :love:(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom