Што е смислата на постоењето?

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Сеуште незнам што е смислата, но сигурно ни авторот на темава нема да знае, доколку праша на форум...
Треба сами да ја разоткриеме смислата на своето постоење.
 
Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Според мене, поентата на постоењето е да го унапредиме светот во позитивна смисла на зборот - секој според своите потенцијали и можности ... некој повеќе - некој помалку

За мене најголемата поента е љубовта и чуството на исполнетост поради истата ... и секако плодот на љубовта .... децата

Се останато, според мене е во втор план
 
Член од
13 март 2010
Мислења
56
Поени од реакции
8
Сите односи во природата и целиот универзум се засноваат на суштинскато, најесенцијално својство на се што постои во универзумот-волјата за моќ. Ѕвездите како најголеми тела привлекуваат планети, ја воспоставуваат својата моќ над нив и се формираат сончеви системи. Истото е својствено и за предметите. Некој предмет кој стои на масата, на некој начин воспоставува моќ над неа. Земјата воспоставува моќ над растенијата со тоашто ги држи цврсто без да можат да се одвојат, а тие пак растат што е мкожно повеќе, стануваат повисоки, поголеми, ја зголемуваат својата моќ со цел да се одвојат од земјата. Секое животно се бори за сопствената територија и настојува, по можност, да освои туѓа територија. Така е и со најмоќните животни на планетава-луѓето, кои настојуваат да ја зголемат својата моќ. Тоа го прават не само индивидуално, туку и организирано во групи при што формираат држави. Целата историја, почнувајќи од појавата на човекот до денес претставува борба за моќ. Човекот е само суштество на кое му дошол редот да владее со земјата во овој период. Ова што го нарекуваме историја е само периодот на владеење на човекот со земјата се до неговото исчезнување, исчезнување на човековата цивилизација и доѓање на нова цивилизација формирана од некое друго суштество кое еволуирало за да може да воспостави моќ над другите суштества на земјата на земјата како што тоа го има направено човекот. Што е тоа живот? ЖИВОТОТ ПРЕТСТАВУВА САМО ИЗРАЗ НА ФОРМАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МОЌТА. Аналогно на ова, смислата на животот се состои во зголемување на моќта. Што е тоа добро? Добро е се што ја зголемува моќта. Тоа може да биде: љубов, здравје, работа, висока интелигенција, финансиска моќ, политичка моќ, апсолутна и безусловна слобода и многу други нешта.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Убава филозофија....ама тотално погрешна. :)
Јас ке ти кажам кој те натера вака да мислиш...кривецот е Дарвин, и опстанокот на појакиот.
Кривци се тие што ја поставија материјалистичката филозофија и уште ја фураат и покрај квантната механика.
Крив е и Ниче у овој твој случај, ама немал намера :)
Oн бил гениј ама бил и луд за жал, глеј да не прифатиш нешто од таа негова лудост.
Воља за моќ = инфериорити комплекс........ ова е вистината
Признавам воља за живот, ама не по секоја цена...зошто ?
Затоа што живиот Бог е во сите нас.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Целта на постоењето е многу едноставна затоа и скоро никој не ја прифаќа.
Тоа е еволуција на нашето битие кон Љубовта и Светлината, развој на душата кон повисоки нивоа на постоење и развивање на
сопствената свест за себепостоењето.
Односно будење на самите нас и со тоа вистинско спознавање на нашата природа како битија за да дознаеме кои навистина сме ние.

Но луѓето многучесто немааат храброст да тргнат во таа насока и да дознаат што навистина и зошто се случува во универзумот,
убедени во својата безначајност и безвредност се откажуваат од себе и слепо ги следат опшествените норми и тој начин на
живеење кој што всушност е едно сурово самоуништување на самите нас како битија со сопствениот избор.
И секој оној кој е убеден во своето "безсмислено и безвредно" постоење и се откажува од себеспознавањето всушност оди по
глобалниот тренд на сурово самоуништување по кој се движи човештвото.
Што е тажно затоа што вистинската односно суштинската природа на
секој човек е Љубовта а тоа да се уништува навистина е грев.
Тоа е така затоа што Бог е Љубов а ние сме негова креација а секоја божествена креација задолжена е да се однесува според законот на Љубовта секако дека ние имаме избор, но последиците од нашите избори ќе ги сносиме самите ние.
Тоа во суштина е пораката и целта на секоја религија без разлика на сите манипулации во нив.
 
С

сашенко

Гостин
Убава филозофија....ама тотално погрешна. :)
Јас ке ти кажам кој те натера вака да мислиш...кривецот е Дарвин, и опстанокот на појакиот.
Кривци се тие што ја поставија материјалистичката филозофија и уште ја фураат и покрај квантната механика.
Крив е и Ниче у овој твој случај, ама немал намера :)
Oн бил гениј ама бил и луд за жал, глеј да не прифатиш нешто од таа негова лудост.
Воља за моќ = инфериорити комплекс........ ова е вистината
Признавам воља за живот, ама не по секоја цена...зошто ?
Затоа што живиот Бог е во сите нас.
Can i get explanation for this? Живиот бог? Во сите нас?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ке искористам нешто од евангелието по Тома
Isus je rekao: Ako vam vaše vođe kažu: Vidite, kraljevstvo je na nebu - tada će ptice nebeske biti prije vas tamo. Ako vam kažu: Ono je u moru - tada će ribe tamo biti prije vas. Već kraljevstvo je u vama i izvan vas. Ako ga prepoznate, biti ćete prepoznati i prepoznati će te, da ste Sinovi živoga Oca. Ali ako se ne prepoznate, onda ste (duhovno) siromašni i siromaštvo ste (duhovno).
Објаснување за ова нема баш да најдеш туку треба да осознаеш.
 
Г

Господ

Мислиш ќе се отепаш барајќи до точка каде што мозокот ќе ти стане каша попара од зилион влијанија и ќе дојдеш до заклучок дека не е ни битно и се ќе ти биде рамно.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
So what is the purpose of life?
The purpose of your existence is whatever you believe it to be.
 
С

Сатори

Гостин
Да знаев која е смислата на постоењето немаше да се обидувам да се индентификувам себе со Виолета Бојковска, да се обидувам да ги разјаснам релациите со луѓето и уште да се одлучам да бидам дел од општество кое што на старт не ми се допаѓа.Ама не ја знам, немам благ поим што треба да бидам или која е суштината на моето битие колку и да медитирам и сериозно сум изморена од теории.Беше забавно да се разглобуваат на малечки делчиња кога бев средношколка и имав време за тоа.

Единствената концепција која што ми е допадлива во последно време, па флертуваме повремено во име на старите добри денови, е тоа дека не постои суштината на животот.Дека е митологија исто како и грчките богови, како и љубовта.Дека е убав производ на постмодернистичкото општество кое што само има потреба од малку повеќе култура.
Да имаше универзална суштина за сите нас, животот ќе беше прелесен.
Штета што не е.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Мислиш ќе се отепаш барајќи до точка каде што мозокот ќе ти стане каша попара од зилион влијанија и ќе дојдеш до заклучок дека не е ни битно и се ќе ти биде рамно.
Aбе без да бараш неможеш да најдеш, а колку повеќе бараш толку повеќе се одалечуваш од тоа што си.
Тоа е парадоксот најголем во животот, и се е рамно само што ние го правиме да биде нерамно. :)
Знам дека вака како што е е најдоброто што може да биде, подобро неможе да замислам.
Реалноста е едноставна и поедноставна неможе да биде, тоа што егото е незадоволно од се е проблемот.
Како и да е имам доверба во се што постои и во се што ке биде.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Toa sto zivotot ne e ok ima potreba preku metafizika ili preku religija da se objasnuva i opravduva apsurdot na postoenjeto!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Toa sto zivotot ne e ok ima potreba preku metafizika ili preku religija da se objasnuva i opravduva apsurdot na postoenjeto!
Само човекот може да бара апсурд во постоењето, а се друго нема проблем со тоа.
Па мора преку метафизика да го објаснува она што е метафизичко прашање.
Неможе да бараш цел во постоењето, затоа што постоењето е цел на нешто друго.
Или ако идеме математички, и ако употребиме просто тројно правило постоењето е цел на Бог.
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Бесцелно е барањето на одговорот.Зборуваме за длабоко прашање.Се раѓаш,се цивилизираш,растеш,цел живот се бориш за нешто,сакаш да успеееш(или безделнечиш),успеваш а крајот е секогаш еден ист- умираш.Која е вашата цел во живото?Твојата професија,личноста која ја сакаш,материјалните средства?Зарем цел живот ќе биде инжинер,зарем цел живот ќе патуваш,зарем цел живот ќе бидеш доктор?Некогаш и тоа ќе пресуши и ќе кажеш ДОСТА.Не бива.Ќе станеш можеби најуспешниот доктор,најголемиот научник,можеби цел живот ќе го посветиш на добротворење за човештвото.,и пак ништо.Зарем некој ќе ти каже фала?Луѓето простуваат се,ама успехот не.Фала богу,тоа е лицемерието и дволичноста,универзално типични.Овој она,овој тоа.Мислите дека денеска некој си го троши времето да помисли на Њутн,на Франклин или можеби Сократ?Зарем некој би помислил што со нас ако не бил Тесла?пссс,во никој случај.Уште една потврда дека сите ние сме само луѓе.Без разлика дали тој ќе биде богат,дали јас сиромашна.Без разлика дали јас ќе работам како новинар,тој како премиер,крајот е еден ист....Има повеќе меланхолија отколку радост кога ќе ја постигнеш посакуваната цел.Останува една цел помалку во овој краток,но убав живот(само еден е)....
Животот е само еден парадокс....Пример:Правиш тест на училиште,,спремен си топ,учеше цела ноќ и секогаш има едно прашање кое ќе те зезне и кое ќе ти ја намали оценката за -1.А ја знаеш цела тема..Да продолжам еве со политиката.Нормално дека СДСМ сака постојано да биде СДСМ.Нормално дека Груевски сака свој човек на својата позиција.Едноставно,може вода држи дека има нешто попаметно од човекот,и дека ние не сме највисокото ниво на еволуција.Тогаш смислата на постоењето е одржување на видот,онака како што животните тоа го прават.Но(секогаш има НО),зошто тогаш па луѓето се истребуваат(еве пример ,,Свинскиот грип'',,Eкономската криза'')....Во тој случај не има во преголема бројка,а ресурси нема.И врти-сучи пак на почетоко.Живееме за да умреме...:D

НО:
Јас постојам затоа што сум јас,и затоа што сега го пишува и правам она што никогаш,никој не ги направил во овој момент :)
Mал совет:внимавај што бараш кога чекориш по амбисот.Само еден мал здив на ветрот може да те исфрли........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom