Книжарници...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување

Која книжарница ви е омилена...

  • Вкупно гласачи
    102
Претпоставувам вие сте сопственикот... добро би било да се продаваат и книги на старо.

Благодарам на идејата. При крај сме со таа функционалност и истата може да се очекува за неколку недели.
 
Кај можат да се најдат книги од Џек Лондон ?
 
Да не знае некој што е со новиот салон што ќе го отвара Матица? Матица Ексклузив ќе се викал, ми изгледа привлечно, се надевам на поголем простор и повеќе избор :)
 
Секогаш одам во Матица ... често имаат попусти и имаат добар избор на книги :)
 
Кај можат да се најдат книги од Џек Лондон ?

Од толку издавачки куќи, абе никој не ги издава овие класици. Порано Мисла, Наша Книга... имаа и Лондон и Хемингвеј и Фаукнер и Стајнбек. Од овие писатели денес неможеш да најдеш ниту едно ново издание, освен ако не се за лектира.
 
Од Фокнер и Стајнбек има на Слово изданија. :) Додека умирав и не ми текнува која од Стајнбек. За Лондон не сум сигурен, ама мислам дека Македонска Реч имаа издадено нешто, а од Хемингвеј исто Слово имаат.
 
Хм, досега не сум забележал изданија на Слово по книжарниците во мојот град, нити пак сум наишол на нивна веб страна. А гледам ги нема и на оваа новата овдепромовирана “Купикнига“ (на чијшто сајт освен Повик на дивината и Старецот и морето, обете лектири, нема ништо друго од овие автори, а и многу други кога сме веќа кај тоа).
 
Ова е блогот на Слово. Морам да признаам дека имаат добри изданија за разлика од повеќето издавачки куќи во РМ.
 
Хм, досега не сум забележал изданија на Слово по книжарниците во мојот град, нити пак сум наишол на нивна веб страна. А гледам ги нема и на оваа новата овдепромовирана “Купикнига“ (на чијшто сајт освен Повик на дивината и Старецот и морето, обете лектири, нема ништо друго од овие автори, а и многу други кога сме веќа кај тоа).

Не знам за нивната застапеност, не можам да кажам затоа што и не сум побарал во друг град, во Скопје ги има во повеќето книжарници и имаат доста квалитетни изданија од разни едиции.

П.с. ја затворија Кафказ?
 
Дали знае некој/а од форумов каде можам да најдам книга од овој писател Sidney Sheldon ? во некоја од книжариве наши дали има и дали е превод на македонски или англиски .
 
Кај можат да се најдат книги од Џек Лондон ?

Дали знае некој/а од форумов каде можам да најдам книга од овој писател Sidney Sheldon ? во некоја од книжариве наши дали има и дали е превод на македонски или англиски .

Прашања од ваков тип, постирајте на оваа тема.

Овде задржете се на книжарниците, издавачките куќи и (не)квалитетот што го нудат.
 
Ух, ја обожавам ТРИ затоа што се застапници за TASCHEN, а нивните книги за мене се дрога. Инаку сум пресреќен што во моментов можам да ги купувам по поповолни цени книгите на TASCHEN online и се надевам дека ќе имам можност да ја посетам лично една од нивните книжари и да ја осетам магијата :rolleyes:
Инаку не толку често но ги посетувам и култура, табернакул и матица.
 
Не сакав да отварам нова тема се одлучив овде да ја вметнав веста. Случајно ја прочитав веста па мислев дека е ок да ја споделам за сите заинтересирани.

Феникс утре отвара прва аутлет книжарница.

Извор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom