- Член од
- 17 септември 2008
- Мислења
- 643
- Поени од реакции
- 485
Не се мисли почнувај ја...одлична еИма некој што гледа Haven да каже дали е добра, да не ја симнувам за џабе...
Не се мисли почнувај ја...одлична еИма некој што гледа Haven да каже дали е добра, да не ја симнувам за џабе...
Алфа на времето знаеше да се избаци со понекоја андерграунд серија. Веќе не се ни трудат, фокусирани се на Алачки. Еве:Не знам дали има тема за барање на серии ама сепак мислам дека може тука да прашам.
Порано на Алфа даваа една серија со Мајкл Медсен.Медсен глуми еден агент кој што решава случаи но не бара пари за решените случаи. Само бара помош за идни случаи од луѓето на кои што им помогнал. Ако ме сфаќа некој добро .
Имаше и една девојка со него му помагаше исто така.
АјАј добри серии - комедии?
Ја изгледа The Class? Ништо немаш спомнато...Немам гледано ни една, добро ќе ми дојдат зашто сум во недостиг на 20минутни епизоди.
Видиш, заборавив.Ја изгледа The Class? Ништо немаш спомнато...
Да де, David Crane, стандард. Сепак, не знам како можеше таа серија да ја сечат, неверојатно...Видиш, заборавив.
Да, ја изгледав, многу јака серија(сезона), симпатични карактери, хуморот веќе виден. Би гледал дефинитивно уште од нејзе.
Таман мислев дека сите сум ги истролалКоја е оваа The Class, прв пат слушам. Со хистерично смеење во позадина е?
"The Class" (2006)
Ја сакам серијава. Ја сакам толку многу што ми доаѓа да ги најдам оние што се одговорни за нејзиното откажување и да извршам неколку убиства од прв степен. Има и добри страни кога не можеш да извадиш виза...
Енивеј, серијава е од продуцентите на"F·r·i·e·n·d·s" (1994) , и според огромен број на коментари на интернет лесно можеше да се случи оваа серија да го наследи ултра-популарното шоу. Се започнува кога Ethan Haаs ќе направи забава за својата девојка, поканувајќи ги сите од класот во кој учел во 3-то одделение, пред 20 години. Од овие останува група од 8 откачени ликови околу кои се врти дејството + уште неколку одлични споредни улоги. Посебен впечаток оставија Lizzy Caplan во улогата на циничната Kat Warbler и Jesse Tyler Ferguson како мизерно изгубениот Richie Velch. И останатите се вклопуваат добро, серијата е полна со ликови кои ќе ги засакате и тоа и е најголема предност. Исто така има и една од најдобрите пилот - епизоди кои сум ги видел.
За жал, и покрај доволно добриот рејтинг, серијата е откажана после првата сезона, па така има само 19 епизоди што е навистина штета, затоа што баш тогаш почнаа да се случуваат работите... После тоа имаше организирани петиции за враќање на серијата но завршија безуспешно. Критиките на интернет се одлични а просечна оцена на IMDB e 8.0 што е сосема реално.
Ја препорачувам на сите кои сакаат sit-com серии, згора на се малку епизоди се и супер е за гледање во неколку дена.
Глумците сите до еден ми се познати од други серии. Да ја завршам PaR, па ќе ја пробам. А баш пред некој ден еден другар ме праша дали креаторите на Friends имале друга серија освен Џои. Сигурен во моите филмо-сериски знаење му реков „не“.Таман мислев дека сите сум ги истролал