Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Фала ви за советите.
п.с а што е финтата со прскањето со вода? Не ми е проблем за кујната, ќе ја исчистам после, но според Марфи сум правена, па гарант ќе погодам некое око :)
 
Gi navodenuvas prstite i prskas odvreme na vreme. Od vodata zejtinot prska, i od taa reakcija stanuvaat krckavi.
 
Здраво, веќе подолгу време си готвам шпагети но без никаков сос или зачини, само кечап ставам одзгора.
Па сакав да прашам како да си направам сос (од домати или било каков) и + мелено месо да зготвам со шпагетите. Ајде некој што има правено ваков рецепт нека ме упати.
Има две верзии од сосот што го правам.
1. Вегетариjански:
главица кромид и 3-4 чешниња лук ситно се сечкаат и се пржат со маслиново масло додека не потемнат, добро е да се почека убаво да фатат боjа зошто во спротивно кромидот ќе биде полу жив и ќе му даде киселкав вкус на сосот. Потоа се додава 300 мл. доматно пире, пола лажица оригано, црн пипер и 1 лажица шеќер (кафеав по можност). Се пржи на средна температура околу 5 мин. и потоа се додава врз шпагетите/макароните. Сосот може да се употреби и со други jадења како пржени печурки итн.

2. Со мелено месо:
истиот рецепт од горе само се додава претходно испржено мелено месо.
 
знае ли некој рецепт за домашна пастрма :)поготово што зачини се ставаат за да се добие онаа убава коричка ?
И колку дена се потребни да се суши ?

018012411.jpg
 
Фала ви за советите.
п.с а што е финтата со прскањето со вода? Не ми е проблем за кујната, ќе ја исчистам после, но според Марфи сум правена, па гарант ќе погодам некое око :)

Мој совет е за покрцкави наместо со брашно да ги поховаш со презла и јајце, само ќе треба да бидат што потенко исечени тиквичките кога ќе ги пржиш.
Од водата зејтинот прска и од таа реакција само можеш да си ги изгориш рацете и ништо друго. Можеш да збркаш работа и во фритеза, кога ќе ги запржеш стави ги во чинија со салфета за да го впијат мрсното.
 
Навистина, која е поентата со прскање вода - нема никаква смисла.... освен ако не е некоја магија во прашање :)

За покрцкави, треба маслото да е што е можно позагреано, и тиквичките да се тенко исечени... евентуално тенките парчиња ставени да „изгубат вода“ во рерна, во еден ред, на суво, на ниска температура (околу 50 степени по Целзиус) околу 15 минути (од рака истресов, не сум пробал, ама единствено тоа ми има смисла). Потоа не мора ни да се брбелаат во презла или јајца, или брашно.... може директно во врело масло (иако така треба поголема количина масло - за да „пливаат“)....
 
N

Ne e magija. Sum pravela taka, i izleguvaat super. Ne se mrsni. Samo prska zejtin na site strani...Napravi ednas, pa ke vidis deka e vistina...
 
Немам големо искуство со месото, па да прашам како да испржам пилешки стек, ама да не биде онаков сув, туку сочен и вкусен :) Нешто се мислам да го извалкам во јајце, можеби презла и дефинитивно во сусам :)
 
Доколку земаш стек - пилешки гради кои се онака подебели (од шницли нели) ќе треба или да ги исечеш надолжина или да ги исчукаш со готварски чекан, за да можат целосно да се испржат. Доколку имаш земено потенки стекови тогаш немаш гајле ќе поминат и така. Јас ги пржам во добро загреано масло (за да не се нацицат со зејтин) и ги валкам во јајца (во јајцето ставам и вагета за вкус) и презла. Ги пржам се додека не заруменеат, и ги ставам на салфетка за да се впие вишокот масло. Досега јајца и презла или брашно сум користела, ако ги ставиш без да ги намачкаш со нешто мислам дека ќе ти се залепат за тава.
п.с пробај со јајца и брашно, поровки се така, мислам
 
Фала! Уште една работа... Немам чекан :icon_mrgr:
А големки се... Среќа имам замрзнато и помали.
 
Ако се дебелки исечи ги, некаде од еден стек да излезат два. Ама надолжина ќе ги сечеш, значи иста површина да зафаќаат само да се потенки (мислам дека ме разбра како :P) Некаде дебелина на прст, ќе се идеални. :)
 
Знам, знам, сега успеав да исечам еден, замрзнати се :) Тенк ју! :)
 
Зошто стекот се става да отстои во млеко и сенф?
 
Го омекнува месото, полесно се готви и му дава специфичен вкус.
едит
Треба да одстои стекот во сосот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom