Духови, сеништа (сенки)...

Член од
26 јуни 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
postojat!!! ako za Atlantida nema dokazi, za ova sigurno ima barem povrsni. imalo mnogu emisii na tv (na diskaveri pred se) so ocevidsi i se drugo
doro nepostojat .. lol kako mozete da veruvate vo takvi raboti toa na discovery ... se zivi lagi .. gledav jas za marsovci vikaa neso. deka se gledalo vo oblacite pa izleze na kraj ptica taka da ne veruvaj vo takvi.. raboti se dodeka ne ti se desi neso cudno ^^
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Духови!

Епа ми се случила една необјаснива работа што морам и духовите да ги замешам. На факс. сум у Бт. и у куќата кај што седам затворив сите врати све фино лепо и легнав да спијам и сабајлето кога станав вратата од кујната што води кон ходникот беше отворена (а се беше заклучено, затворено, проверено).

Инаку за оваа случка пишав на темата „Дали ви се случиле чудни работи“ или така некако беше.
Вака бате значи дека тоа е точно кај нас во велес има таква куќа таа се наоѓа на болнички дол т.е по старски германски дол -германски гробишта таму имаше еден доктор кој си го купил местото ем поблиску му е болницата ем за евтини пари го платил местото ама кога и да си ја заклучел куќата секогаш целата била одклучена сменил и брави пак исто и избегал од таму тоа се вика паранормална работа несекојдневно е.направи си го апаратчето што го ставив како линк В-скоп тоа служи детектира паранмормални работи делот е 25денари и замената е ТРАНЗИСТОРОТ-БФ245 и лед диодата можеш да ја извадиш од запалка со ламбичка и една батерија од 9 волти од старите нишки телевизори што ги користеја.тоа само детектира и трепка.
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 21:59 ---
јас утре ке го склопам едвај чекам да ми стасаат такви два транзистори нарачав не се скапи а ламбичката и јас ке ја искористам од упаљачот-запалката таа таман е на 4,5волти и трешти кога свети.
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 22:05 ---
Многу сакам и јас такви работи да проучувам ме интересира кој дел од мозокот го завзема тој демон кога ке влезе во човекот кој дел од мозокот е активен на магнетна резонанса не го фаќа колку за информација затоа што имав директен судир со демонизирано дете кое што таткому го носел на магнетна резонанса и ништо таа покажуваше дека нема ништо (слепа е значи) иако е последен крик од технологијата.Божјата сила го истера ми се закануваше ке видиш ти ке видиш ти ме гледаше во очи и ми се закануваше.тогаш немав такво нешто да мерам да видам дали навистина детектира. имам сега ЕМФ метар,имам параболичен микрофон ми фали само чинија и уште ми фали ЕВП-рекордер тоа е оној дигиталниот диктафон што го користат новинарите.
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 22:10 ---
кажете ми каде може да се најде некоја антена за тв со чинија од тие турските чинии со појачало што беја ЧАНАК таа би ми завршила работа ке ја исшприцам ако е рѓосана не е проблем мора да е голема и лесна бидејки ке ставам на среде 2 микрофони и ке има рачка едноставно ке биде подвижна затоа мора да е лесна.
 
Член од
13 ноември 2011
Мислења
53
Поени од реакции
20
bratce dali si iskusil vo realnosta paranormalna rabota?dali si imal sredba so nesto paranormalno?
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
30
Поени од реакции
13
Здраво драги форумџии.

Ја видов темава и ме заинтересираа вашите мислења и искуства со духови.Прочитав скоро се и од моја гледна точка ме заинтересираа неколку ваши приказни.
Сега е мој ред да ги споделам моите паранормални искуства.

1. Пред од прилика 2 години,летно време,дремев кај девојка ми во соба кај нејзе во стан.Беше од прилика 2-3 часот по полноќ.Девојка ми беше пред заспивање и пред да заспие дискутиравме за духови,демони и различни паранормални појави.Таа ми спомна дека како мала во тој ист стан има слушано чекори и чудни нејасни звуци.Јас и се изнасмеав и се шегував на нејзина сметка.И реков дека има шизофренија и дека халуцинирала.Таа се насмеа и легна да спие.Јас некое време блеев во телевизорот,се додека несакајќи погледнав во огледалото што беше до телевизорот.Видов како некој вид на магла поминува.Си реков ми се спие и ми се причинува.Но неколку секунди подоцна,позади плакарот одекна мизерен звук (некој вид на крик) кој ме извади од кожа,а после неколку секунди во ходникот слушнав некои си лесни,брзи (нечовечки) чекори и одеднаш се престана.Се укочив од страв.И реков на девојка ми,слушна ли? Таа во полубудна состојба ми проговори.Ти реков нели???Останав без зборови.Таа вечер не се случи нешто слично....се беше нормално.

2. Од кога се случи мојата прва паранормална средба,после од прилика 2 недели,спиев кај мене дома,веќе тотално заборавив што се случи кај девојка ми во стан.Во 4-5 сабајле ми ѕвонеше телефонот.Ми се јавува девојка ми.Преплашена до смрт.Дткаше,не можеше да се соземе.Ме исплаши,не знаев што се случува.И реков да се смири и да ми објасни што се случува.Таа едвај почна да збори,и ми кажа спиела цврсто,кога одеднаш во вецето слушнала јаки лупања.Отишла да види што се случува.Кога запалила светло,што да види...Тоалетната бутната на земја,пешкирите паднати,а огледалото над лабавото внатре во кадата,нескршено и свртено на страната кај што се огледува (значи да паднело само од себе ќе било паднато на другата страна).Се испаничила ептен,земала апаратот мавнала неколку фотки за доказ.Едвај ја смирив после саат време зборење на телефон...Другиот ден им ги покажала сликите на нејзините,тие ништо не чуле и наравно не и верувале дека такво нешто може да се случи....Јас и верувам

3. Другата година (2011) одиме на одмор во едно селце во Струга поред езеро.Се сместивме во куќа кај семејна пријателка,стара жена.Неколку дена се беше ок.Се додека една вечер беше кобниот момент....Земав скопско срча,и буљав во езерото,девојка ми одамна беше заспана,јас кулирав со пивце и чипс на терасата.Беше мноооогу тивко,цела природа се слушаше.Кулирајки на терасата,слушнав во собата 4-5 чекори.Си реков девојка ми нешто прави и си продолжив да си зјапам во езерото.После пола минута позади мене слушнав 3 спори чекори.Знаев дека не е девојка ми.Го земав мобилнот,ја тргнав завесата и со светлото насочив кон собата.Немаше ништо.Девојка ми спие.Срцето почна да ми чука 300 на саат.Се претепав по торбите да го запалам светлото.Пак немаше ништо.Запалив цигара.Легнав да спијам....
Другиот ден и раскажав на девојка ми,таа ми рече ништо чудно,старо селце,манастири од 13 век сигурно си има такви енергии околу.
Истиот ден подоцна,бев се избањав во езерото и отидов да се туширам.Девојка ми беше надвор со бабичката,си муабетеа.Отидов горе во куќата.Земав се потребно за туширање.Ги затворив двете врати едната од терасата, другата од собата и оставив уклучено светло.Кога искочив од вецето,вратите беа отворени а светлото беше изгаснато.За да се уверам дека сум сам во куќата,ја повикав девојка ми од тераса.Таа се качи и ја прашав дали некој влезе внатре во куќата.Таа одрече.Значи човек не го исклучи светлото и не ги отвори вратите....Ја прашав бабичката после тоа,дали во селово има митови и случки со духови...таа ми рече....Ќути не зборувај такви работи (некако исплашено го кажа тоа).....немаше никакви дејствиа другите денови потоа....

Од кога ми се случија овие средби со паранормални појави,истражувам и ден денес за паранормалното и духовното.Изготвувам документарец со одлична аудио/видео опрема,спремна екипа...Сценариото е веќе при крај...од септември планирам на терен да почнам со снимање....

Доколку некој сака да помогне или учествува доброволно во документарецот,што сам финансиски го поткрепувам слободно нека ме адне на skype:
toni_psycrime

до следното пишување........
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
другар јас ти пратив покана на скајп доколку сакаш прифатиме dime_wega сум на скајп сакам да ти помогнам и со тоа што јас имам не многу големо искуство али доволно за старт си имаш работа со демон не зо загубена душа колку за информација.
--- надополнето: 4 јули 2012 во 21:46 ---
bratce dali si iskusil vo realnosta paranormalna rabota?dali si imal sredba so nesto paranormalno?
дада секако кога умре дедо ми се појавуваше црн облак во кујната скоро секоја вечер лето беше немаше промаја беше многу жешко и тоа замисли беше денски а јас бев сам кога облакот се појави и кога заповедав кога трасна џамот мислев дека се скрши заповедав во името на исус од назарет оди си и веке не се врати веке 3,5години нема ништо веке.Славата на бог му ја препишувам али ти велам опасно е да си имаш работа со тоа чим копаш по тоа тоа нема да седи мирно и оно ке напаѓа.Само божјата сила мопже да го истера.поздрав.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001

Значи тешко на атеистите со демоните :icon_lol:
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
30
Поени од реакции
13
Те прифатив на Skype,него си немам јас работа со ништо пријателе,тоа беше поодамна,во тој стан веќе живеат други скоро година дена,а и ми се нема случено ништо лично на мене.Така да гајле си немам :)
Иначе во врска со бркање на демони или што и да е слично,потребно е да ја надвладееш нивната енергија,мислам дека тоа со Исус нема врска според мене,како и да е,истражувања што имам прегледувано во врска со тоа,кажуваат дека треба со цврста воља и без страв и гласно викање да ги избркаш.
 
Член од
13 ноември 2011
Мислења
53
Поени од реакции
20
abe deca nisto vie ne znaete .mislite deka ova e zabava.ima pozabavni strani .zivejte si go zivotot kako sto treba.
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Значи тешко на атеистите со демоните :icon_lol:
види другарче недај боже еве пред сите ти велам недај боже да дојдеш во допир со тоа и еден не веруваше ама поверува женаму почна да гледа на карти и кафе и салам да погодува детето им се разболе 15 години го оставиле во болница (тоа се случува во фамилија кај што има гатач бајач обавезно има некој болен во фамилија тоа е како проклетство).Детево го оставаат во болница со покачена температура а другата ден демонизирано беше на скенер не покажуваше и на магнетна резонанса ништо а сепак детето час е нормално час плаче час бесни час се плаши и спие само 15мин во денот.таткому кај не го носеше по гатачи кај оџата се џабе кога дозна за црквата во штиоп таму го однелч кажал се како било и тие таму се молеле господ да го ослободи али амајлијата што им ја дал оџата да ја запали и фрли.кога стасале во велес детето било скроз нормално али амајлијата ја заборавиле на полицата за чевли кога дошле дома по некој час пак истото таму во штип му дале телефон од мојот пастор во случај да има нешто а татково ја заборавил да ја фрли амајлијата од радост детево нормално заборавил скроз и одма кај пасторот звони му кажал каква е ситуацијата пасторот одма кај него ја запалиле амајлијата ми звонеше и мене ме разбуди ми кажа се по ред јас одма сватив дека тоа е демонска сила ја има и во библијата било која и православна и прво канонска која ние ја имаме кој сака нека прочита кога таткото го моли исус за својот син кога час било детево ок час го фрлало во оган час во вода и дека сакал демонот да го убие.Пасторот ми кажа за случкава и му реков ке одам до WC и дојдете земете ме. кога отидов во вецето ме фати треска и тоа салам треска не можев да стојам па седнав на WC шољата и бог ми даде до знаење дека тоа е напад од нечистата сила за да ме спречи да не одам да ме заплаши и да му звонам на пасторот не идам ме фати треска,но бог ми даде слободна волја или да заповедам или да останам дома и само реков во името на исус оди си треско и одма прекина.отидовме јас пасторот и жената негова а детето го оставивме негово кај една наша сестра од црква.стасавме таму таму беше неговата мајка и неговата помала сестра.Таткому дојдоа додека мајкаму не служеше со кафе дојде таткому со 2јца големи дечки и дедому. кога ме виде таткото на детето бидејки се знаевме одамна уште од мали почна да плаче и да кажува и на крај рече дадов 500евра уште 500евра ке платам само детето да биде ок.Бог заповеда бесплатно ви е дадено бесплатно давајте тоа и му го реков бог така ме водеше и почна пасторот да чита од библијата баш за таа случка кога таткото моли за својот син детето како што лежеше збесна почна да свири да бесни да рипа почна да им го трга вниманието да не слушаат и јас почнав тивко пред нос да се молам во непознат јазик детево како што рипаше прекина и седна до дедому и со прстот гледајки накај мене ми се закани ке видиш ти
три пати ми се закани и заспа на рамото на дедому по неколку минути се освести нормално беше се молевме заедно со пасторот и детето и после 5мин му се приспа
отидовме и во дечката соба таму беше ладно не грееја си легна и пак се молевме со пасторот.Наредната ден мајкаму миела садови и не го видела детево како станало само кога почнала сестричката да вика тогаш кога видела синот дека си игра со неја почнала да плаче.неделната служба сведочеше за тоа и прекина со гатачките работи.Бог со вас и лека ноќ.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 21:14 ---
abe deca nisto vie ne znaete .mislite deka ova e zabava.ima pozabavni strani .zivejte si go zivotot kako sto treba.
така е чим се чепкаш ке бидеш и чепкан а и салам нападнат.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Јас една вечер си спијав на кревет в дневна. Обично кога спијам , компјутерот ми е пуштен и свирка некое музиче, но овој пат беше исклучен оти ми беше доста мачно. Живееме на вториот спрат од куќата, инаку куќата има три спрата. Едно време слушам како да ми чука нешто на таванот, но го игнорирав. По некоја минута повторно истиот звук, нешто тропкаше на таванските, т.е третиот спрат, но повторно ништо не превзедов. По некој ден повторно истата работа се случуваше навечер.
И една вечер ми накурчи, ја зедов една ламбичка која ми ја има донесено татко ми, и ставив батерија и се качив горе................и одам така полека по скали ништо немаше, со до еден момент кога гледам на гредите, што да видам...................птички си прават гнездо .И така јас видов ,,паранормална" птица која лупаше по тоа гредите оти очигледно и беше досадно во тие часови да спија како мене.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853

Сум ја имал истата ситуација само што јас бев на 3 спрат од мојата куќа а тие правеле гнездо точно над мене над главата
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
2. Од кога се случи мојата прва паранормална средба,после од прилика 2 недели,спиев кај мене дома,веќе тотално заборавив што се случи кај девојка ми во стан.Во 4-5 сабајле ми ѕвонеше телефонот.Ми се јавува девојка ми.Преплашена до смрт.Дткаше,не можеше да се соземе.Ме исплаши,не знаев што се случува.И реков да се смири и да ми објасни што се случува.Таа едвај почна да збори,и ми кажа спиела цврсто,кога одеднаш во вецето слушнала јаки лупања.Отишла да види што се случува.Кога запалила светло,што да види...Тоалетната бутната на земја,пешкирите паднати,а огледалото над лабавото внатре во кадата,нескршено и свртено на страната кај што се огледува (значи да паднело само од себе ќе било паднато на другата страна).Се испаничила ептен,земала апаратот мавнала неколку фотки за доказ.Едвај ја смирив после саат време зборење на телефон...Другиот ден им ги покажала сликите на нејзините,тие ништо не чуле и наравно не и верувале дека такво нешто може да се случи....Јас и верувам
Значи не викам дека лажеш. Ти верувам. Ама чудно ми е како некој толку успаничен, до тој степен што почнува да пелтечи, при целиот страв и потсекување на нозе, паметот му е таму да оди да го бара апаратот и да се врати на "местото на злосторот" за да направи фотографии!! Ај да побегне или да викне некого, ама да се врати за да направи фотографии бе. И што и беше финтава со фотографиите? Толку и е битно луѓето на кои ќе им кажува ако не и поверуваат да им ги покаже сликите па као ок ти веруваме. Тоа е уствари?
Нелогично ми е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom