http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=507
Последната регулатива на цената беше на 18.06, тогаш просецна цена на нафтата беше утврдена на 98,063$ а курсот на доларот беше 49,2887, што значи дека
1 барел = 4834 денари односно 1литар = 30.4 денари
Не сум сигурен за просечната цена на нафтата во изминатиов период но мислам дека е некаде околу 93$ за барел, и курсот мислам дека беше во благо опѓање , петокот среден курс беше 48,9 според тоа
1 барел = 4548 односно 1 литар = 28,6
ако е оваа математика очекувам пад на цената околу 2-3 денари
Ова го повторувам по втор пат за да им стане јасно за некој форумџии дека треба да се гледа и курсот на доларот при утврдување на цената на нафтата
Ќе плукаме по владата и ке ја нарекуваме арамиска влада на некоја друга тема ги има многу но за цената на нафтата таа е математиката, може владата да ја намали цената само ако се откаже од дел од акцизата и даноците затоа што тоа е околу 50% од цената, и горе долу така е во сите држави
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 21:18 ---
дали е реална ценава на ПГЛ - автомобилскиот гас во РМ и може ли државата да ги контролира Хафтениве Магнати да е бар алтернативново гориво поевтино[/quo
Ако мислиш на ТНГ мислам дека нема државна регулатива на цената и затоа увозниците и бензиските пумпи сами си ја утврдуваат најчесто најголемите бензиски пумпи како Макпетрол и Лукоил ја диктираат цената , но има една голема забуна незнам како се точи ТНГ во другите земји но правило е компримиран гас да се мери во килограми а 1кг ТНГ изнесува од 1,7 Л - 1,9 Л во зависност од соодносот на пропан, бутан во него.