Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Европа односно Евросска Унија не е држава туку сојуз, унија и истата не функционира преку лажно братство и единство туку преку интереси.
Во моја држава сакам да сум свој на своето, да си имам своја држава е не да бидам признат во склоп на друга држава. И не го оправдувам секој кој е против тоа. Секој кој сака да живее во склоп на друга држава како во примерот Југославија за мене е мивка, морон, кукавица.
А тоа име Македонија со себе носи јазик, идентитет, традиција, обичаи, култура. Вредностите кои се врежани во секој нормален Македонец. Среќата не се парите. Парите се минлива работа, релативна, можеш да ги имаш и во еден момент да ги изгубиш заради икс причини и тогаш си сиромав и бездомник, или во некоја ситуација да не ти вредат. Тогаш немаш духовно, немаш вредности, немаш пари, а претходно и образ си изгубил, тогаш си и подолу од роб.

И ти сигурно не би прифатил да се викаш Мочко а да се презиваш Серко ако некој можеби ти дава некој денар.


15 годишна тинејџерка си?
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Ти бездомник си, или Мочко да не се викаш, па да се препозна тука?
Интернет романтичар, парите не биле све.:ROFLMAO: Разбуди се , капитализам е , парите се алфа и омега.

ПС: Југословен сум.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Интернет романтичар, парите не биле све.:ROFLMAO: Разбуди се , капитализам е , парите се алфа и омега.

ПС: Југословен сум.
Ако си Југословен немам што да дискутирам со мртовец
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Ако си Југословен немам што да дискутирам со мртовец

Немој, иди радувај се на својот чергарски живот и празен патриотизам. Теши си се дека парите не се битни.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Немој, иди радувај се на својот чергарски живот и празен патриотизам. Теши си се дека парите не се битни.

На кодошите им биле одсекогаш битни парите и секогаш в ендек завршувале.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.532
Поени од реакции
2.405
ај малку повеќе за темава
првин прашањево дали го почитувате ликот и делото......, типичен рецедитив на прашање од претходни ситеми, како може лик да почитуваш, дали бил згоден се мисли, фраер дали бил , мода ова она ))))), во историјата се оценува според дело и тоа од временска дистанца кого сите погледи без предрасуди ќе можат да се достапни .
доколку ми реплицираш би сакал да разбислиш и да пишиш онака твое мислење: дали мислиш дека македонија и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе опстоеше како држава после 1945, ако не беше ФЕДЕРАЦИЈАТА и Тито? и како? (дадени услови: крај на втора светска војна, 3 напалени соседни држави (без југославија), нема патишта, нема болници, нема индустрија ни лесна ни тешка, нема сточарство а ни земјоделство, крах на светски берзи = нема земање заеми од други земји, нема море. нема ништо... има 100.000 партизани од кои 30000 спремни на готовс партизани.. и народ пола определен како македонски а пола бугаро - српски настроен)

инаку за точките за 2. ДАГ и КПГ први почнуваат со влошување на одностите со КПЈ и комунистичката интернационала. КПЈ во тоа време сеуште била во добри односи со комунистичката интернационала. Откако сите други комунистички земји и откажале помош на Грција тоа го направила и Југославија исплашена од тоа што ако остани единсвена земја што и помага на Грција ќе доведе до политички проблеми меѓу монархијата Грција и ФНРЈ. Имаше и посебни услови со кои ФНРЈ би и помагала на ДАГ и КПЈ можеш да го побараш низ интернетов ги има
3, 5 немаш нешто ново кажано во ова би се сложил со 4 , 7 и 8. 6 е глупости
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
На кодошите им биле одсекогаш битни парите и секогаш в ендек завршувале.
Кодош сега? Напреднав во хиерархија. Дека се кодошите во оваа земја? И како тоа дискутираш со мртовец?
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Да да да.Дефинитвно го почитувам.Ми направил држава и денес сум тука токму поради него
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Да да да.Дефинитвно го почитувам.Ми направил држава и денес сум тука токму поради него
Ништо тој не направил а особено не за нас Македонците . Да бил попаметен армијата ќе ја прател на Солунски фронт иако знаел дека на Сремски има доволно војска во секој случај и Србија е таму не било толку проблем за одбрана а Македонците за што му служеле за топовско месо ??? НЕ ЖАЛАМ САМО МАКЕДОНЕЦОТ МОЖЕ ДА ДОПРИНЕСЕ ЗА ОВАА ДРЖАВА . Оваа земја е стара повеќе од 4000г каде бил тогаш овој Јосип ?? Или пак како се викала тогашната негова земја ? П У С Т И Н А
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Па и сега не можеш да кажеш што сакаш освен да урлаш по улица и да те приведат за реметење на јавен ред и мир, ти треба медиум медиумите се зависни од работодавците а овие од власта така да исто ти е, а немаш она што си имал у Југославиа, после што па е битно да се изјасниш, ако имаш добар пристоен живот кој те исполнува тогаш тоа е побитно а за слободата пак ќе кажам слободата е по цена на главата и сега е така ,,ајде гукни против државе,, и одма ќе те потиснат, ќе бидеш аутсајдер нема реклама нема поддршка а уметноста е баш се само не популизам така да своите ставови ако се анти одма тоа иде у андерграунд и пак ништо не мењаш.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
доколку ми реплицираш би сакал да разбислиш и да пишиш онака твое мислење: дали мислиш дека македонија и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе опстоеше како држава после 1945, ако не беше ФЕДЕРАЦИЈАТА и Тито? и како? (дадени услови: крај на втора светска војна, 3 напалени соседни држави (без југославија), нема патишта, нема болници, нема индустрија ни лесна ни тешка, нема сточарство а ни земјоделство, крах на светски берзи = нема земање заеми од други земји, нема море. нема ништо... има 100.000 партизани од кои 30000 спремни на готовс партизани.. и народ пола определен како македонски а пола бугаро - српски настроен)

инаку за точките за 2. ДАГ и КПГ први почнуваат со влошување на одностите со КПЈ и комунистичката интернационала. КПЈ во тоа време сеуште била во добри односи со комунистичката интернационала. Откако сите други комунистички земји и откажале помош на Грција тоа го направила и Југославија исплашена од тоа што ако остани единсвена земја што и помага на Грција ќе доведе до политички проблеми меѓу монархијата Грција и ФНРЈ. Имаше и посебни услови со кои ФНРЈ би и помагала на ДАГ и КПЈ можеш да го побараш низ интернетов ги има
3, 5 немаш нешто ново кажано во ова би се сложил со 4 , 7 и 8. 6 е глупости
штета во историјава што не можеме да зборуваме што би било ако би било. Али сепак одредени ситуации можеме да ги констатираме.

- според мене македонското ослободително движење е осакатено со тоа што НОВ се води во рамки на Комунистичките партии на државите кои ја поделиле Македонија, а не настапило како едно движење.Во таква една состојба сигурно и повоената ситуација би била поинаква. Шарло нешто пробал ама знаеме како завршило сето тоа. Добро знаеме дека и во Грција иако активно учествувале нашите македонци во ЕАМ и ЕЛАС сепак формирале засебни единици од 43 под раководство на СНОФ.
Добро знаеме и за периодот 45-48 пред инфобирото и под раководство на Георги Димитров каква била положбата на македонците во Пиринска и мислам доколку не се случело Инфорбирото извесно ќе било интегрирањето на пиринска со вардарска македонија. По 48 македонското прашање од ТИТО е држено како Табу во односите со бугарија и Грција и долго време е ставано под тепих, последиците се чувствуваат до ден денес.
Иако национална ослободувачка активност во 3 дела имала, иако извршната дејност била со помагање сепак немале заедничко управувачко тело кое како ни на другите така и на Тито не му одговарало.
Во делот пак кога ја опишуваш економската повоена состојба во македонија, не го потенцираш најбитниот момент со кој на обичниот македонски селанец и земјоделец ,насилно со колективизацијата не само што материјално му е одземена способнаста да креира сопствен развој туку преку задругите и национално е деградиран, може да видиш колку многу колективи се формирале во македонските села, а колку малку во албански или турски села.

Да сумирам во секој случај, слично имам разговарано како што ти ме праша дали македонија ќе опстанеше, со еден политички затвореник ,сега стар човек кој е во Америка и истиот ми рече не може да опстане кога не ни ја создадовме цела како што треба . Ако мислиш пак дали СР Македонија- вардарскиот дел би опстанал доколку изразито тргнел кон сепаратизам од Југославија во повоените години иумало две опции според мене:
1. по 48 тој сепаратизам доколку го водела КПМ заедно со народот па и со елементите кои истата таа власт ги судела за национализам, мислам дека би бил подржан од другите комунистички земји заради ослабување на ФНРЈ
2.другата опција е дека би се интегрилал со пиринскиот дел во некаква балканска конфедерација

Не сакам да се повторувам со претходни постови, меѓутоа од денешен аспект гледано македонија како дел од ју заедницата има и придобивки за македонскиот народ во насока дека на дел од територијата македонска сепак постои некаква форма на македонска држава, меѓутоа истата најчесто била во спроведување на политики не на македонското национално обединување туку во функција на политиките на федерацијата,иако уште на разговорите на Вис од страна на македонската делегација која се спремала да го свика АСНОМ како прв заклучок стои
- Македонскиот народ го изразува својот историски стремеж за обединување на сите негови делови, тоа е негово национално право и затоа , овој сремеж, останува како негово постојано барање
Од автобиграфските записи на Ченто за оваа средба стои : Поставив прашање како да се поврземе со Македонците во Грција и во Бугарија и предложив Националниот комитет да издаде еден меморандум за Македонија, од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател и за остварување на националното право на обединување.
Но , овие работи беа премолчени во дискусијата.
``На крајот, Тито предложи да се донесат заклучоци во врска со македонското прашање, кои беа во смисла на нашиот предходен разговор: - дека истириските идеали на македонскиот народ за обединување се наше национално право и дека ќе остане наше барање; - дека, со оглед на положбата во соседните земји и договорите меѓу сојузниците, е прерано тоа да се поставува, затоа што би ја ослабело борбата против заедничките окупатори``.....а да се оди на трст и корушка тоа немало да ги усложни односите со сојузниците
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Европа односно Евросска Унија не е држава туку сојуз, унија и истата не функционира преку лажно братство и единство туку преку интереси.
Во моја држава сакам да сум свој на своето, да си имам своја држава е не да бидам признат во склоп на друга држава. И не го оправдувам секој кој е против тоа. Секој кој сака да живее во склоп на друга држава како во примерот Југославија за мене е мивка, морон, кукавица.
А тоа име Македонија со себе носи јазик, идентитет, традиција, обичаи, култура. Вредностите кои се врежани во секој нормален Македонец. Среќата не се парите. Парите се минлива работа, релативна, можеш да ги имаш и во еден момент да ги изгубиш заради икс причини и тогаш си сиромав и бездомник, или во некоја ситуација да не ти вредат. Тогаш немаш духовно, немаш вредности, немаш пари, а претходно и образ си изгубил, тогаш си и подолу од роб.

И ти сигурно не би прифатил да се викаш Мочко а да се презиваш Серко ако некој можеби ти дава некој денар.
Е па тоа и јас го кажав, дека доколку има некаква опасност по нас како народ тогаш тоа што го имаме како наше треба да го чуваме, а денес имаме таква опасност од нашиот јужен сосед, значи не можеме да се откажеме од името бидејки многу ке изгубиме. Во идеална ситуација каде никој нема проблем со никого, и никој нема намера на некој да му наштети, тогаш нема потреба од страв. Јас те разбирам затоа што моментално и јас не сум за промена на име,бидејки ние веќе направивме промена на устав и знаме, а од другата страна не се почитува договорот каде потпишале дека нема да не блокираат при влез во меѓународни организации.
Не сме спремни да направиме таков чекор.
Што би било ако на пример во светот постојат само имињата на континентите а за имињата на државите никогаш не сме ни знаеле дека постојат?
И што би било ако се збори само еден јазик на цел континент?
Значи во европа да нема пример 40 јазици да има само еден, и на сите тој да ни биде мајчин јазик, односно од бебиња со тој јазик да не израснат родителите, што мислиш подобро или полошо?
По мене подобро, сите ке се разбираат, нема да има потерба од учење на друг јазик, барем по тој основ нема да се делиме и да се сметаме дека сме различни.
Сите граници во светот треба да ги снема, и да нема потреба од пасоши, националности, и водачи кои го уништуваат светот и човештвото, како и квалитетот на живеење. Водачите се директната причина зошто човештвото многу споро напредува, баш поради тоа што тие не уназадуваат, бидејки наредбите доаѓаат од еден врв а сите ние знаеме дека 2 глави се попаметни од една, односно многу глави е попаметни од една. Не знам каков систем ке биде тој каде народот ја има апсолутната власт, но сигурен сум дека тој систем ке биде многу попродуктивен него овој со пирамидалното уредување.
Всушност тоа е и целта на ЕУ да ги снема границите, да си постојат имињата на државите, но да функционираме како една држава. Тоа уствари била идејата на Југославија.
Јосип Броз Тито како така успеал народот да го држи во една држава, да му овозможи нормален живот, да се почитува, да не гледа разлики во нации и држави и култури туку да живее во мир и единство.
Имало и проблеми не било совршено, но кога би се ставиле добрите и лошите страни на кантар, добрите би тежеле повеќе. А сега стајте на кантар и измерете, не зборам само за кај нас, општо во целиот свет, луѓето не се среќни, имаат премногу проблеми премногу се зафатени и немаат време и желба за забава. Има поединци, но мнозината не се задоволни од животот.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
јас не знам шо реплицираш кога не знаеш ни самшто збориш,? шо ми пастираш графи бе од пописи, кој вика дека немало графа за националност македонец??? кај прочита бе во мој пост дека немало моижност да се кажиш за македонец.

Како го сфаќаш македонец можеше да бидеш колку што ќе дозволеше Белград??????
Огледало, се извинувам ако случајно ти го прекинувам цицањето.
Коментари, за што се однесува репликата се даваат од некој кој има можност, способност и капацитет за сваќање за да може да го анализира она што е напишано за што се однесува па потоа да реплицира, да ја знае суштината зошто е реплицирано.
Гледам дека го немаш ништо од горе наведеното па затоа биди стрплив за давање реплика или коментар оти самиот велиш дека не знаеш за што "зборам" (пишувам).

Прво, не се пишува во одговор "збориш" оти сето ова се пишува. Зборување е директен дијалог меѓу двајца говорници.

Второ, не се вика пастираш туку постираш

Трето, ако веќе со некоја намерa си го напишал ова: Како го сфаќаш македонец можеше да бидеш колку што ќе дозволеше Белград?????? објасни ТИ како го сваќаш и што сакаш да кажеш со тоа твое во болдираното со црвено без да знаеш што плескаш, оти мојата реплика со графиконот со изјаснување за време одржаните пописи во Југославија а со тоа во Македонија е токму заради тоа, па после ќе ти кажам дали ЗНАМ да зборам или НЕ.

И уште еднаш пред да реплицираш да обратиш големо внимание на зборовите со кои се обраќаш на било кој со кој имаш дијалог за некоја тема а посебно спрема мене оти стрпливоста и културата со која располагам има граници и толеранција.

пс. некогаш ова беше форум кога copy -paste wiki дилетанти од подфорум историја админите ги пракјаа во играчница....детееееее
И редно ќе биде да ги праќаат но не заради тоа шти си научил дека го има на интернет copy -paste wiki оти податоци можеш да користиш од интернет бидејќи нешто ставено на јавен увид било тоа во штампа,интернет и тв е дозволено, туку се праќаат заради личниот однос во комуницирањето во дијалог со секој на секој форум.

Пред да дадеш коментар како ова:copy -paste wiki, треба да бидеш чист во пишување со свои мисли НЕ да користиш линкови како овој:
1. заради инфомбирото 48, настрадал процесот на македонска ренесанса во Бугарија( тие 3 гоdини 45-48 , во бг) http://www.youtube.com/watch?v=JO5AaJM3arc
и безброј други од youtube да не се враќам назад да дадам како доказ.

Не верувам дека сето ова ќе го сватиш како поука.


ogledalo
ова за споредба за некои кога тврдат дека кога беше тито на времето имавме ова она, имавме да, можеби материјално беше посигурно ама ТИ беше македонец тогаш онолку колку што Белград ќе ти Дозволеше.
Чукни три пати во дрво па ќе ти текне зошто е даден графиконот, детенцеееее.

Тоа што го кажуваш било во фашистичката окупација 1941 до 9.септември 1944.

Кој те лаже ушите да ти јаде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom