ај малку повеќе за темава
првин прашањево дали го почитувате ликот и делото......, типичен рецедитив на прашање од претходни ситеми, како може лик да почитуваш, дали бил згоден се мисли, фраер дали бил , мода ова она ))))), во историјата се оценува според дело и тоа од временска дистанца кого сите погледи без предрасуди ќе можат да се достапни .
али ај нешто конкретно
-дали бил диктор? Најверојатно да, бидејки не си можел да имаш политичка слобода
-дали бил манипулатор ? најверојатно да, ама тоа во политиката е достиугнување а не недостаток
-дали негативно влијаел врз македонската националана свест?
ја прифатил како таква ради став на коминтерна, ја контролирал спрема туѓи потреби и често ја задушувал
како се поставил спрема македонското прашање?
спрема дневни потреби и за поткусурување
1. заради инфомбирото 48, настрадал процесот на македонска ренесанса во Бугарија( тие 3 гоdини 45-48 , во бг)
http://www.youtube.com/watch?v=JO5AaJM3arc
2. заради инфобирото ФНРЈ ги раскинува односите со захаријадис, и одеднас во ДАГ македонците кои 100% влегле во тоа движење се криви, сиротите и кога бегале не можеле легално кон југославија зошто тито ја затворил границата, на пр последните упоришта на ДАГ во Преспа логично било да се повлечат преку маркова нога кон голема преспа, ама границата затворена ( илегално деца бегалција само ја минале) и морале да се повлекуваат преку преспа кон албанија.дури и како бегалци страдале заради ставот на тито од дотогаш заедничките собарци грци во ДАГ.
3. за калето и солун да не расправам, знаете ..иако сталин черчил имаа договорено сфери на поделби во грција 90-10 за англија и нешто слично и за италија сепак тито решава притисок да прави на трст, целов ец и корушка а не на егејска македонија т.е. дури оди до тамо дека македонциве некако слабо гинеле во 2 светска војна и сега мора малку ``да си ја заслужат слободата`` па мора да капне македонска крв на сремски фронт ( немам најдено анализа колку загинале македонски партизани на македонска територија за 4 години , аколку на сремски фронт во неколку месеци). не ги остави на раат ни нашиве градови да ги ослободат туку се сложи и дотогашниот окупатор Бугарија со сменет дрес да учествува во ослободување на македонски градови, па апостолски сирот моираше да ита кон автокоманда за да не дојде дека бугарите го ослободуваат скопје од германци, а до пред некој месец беа окупатори на истиот град.
4. во духот на братството и единството ја поремети националната демографска слика во делови од македонија, кога на пример можеше да илјадниците егејци место да скапуваат во ташкент, во полска, во маџарска да ги смести во р македонија( бугарите после секоја војна ,балканска, светска, илинденско ..прибираа македонци на големо и од македонци ги направија во голем дел најголеми борци за бугарската кауза)
5. маме и заплака на интелегенцијата , направи преврат на 2 заседание на АСНОМ, хајлендери како орлов од тиквешијата со 2 и пол минути школо ги направи управници на идризова со задача системски да ги толчат македонските родољуби на кои притоа најчесто во диригирани судски фарси им се лепаа етикети соработници на импрејализмот, бугараши и слично.....( е Македонијо првиот претседател ченто го осуди дека ке бегал во Грција за од тамо со англичани и американци да кова завера)
6.преку образованието младите македонци учеа за караџорџе, вук, 5-6 обавезно српско хрватски језик,за бој на косову, за цар душан а сиротите не знаеја до 91 на пр. кој бил ченто( некои и денес не сакаат да знаат), абер немаа за српската колонизација на повардарите мешу двете светски војни, за ВМРО контролирано учеа и само за она лево крило- социјалистичко , десното им го сервираа на бугариве за да после тие ни брчат.Тој систем инсталираше верувања , дека државата тито ни ја направил и дека треба да сме благодарни и послушни за тоа. Тиквешко востание..не бе чоек кај смееше за тоа да се зуцне, ВМРО Обединета дека и Александров потпишал- нема шанси да научиш. Ги судеа после војната илјадници македонци за ванчовисти за тоа што сиротите се дрзнале да посакаат македонско обединување.
7. не знам, стварно не знам дали за време на WW2 во некоја од другите републики е испратен делегат да ја контролира работата на КПМ И НОВ од една во др република како што тоа беше случајот со темпо во КПМ И НОБ во македонија ( 1943)
8. а бе Прохор Пчински во чија територија бил, не можам д асе сетам ...нешто чудно катастариве ја измешале работата тоа време
ова шо ми текна вака за период од неколку годинидо кај 1950, а ако навлеземе со национализацијата, со проколонијалниот статус на македонија која е третирана како место за црпење суровини, со ликвидација на македонска емиграција, со пречутните договори со грција за не потегнување на македонското прашање и слична....ама ај за тоа друг пат.
п.с. овие години гледав еден нас македонец кој зивее мислам овцарани и тие новинарите го прашуваат демек шо ти фали имаш кола, имаш работа, ова она а овој им вика а бе ќерка ми скаам да ја крстам донка ти не ми даваш, сакам македонец да се кажам ти не ми даваш е ај кажи дали сега добро живеам....ова за споредба за некои кога тврдат дека кога беше тито на времето имавме ова она, имавме да, можеби материјално беше посигурно ама ТИ беше македонец тогаш онолку колку што Белград ќе ти Дозволеше.