Матура

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Абе само оцена се рачуна , 5 ,4 ,3 ,2 .. е сеа зависи до факултетот , за одредена струка може да има и посебен калкулатор со кој соодветните и несоодветните предмети се множат со различни коефициенти.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Јас за интерните предмети сметам дека вака оде бодувањето:
Јака 5 - 8 поени
Слаба 5 - 7 поени
Јака 4 - 6 поени
Слаба 4 - 5 поени
Јака 3 - 4 поени
Слаба 3 - 3 поени
Јака 2 - 2 поени
Слаба 2 - 1 поен
Со единица преполагаш.
Јас мислам дека на ваков начин оде бодувањето кај интерните предмети.

mi kaza profesorkata bitna e ocenkata, ako imas pet i so minimum i so maksimum sekako se 8 boda. se mnozi ocenkata pr. 5*1.6=8, a kaj eksternite ocenkata pati 2 se mnozi.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Пресметување на поените кои ги носи матурата:
Среден успех од сите 4 години * 12 = мах 60 поени
Оценка од прв екстерен * процентуален ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од втор екстерен * процентуален ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од прв интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од втор интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од проектна задача * 0,8 = мах 4 поени
Пример:
Доколку првата година сте ја завршиле со просек 4,5
втора година со 4
трета со 4,25
четврта со 4,85
Средниот успех е 4,4. Тој се множи со коефициент 12, со што се добива
4,4*12=52,8 поени од вкупно 60 за успехот
Македонски добиваш (на пример) 4-ка. Оценката се множи со коефициент 2 и со процентуален ранг (од колку ученици во Македонија имаш подобар успех) да речeме 70 %:
4*2*70% = 5,6 поени
истиот начин и за вториот екстерен;
За интерните предмети оценката се множи со коефициент 1,6
Пример:
Доколку добите физика 3-јка
3*1,6 = 4,8
Оценката од проектната задача се множи со коефициент 0,8

На пример:
Доколку сте добиле 5-ка
5*0,8 = 4


Еве како се пресметват бодојте, за сите на кои не им е јасно.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
А вкупен број на напоредници знае некој колку изнесува ?? Ја се мислам меѓу 180 и 181(180 + Екваторот)
Исто за котлини со најголема густина на населеност во МК ги пишав Скопската,Полошката и Пелагониската котлина.Тоа мислам дека ми е точно.. За сообраќајот во МК одговорив дека е поделен на копнен (патен и железнички),воздушен и воден..
Има и едно прашање наброј ги земјоделските региони во МК,тука мислам дека треба да се набројат котлините во кои е развиено земјоделството или не сум во право ??
Брат, заедно со екваторот се 179 напоредници. За сообраќајот во Македонија мислам дека ти е точно и тоа за земјоделските региони мислам дека ти е точно.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Македонски - 4,
Математика - 2. :([/quo
a од каде знаеш има некаде да се провери, јас линкот што го имам не се отвора
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 21:03 ---
Македонски - 4,
Математика - 2. :([/quo
a од каде знаеш има некаде да се провери, јас линкот што го имам не се отвора
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
еве ви ги одговорите само од тие со заокружување по историја, 30 бода имате од овие само а 51 се вкупно прашања :)

1.г)Пела
2.г)Никоала Карев
3.а)Панко Брашнаров
4.б)Цицерон
5.б)Три
6.г)Нил
7.г)Диос
8.б)1767
9.в)Сликар
10.а)Тригве Ли
11.б)Милански Едикт
12.а)Востанието на Спартак
13.а)Иван Козарев
14.г)Пердика Први
15.в)Св.Спас
16.а)Питу Гули
17.б)Јури Гагарин
18.г)Битката кај Куркс
19.а)Франческо Петрарка
20.б)За буквите
21.г)Македонија станува римска провинција
22.в)На 8 септември 1991
23.а)Стоби
24.г)На 11 октомври 1941
25.в)Маршалов план
26.б)Во периодот 1946-1949
27.а)Во периодот 5-7 век
28.в)Финикијците
29.б)Требеништа
30.г)Архелај
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Професоров по филозофија ни даде 140тина прашања,ке ги постирам тука па кој има(л) слични прашања и ги има одговорите ако може нека ги пише..

1 Тема:
Воведни сознанија за Филозофијата
Предвидени за тестот 6 прашања (4 на заокружување+2 со дополнување)
1. Што е филозофијата?
2. Што значи зборот “филозофија” , од кои составки е изграден овој поим?
3. Што е предмет на филозофијата? Што открива таа?
4. Каков е односот меѓу науката и филозофијата според Бертранд Расел?
5. Кој е производ на филозофијата?
6. Дали филозофија има посебен јазик?
7. Кој знак е симбол на филозофијата?
8. Кои проблеми ги истражува филозофијата?
9. Како науките се одделувале од филозофијата?
10. Која е најстара наука?
11. Што значи филозофски систем?
12. Како се создава филозофска школа?
13. Каде се појавува филозофијата?
14. Што се учи во историјата на филозофијата?

2 Тема:
Античка филозофија
Предвидени за тестот 12 прашања (8 со заокружување+4 со дополнување)
15. Во кој период на светската историја се појавила филозофијата?
16. Кои духовни форми помогнале во развивањето на старата фиозофија?
17. Кои се првите старохеленски мислители? Како ги нарекуваат?
18. Што се случило на духовно поле во антиката?
19. Што е хилозоизам?
20. Колку филозофски фази има во антиката?
21. Зошто во милетската школа се дадени три различни одговори за Архе?
22. Според Питагора колку науките можат да бидат егзактни без математиката?
23. Што за Хераклит е битие, она вечното?
24. Како Хераклит го опишува движењето на светот?
25. Што учат за битието Елејците?
26. Каква е улогата на движењето и на промените? Дали тие реално постојат?
27. Како се нарекува учењето на Демокрит?
28. Што се атомите? Што е празниот простор?
29. Зошто Демокрит го нарекувале насмеаниот?
30. Каков критериум за вистинитоста и за другите вредности воспоставува Протагора?
31. Што значи нихилизам? Дали може да се биде доследен во нихилизмот?
32. Дали Сократ пишувал? Од каде ги познаваме неговите идеи?
33. Која е основната мисла на Сократ?
34. Што е целта на човековото живеење според Сократ?
35. Каков метод користел Платон во своите дела? Од кого го зел?
36. Што се идеите за Платон? Каков е светот на идеите?
37. Каква била школата на Платон?
38. Како треба да биде организирана државата? Дали таков систем е можен?
39. Чиј ученик,а чиј учител бил Аристотел?
40. Каква школа основал Аристотел?
41. Како кај Аристотел дејствуваат грагата и формата?
42. Кои се формите на политичката власт според Аристотел која од нив е најдобра?
43. Зошто се појавил скептицизмот и кога?
44. Каква филозофија градел Епикур?
45. Што значи електицизам?
46. Според Плотин во што се состои екстазата?
47. Според Плотин каква е мистичната љубов?

3 Тема:
Средновековна Филозофија:
Предвидени вкупно 6 прашања (4 со заокружување+2 со дополнување)
48. Кои се основните монотеистички религии?
49. Какви беа средновековните општества и држави?
50. Која е основната вредност за Исус Христос?
51. Каде се сретнале филозофијата и христијанството?
52. Кои се првите латински патристи?
53. Како Августин извршил пресврт во својот живот и во сфаќањата?
54. Како Бог според Августин го создал светот?
55. Што учел Августин во делото- За божјата држава?
56. Што е исихазам?
57. Кои биле првите словенски просветители? Од каде потекнуваат тие, што биле по образование и професија?
58. Каква дефиниција на филозофијата дал Св. Кирил?
59. Како ја учел етиката Св. Климент? Која е неговата етичка порака?
60. Што значи богомилство и какви биле неговите цели?
61. Кои се основните должности на човекот и верникот според Исламот?
62. Како арапските филозофи го толкувале односот меѓу филозофијата и религијата?
63. Што е сколастиката? Кои се нејзините културни цели и карактеристики?
64. Кој е најпознатиот сколастички мислител?

4 Тема:
Нововековна филозофија:
Предвидени 12 прашања (од кои 8 со заокружување+ 4 со дополнување)
65. Кои се најзначајните промени во ренесансата: социјални, политички, културни?
66. Каква е поврзаноста меѓу филозофијата и науката во ренесансата?
67. Како е третиран Галилеј кога ја прифатил теоријата на Коперник? Што барале од него?
68. Како се нарекува основното филозофско учење на Бруно?
69. Каков е соодносот меѓу макрикосмосот и микрокосмосот кај Бруно?
70. Со што Бруно ја надополнил хелиоцентричната теорија на Коперник?
71. Кој е основниот лозунг на Бекон?
72. Каков метод предлагал Бекон? Зошто сметал дека тој метод е најдобар?
73. Која е основната поставка на Џон Лок?
74. Дали според Лок, има вродени идеи?
75. Во која насока го развиваат емпиризмот Џорџ Беркли и Дејвид Хјум?
76. Колку и кои правила на методот за правилно сознание предлага Декарт?
77. Колку вида супстанции постојат? Зошто учењето на Декарт се вика дуалистичко?
78. Зошто Спиноза Бог го нарекува природа, а природата Бог?
79. Какво е учењето кое истакнува дека Бог е во се и се е во Бога?
80. Што се атрибутите на супстанцијата? Колку ги има кај Спиноза, колку од нив му се достапни на човекот?
81. Што се монадите? Какви својства има монадата?
82. Каков е квалитетот на овој свет според Лајбниц?
83. Што учел англискиот мислител Хобс за природата на луѓето и за односите меѓу луѓето во несредени односи?
84. По што најмногу е познат Волтер, за што тој постојано се борел?
85. Што сметал Русо, дали има вистински напредок во човечката историја?
86. Што значи енциклопедијата? Кој ја замисли и направи енциклопедијата?

5 Тема:
Модерната филозофија
Предвидени 12 прашања (8 со заокружување+ 4 со дополнување)
87. Што значи позитивизмот? Како тој ја толкува улогата на филозофијата наспроти науката?
88. Како Кант ја постави основата на современата филозофија?
89. Какви критики напишал Кант? Во кои области од филозфијата?
90. На кои два основни современи филозофски методи и правци Кант прави синтеза во својата критичка филозофија?
91. Што значи априорнот сознание?
92. Какво е етичкото учење на Кант? Која е основната категорија на моралот?
93. Што претставува филозофијата на Хегел во однос на претходната и во однос на идната филозофија?
94. Кои се основните карактеристики на дијалектичкиот метод според Хегел?
95. Каков филозофски систем замислил и изградил Хегел?
96. Што според Шопенхауер е основата на светот? Како тој ја објаснува метафизичката сила на волјата?
97. Дали волјата може да се задоволи? Како може да се смири волјата?
98. Што значи сочувството? Дали тоа учење има современи одгласи?
99. Кои три стадиуми во човековото мислење ги истакнува Огист Конт?
100. Дали во системот на науките кај Конт има место за филозофијата?
101. За што се залага економскиот либерализам?
102. Што сметал Адам Смит дали државата треба да го ограничува слободниот пазар?
103. Како слободниот пазар ги регулира економските текови?
104. Како Мил ја толкува слободата?
105. Каква е утилитаристичка етичка теорија?
106. Какви сознанија Маркс му понудил на човештвото?
107. Кои се најпознатите марксисти?
108. Кои се теми и области на интересирање на Маркс?
109. Зошто Киркегор го критикувал Хегеловиот систем?
110. Кои се карактеристики на егзистенцијата?
111. Какви се трите стадиуми на развојот на личноста според Киркегор?
112. Каква е улогата на Ниче во развитокот на духовната критика?
113. Каква е смислата на волјата за мок кај Ниче?
114. Зошто Ниче барал натчовек?

6 Тема:
Филозофијата на 20-ти век.
Предвидени 12 прашања (8 со заокружување+4 со дополнување)
115. Зошто кон крајот на 19 век и на почетокот на 20 век се сметаше дека филозофијата нема повеќе потенцијали и се очекуваше таа да нестане?
116. Кој го создал поимот Прагматизам? Дали во обичниот живот се користи тој термин?
117. Кој е авторот на- Прагматизам?
118. Каква задача и дава Дјуи на филозофијата?
119. Која е основната сила на живеењето според Берксон?
120. Што според Берксон значи отворен, а што затворен морал?
121. Кој е создавач и главен теоретичар на психоанализата?
122. Колку елементи на личноста постојат според психоанализата?
123. Како Едмунд Хусерл решил да го искористи феноменолошкиот метод?
124. Како тече феноменолошкиот метод?
125. Која е главната задача и вредност на филозофијата според Расел?
126. Која е концепција на Расел-логицизам или математицизам?
127. Што е неопозитивизмот, кога се појавил? Каде се развивал?
128. Што мислат неопозитивистите за филозофијата? Што сметаат дека може да остане нејзин единствен предмет?
129. Што е филозофијата на егзистенцијата?
130. Според филозофијата на егзистенцијата, што е про егзистенцијата или есенцијата?
131. Што учел егзистенцијализмот на Сартр?
132. Што е човекот според Сартр, која е неговата главна карактеристика?
133. Зошто Попер тврди дека нема закони на движењето на историјата?
134. Дали слободата според Попер е важна за современиот човек?
135. Што е кибернетика и кој е создавач на оваа идеа?
136. Кои се најпознати теми на Фром?
137. Која вредност Фром ја смета за основна за човекот и за хуманоста?
138. Што е биоетика?
139. Што е еколошка етика?
140. Зошто се појави постмодернизмот?
141. Кои се карактеристики на постмодернизмот?
142. Дали има постмодернистичка филозофија?
143. Кои се најзначајни македонски филозофски мислители?
144. Кон што се ориентирал во својата дејност Јонче Јосифофски?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Англиски - 4ка со 51 од 60 поени
Автоматика - три петки имаше во цела генерација меѓу кои и јас.
Морав англиски подобро ама то е ко ќе си замерен со професорката
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Англиски - 4ка со 51 од 60 поени
Автоматика - три петки имаше во цела генерација меѓу кои и јас.
Морав англиски подобро ама то е ко ќе си замерен со професорката
ОД кај знаеш за англиски ????:eek::eek::eek::eek:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Ако добро се сеќавам, он рече дека Англиски му е интерен.
За интерните веќе има резултати :)
аа така може :)
Иначе јас видов резултати денес
Биологија 95 поени- 5
Клиничка хемија 82 поени - 4
сега уште македонски и англиски и да почне ивковата слава:pos::pos::pos::pos:
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Едниот интерен ми е 4ка, само четири 5ки имаше од кои двајца за едно бодче ја фатија :icon_lol:, другиот интерен 5ка, со најмногу поени од сите, а четири години по тој предмет имав тројче :pos:
Ајде се чекаат сега екстерните, се надевам на 4ки, но се си мислам некое тројче ќе ме изненади. :eek:
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

Kajgana Shop

На врв Bottom