L
.Lost Angel.
Гостин

ОМГ
Еве да отворам една тема за овие луди ствари кои сакам барем еднаш да ги пробам? каде има тука на балканов ваква ствар? колку пари е?Ова е најстрашниот парк во светот
Во кинескиот забавен парк Chimelong Paradise на секој чекор се наоѓаат кантите за повраќање. Најмногу ги има кај гигантскиот ролеркостер, но исто така можно е да ви се слоши од повеќето негови атракции.
Паркот се наоѓа на 13 километри од Гуангзо, третиот по големина град во Кина. Овој регион е повеќе познат по своите фабрики отколку по возбудливите возења, но сепак многумина чуле за него.
Во неговиот комплекс има крокодилски парк, циркус и тури за сафари, како и огромен воден парк и разновидни ролеркостери. Сето тоа е по поволна цена. Има повеќе од 60 понуди на различни возења, вклучувајќи ролеркостер кој го држи Гинисовиот рекорд по број на искачувања и падови.
Пред да одите на тоа патување, треба да знаете дека во Кина се регистрирани 90.000 случаи на смрт на работно место, што е скоро четвртина од бројката во светот. Во паркот Шенжен близу Chimelong Paradise, во 2010 –та година загинале шест луѓе, додека десет се повредени.

