- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Сега, откако знам дека единствено Тодор Александров се борел и умрел за Македонија, можам слободно да си ги искинам изводот во кој ми пишува дека сум Македонка.
Не е игра на зборови, кога ќе ја пресечеш главата телото нема да функционира. Тоа го сторил Тошка. Груевски и Мане сега, на многу сељачки начин, се обидуваат да ги рехабилитираат некои луѓе. За овој споменик не е веќе проблем што е направен, проблем е што воопшто им текнало на овој човек.
Имам директно прашање до тебе: штом го поддржуваш спомеников на Тодор, дали го поддржуваш и споменикот на Симеон Радев?
Факт е дека се борел и дека тоа го барал исто како што е и факт дека претходно имал други идеи и темно минато. Затоа и не смее да се изедначува со тие како Гоце, Даме, Јане итн
Се сложуваме дека процесот на рехабилитација кој го бираат е погрешен.
Првите чекори треба да се остават на историчарите па после преку пат на еволуција да си дојдат нештата каде што треба. Наглите дејствувања не носат арно.
А и пред Александров има многу почисти кои треба да се рехабилитираат.
Кога се запна за Радев, одговорот е не. И добро е што заврши таа склуптура некаде каде што нема ни да излезе повеќе.