Иронично е што мислите дека се беше до Ари и сега новиот демек се ќе направи да се подобри состојбата..
НИШТО НЕМА ДА БИДИ ПОАРЕН!
Прво, кој и да дојде после Хари, се разбира дека нема да може да ја подобри состојбата, барем сигурно не во првите 5 години. Кој и да е, магионичар да е. Хари толку многу го УНИШТИ, ИСЦРПИ македонскиот фудбал, што истиот сега е во кома, пред клиничка смрт. Најдобриот да го имаме, не може одеднаш да ја среди оваа никаква, “исподнула„ состојба која Хари ја направи. Гробар на македонскиот фудбал.
Второ, нема да биде поарен... За иднината, не можеме да знаеме. Ниту ти, ниту јас, ниту било кој не е баба Ванѓа за да знае како ќе биде во иднина. Ама затоа, од друга страна, СИТЕ ЗНАЕМЕ како е СЕГА, во овој момент, во оваа секунда, во овие измачувачки години колку што Хари си го ладеше во фотеља. Значи се реагира за
сега. Кога нешто не чини, се трга. Кога млекото се расипува го фрлаш, не викаш, е што да купувам друго и тоа ќе се расипе, па затоа ќе си го чувам ова.
Овој што е моментален - НЕ ЧИНИ, ти не можеш едноставно никако да го оправдаш. Тој што ќе биде после него ако не чини и тој ќе треба да се смени, се додека не дојде некој што го бива.
Не е битно дали си од Прилеп или од било каде, ама не давај примери дека си од дијаспората, затоа што ако си... немаш право да зборуваш за македонскиот фудбал, па уште назгора да го браниш Хари, човекот заради кој на сите им е срам кога гледаат фудбал, човекот кој успеа до корен да не срозе сите и да ни го уништи оптимизмот дека фудбалот некогаш ќе се развие... Ако живееш надвор, не зборувај, затоа што не знаеш како е да седиш пред телевизор и да гледаш како полека умира последната надеж за фудбалот во државата.
Даме Груев мислам дека го имаше ова кажано:
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај!
Подобро да стагнира фудбалот додека не се реформира, него да се случува оваа бавна смрт и мачење.
Фала Богу дека не е се до Хари, неговите лепливи пипци имаат пуштено многу длабоки корени во ФФМ, затоа се тоа треба да се исече, а не да се каже... нека седи, тој после него поарен нема да биде.
Тој после него не знам каков ќе биде, ама овој знам каков Е!