- Член од
- 30 септември 2011
- Мислења
- 2.714
- Поени од реакции
- 2.599
Дефинитивно повлекување: Хаџи-Ристески им ветил заминување на опозиционерите
Иницијативниот одбор за промени во ФФМ, откако вчера Управниот одбор на ФФМ на чело се претседателот Хари Хаџи-Ристески се самораспушти и закажа Вонредно изборно собрание за 29. јули, денеска место претходно планираното свое Вонредно собрание во „Александар Палас“ одржа прес-конференција на која беше соопштено дека се согласуваат со условите за одржување на Собранието на 29. јули.
Притоа, Стојанче Златановски и Иван Путилин нагласија дека по преговорите на двете страни добиено е ветување дека Хаџи-Ристески нема повторно да се кандидира за претседател на ФФМ.
„Нашата цел за промени во ФФМ конечно е исполнета. Хаџи-Ристески дефинитивно заминува. Во меѓусебните разговори претходниве денови добивме негово ветување дека нема да се кандидира повторно за претседател на ФФМ. Ние и денеска можевме да одржиме Вонредно собрание на кое ќе го разрешевме, но не сакавме да провоцираме на тој начин некакви реперкусии пред ФИФА и УЕФА. Затоа, промените ќе следат на 29 јули“ – истакна Златановски, на кого се дополни и Путилин.
„Искрено се надеваме дека ова е почеток на многу подобри денови за македонскиот фудбал“.
Иницијаторите, притоа, соопштија дека немаат никакви забелешки на последните одлуки на УО на ФФМ кои се донесени пред се на нивно барање, а единствено ќе инсистираат Вонредното изборно собрание на 29. јули место во Охрид да се одржи во „Александар Палас“ во Скопје.
Притоа, пред медиумите беа презентирани и имињата на членовите на избраната Ад-хок група која заедно со канцеларијата на ФФМ ќе има задача да го подготви и организира престојното Собрание. Во таа група ќе бидат Стојанче Златановски, Иван Путилин, Димитар Ѓонов, Љубомир Ѓурчевски, Тони Ивановски, Драги Серафимов и Абел Халими.