Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Да бе и од толку борци и револуционери, тие најконтроверзниот го најдоа да го стават.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
:) Гоце Делчев - Учител во Бугарска Школа = предавник со тапија
Јане Сандански - член на Народната Федеративна Партија и тоа БУГАРСКОТО крило = Предавник со тапија
Христо Татарчев "Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии," = Предавник
Ме мрзи уште да ги редам предавнициве ама имаш еве уште еден мој пост со уште 3-4 предавници како Џинот и сл ...
Сине,па и ти си предавник,а те раниме од наша почва.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не сметале дека имаат античко потекло.Секогаш кога се збори за Кралството Македонија и неговите кралеви се збори само за регионална поврзаност и како историски пример.Зошто некој војвода напишал борете се како војниците на Александар Македонски не значи во никој случај дека он сметал дека е со директно потекло од нив.

Генералот Џексон во Американската граѓанска војна константно ги тренирал своите војници да го користат бајонетот како sarissa и дека треба секогаш да ја држат линијата како фаланга.Плус омилен маневар му бил преку брзо двиежње да излезе во позадината на непријателот.Да не значи тоа дека Конфедерацијата биле потомци на Александар?
Немаш врска од историја....
Повеќето Македонци во 19 век мислеле дека се потомци на атичките Македонци, за кои мислеле дека биле чисти Словени.
По мислењата ми делуваш како да не си етнички Македонец.

Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавуви статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење од 1870 година; Во "Македонското прашање" објаснува дека некои Македонците во тој период сметале оти терминот Бугар ознаува исто што и Словен, а дека Македонските Словени потекнуваат од античките Македонци- кои биле стари Бугари(стари Словени) или како што Славејков вели "она мислење (на македонистите) дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени"; за други пак Македонци, се` бугарско било татарско и оваа партија на Македонци се сметале за чисти Словени поразлични од бугарските, а Бугарите биле чисти Татари. Најдрагоценото нешто од Славејковата статија за Македонското прашање е неговата потврда дека македонистичкото движење во 1871 г. било масовно и претворено во реалност, со потврда дека македонскиот народ бил изграден во тоа време, спротивно од бугарскиот народ, за кој Славејков пишува “неустроениот наш народ“. Уште еден факт на Славејков е многу значаен за македонската историографија, а тоа е изјавата на Славејков дека ова масовно македонистичко движење, кое не било ново, било целосно забрането да се коментира во сите медиуми до тогаш (1871 г.), очигледно за да може пред целата светска јавност да се тврди дека Македонците се дел од бугарското племе (Статија на Петко Рачов Славејков в'в вестник “Македонија”, издаван в Цариград, година V, бр. III от 18. 01. 1871 г., Цитирано по С'брани с'чиненија, т. 7. Публицистика, С: Б'лгарски писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

Македонското прашање на бугарскиот пропагатор Славејков:
http://bg.wikisource.org/wiki/Фајл:MacedonianQuestion1.jpg
http://bg.wikisource.org/wiki/Фајл:MacedonianQuestion2.jpg
 
D

dagau

Гостин
Сине,па и ти си предавник,а те раниме од наша почва.
Добро кажа он, ако ми дадеш 10 изјави од Тодор каде се чувствува бугарин, јас ќе ти дадам уште 20 од Јане Сандански или Гоце Делчев. Поентата е што на едните не им се припишуваат, додека на крвникот (пошто таманел срби кај ќе стигнел) само тие му се важат. Сигурно и македонските почитички организации ширум светот биле про-бугарски, штом го велат ова 20тина дена по смртта на Тодор Александров во 1924г...

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина
Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
:) Незнам кој бега ;) читна ли за елино-македонски комитет и неговото дејство или не :) ?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 13:25 ---

човекот вика дека сме ЧИСТИ БУГАРИ бре ...
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 13:26 ---

(y)
Се гледа дека си тазе Бугарин и не ти се јасни работиве многу. Терминот Бугарин не означува тоа што ти сакаш да означува. :) Уште од Византија има Бугари тука, и не само Македонците, туку и Србите и Босанците и сите оние народи кои влегуваат во тема Бугарија во склоп на Византија.:)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Со овие може да искочи и дека Михајлов бил Македонец,ама го убил Александров оти имале различни мислења.
Да да може и така да испадне на крај..
За Михајлов знам дека во време на фашистите, Анте Павелич и компанија му понудиле да биде претседател на Македонија ,тој одбил од причина дека не сакал да соработува со фашисти.. Колку е ова точно и како може да се протолкува како Македонец или како Бугарин не знам.. Сепак повеќе мислам дека сепак Александров е правиот Македонски чауш него Михајлов..
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

За то време Михајлов беше фашист и сакаше да создаде фашистичка бригада, и квинслишка држава, но успеал да убеди само десетмина.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
За то време Михајлов беше фашист и сакаше да создаде фашистичка бригада, и квинслишка држава, но успеал да убеди само десетмина.
А зашто би одбил да биде на чело на Македонија ако бил фашист?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
А зашто би одбил да биде на чело на Македонија ако бил фашист?
ова за кое ти сега зборуваш е за време на Втора светска војна, тогаш терминот не е погоден,тоа е некаде околу 1943-44 год, во време кога се гледало дека Германија ке ја изгуби војнаата така да ке имало само негативни последици по МКД а друго веке било касно пошто нашиот народ веке бил вклучен во НОБ на страна на сојузниците.Инаку кога станува збор за Анте тој уште за време на формирање на СХС барал МКД да биде посебна федерална единица ама србите не се сложувале.

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А зашто би одбил да биде на чело на Македонија ако бил фашист?

Ти лошо си разбрал.
Дошол човекот тука, не добил поддршка за фашистичка политика и трк назад за Италија.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Да да може и така да испадне на крај..
За Михајлов знам дека во време на фашистите, Анте Павелич и компанија му понудиле да биде претседател на Македонија ,тој одбил од причина дека не сакал да соработува со фашисти.. Колку е ова точно и како може да се протолкува како Македонец или како Бугарин не знам.. Сепак повеќе мислам дека сепак Александров е правиот Македонски чауш него Михајлов..
Михајлов кога му понудиле војната веќе била изгубена а партизаните се гледало дека ќе преземат кога Германците ќе се повлечеле.Да ја направел тогаш Македонија само ќе бил фатен и стрелан како соработник на фашистите после војната дека немало шанса да собере војска и да се бори против партизаните а и во секој случај Советската и Бугарската армија ќе го сределе и да бил успешен против партизаните.

Да му ја дале истата понуда веднаш кога била окупирана Македонија сигурен сум дека ќе прифател.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Сине,па и ти си предавник,а те раниме од наша почва.
кого раниш бе па ти :D :D
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 16:01 ---
Се гледа дека си тазе Бугарин и не ти се јасни работиве многу. Терминот Бугарин не означува тоа што ти сакаш да означува. :) Уште од Византија има Бугари тука, и не само Македонците, туку и Србите и Босанците и сите оние народи кои влегуваат во тема Бугарија во склоп на Византија.:)
Гледаш ли кај е проблемот ... не сум Бугарин , Македонец сум јас само пренесувам што читам ништо поише :) значи Македонците немале национална свест така е според тебе ?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 16:02 ---
"Taму каj Пинд и Шар
Кaj Струма и Вардар,
Каде се е покриено
Со длабоки рани,
Достоjни потомци
на Велик Александар,
хероjски се борат
Со вековни тирани..."
в. "Автономна Македониja", септември 1903 г.
баш фина песна :)
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 16:04 ---
Немаш врска од историја....
Повеќето Македонци во 19 век мислеле дека се потомци на атичките Македонци, за кои мислеле дека биле чисти Словени.
По мислењата ми делуваш како да не си етнички Македонец.

Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавуви статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење од 1870 година; Во "Македонското прашање" објаснува дека некои Македонците во тој период сметале оти терминот Бугар ознаува исто што и Словен, а дека Македонските Словени потекнуваат од античките Македонци- кои биле стари Бугари(стари Словени) или како што Славејков вели "она мислење (на македонистите) дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени"; за други пак Македонци, се` бугарско било татарско и оваа партија на Македонци се сметале за чисти Словени поразлични од бугарските, а Бугарите биле чисти Татари. Најдрагоценото нешто од Славејковата статија за Македонското прашање е неговата потврда дека македонистичкото движење во 1871 г. било масовно и претворено во реалност, со потврда дека македонскиот народ бил изграден во тоа време, спротивно од бугарскиот народ, за кој Славејков пишува “неустроениот наш народ“. Уште еден факт на Славејков е многу значаен за македонската историографија, а тоа е изјавата на Славејков дека ова масовно македонистичко движење, кое не било ново, било целосно забрането да се коментира во сите медиуми до тогаш (1871 г.), очигледно за да може пред целата светска јавност да се тврди дека Македонците се дел од бугарското племе (Статија на Петко Рачов Славејков в'в вестник “Македонија”, издаван в Цариград, година V, бр. III от 18. 01. 1871 г., Цитирано по С'брани с'чиненија, т. 7. Публицистика, С: Б'лгарски писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

Македонското прашање на бугарскиот пропагатор Славејков:
http://bg.wikisource.org/wiki/Фајл:MacedonianQuestion1.jpg
http://bg.wikisource.org/wiki/Фајл:MacedonianQuestion2.jpg
Да не се лажеме повекето не имало некои како Пулевски ама повекето тоа не биле
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Тазе бугарин бил па и јас делам исто мислење со methMKD ако кажува некои вистини историски потврдени одма плукање .
Грешка да не е дека дејците на Македонија тој период пишувале бугарски биле членови на бугарската егзархија.
Денес Македонија благодарение на Лазо и другарите што им се смеете ја оствариле желбата на Мисирков Македонија по 45 добила и кодифициран јазик и писмо 67 пак со одобрение пак на Лазо е формирана и МПЦ.
Денес македонците не делиме ништо со бугарите како пред 100 години што било.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Предлог до ВМРО,штом поставија споменик од Александров,да постават и споменик од Владо Црноземски некаде во Скопјево.
Фала.
Убиецот на Димо Хаџи Димов..??! Зошто да не.
Ако може убиецот на Ѓорче Петров да добие споменик зошто не и Владо.. Покрај Македонци барем убил и вистински македонски крвник.

Да се тврди дека нема разлика меѓу Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и од другата страна Тодор Александров, Ванчо Михајлов и нивното влијание на македонското револуционерно дело и национална идеја е глупост.
Ако некому не му е јасно уште повеќе може да се увери за разликата меѓу нив од писмото каде дотичниот пишува:
..."тесникот - болшевик Х. Димов, анархистот - мрзливец Герџиков, шмеќерот - велзевул Ѓорче, предавниците во минатото и сега на бугарскиот народ санданисти кои говорат и агитираат дека треба да се бара автономија на Македонија, зашто таа е одделна економска и географска единица со самостоен македонски народ со сопствена историја во вековите..."

И официјално македонската власт им го сврте грбот на Македонците во Бугарија. Со што сте поразлични од бугарските власти и држава???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom