Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
B

Black Guard

Гостин
Да, ама тие го почитувале Алексадров, не можеле да бидам Македонци. Овие што избегале во странство се правите Македонци...
Ирелевантно е дали го почитувале или не(барем за мене),некои добија покана и се пријавија а други поминаа илјадници километри за да си ја остварат должноста спрема државата и општеството.


А ако пукне сега сигурен сум 100% дека минимум 80% од тие со БГ пасош кои сеуште се тука поради "Х" причини први ќе ја киднат.


Јохан исто пиша писмо во кое си се казни себеси кога побара некои работи да се заборават,кога беше амнестијата врз шипците.Браво за него,ем сам се казни,ем ги казни тие што загинаа 2001,се со цел неговиот цар да го задржи тронот.Најголемото предавство го изврши оваа власт,кршејки ги сите права и амнестирајки терористи.Јазк да им е лебот кој го јадат секој ден,да ослободиш sверови кои убиваа наши војничиња и цивили,наши роднини.Кои се они да амнестират слепи да одат маме им@@@?Еј Македонијо,да ти го земат најмилото и ти пак да се правиш рамнодушна.Немаме ние национална свест,всушност ние немаме никаква свест,оперирани сме од секакви чувства,чим не го срушивме собранието и владата сосе тие 120 лингури внатре,затоа ќе не јаваат сите.Глуп народ.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2

Кастор иронија е што се повикуваме на меѓународно право(случај со грција) а во пракса најгрубо го прекршуваме, тие злосторства не застаруваат но џабе е веќе кога се амнестирани а согласно меѓународно право терорист нема шанси се изедначува со војник(тоа е СРАМ за војник),оттука не може да биде воен заробеник правниците одат до крајна линија дека дури и човекови права не важат за истите(хинт-гвантанамо),да потсетиме-врзување на цивили а до нив неколку килограми експлозив-класичен тероризам во стил на хамас(заложниците често беа со експлозивни направи),масакрот на специјалните единици,палење на телата по 150 куршуми во глава(тоа се 5 рамки),сечење на делови од тело..сликите ги имаше во едно списание,манифест се викаше ако не се лажам-на тоа и на такво нешто и нацистите неможеа па и да го активираат "мозокот" такво нешто не ќе направеа,работниците,исекотини,глад ги терале да се молат на алах за капка вода,имало и сол на рана(муџахедините им правеа така на Руските Спецназ во авганистан),тоа е нешто што НОРМАЛНА ПРАВНА ДРЖАВА а воедно и Држава активна(воено и политички) во борба против тероризам и тоа петта на листа по учество не смее да дозволи,всушност и уставот тоа не го дозволува но за жал на некои власта им е побитна од Честа,Достоинството и ПРАВДАТА.

Всушност една од причините за терористичкото дело пред велигден е токму нашата петта позиционираност процентуално во НАТО мисиите,и тоа им удара во глава на вахабистите-а можеа на една шпанија кормилото да и го завртат за 180 степени со бомбашките напади.

Кај нас не можат,многу сме одлучни.

Излишно е да коментирам јасно им е на СИТЕ,тука барем нема ништо матно.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
ај ќе те молам немој вака, јас едно пишам ти враќаш нешто сосема друго, ова ти што си ми постирал е тоа што го зборувам јас дека врховистите се военото крило на ВМРО, тука се мисли на генарали и слично во БУГ армија, и тука нема врска со тоа што пишуваш антички или марсовски македонци, времето и настаните се сосема други, и не можат да се гледаат од денешна гледна точка, ете читај и од Карев, можеш да заклучиш дека во тоа време односите со бугарите биле поблиски одколку со другите, т.е. од нив очекуваале пореална помош, или како што вика и турците да им излегле во пресрет и со нив ке се фатеа пријатели.

п.с. ако продолжиш да дискутираш ке те молам без спинови, да не излезе од тема за Тодор да прајме муабет за галичица
Ти почна за Шахов да ми кажуваш јас ти покажувам Шахов со кој се дружел де .... :)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
Ти почна за Шахов да ми кажуваш јас ти покажувам Шахов со кој се дружел де .... :)
ти веќе зборуваше за Шахов, јас само се уклучив и прокоментирав за врховниот комитет, а дружбата нема врска, јас пробав да ти објаснам ама ти очигледно не сакаш да сфатиш што ти зборува некој друг, нешто друго ти се врти во умот, ама нема врска, нема ни потреаба да продолжуваме, ке ја отераме темава у пм,
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Може ли да се стави анкета да видиме колку се за поставување на овој споменик во кисела вода, а колку се против тоа?
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Да ама проблемот е што Коста Шахов бил врховист којшто се залагале за припојување на Македонија со Бугарија ... сфакаш ?
[
Не би отварал дискусија и бегал од поентата. Незнам зошто постојано бегаш од тоа што го пишувам. Имало многу револуционери и преродбенци што сметале дека Македонците имаат античко потекло. Незнам што ти е тешко тоа да го прифатиш.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не би отварал дискусија и бегал од поентата. Незнам зошто постојано бегаш од тоа што го пишувам. Имало многу револуционери и преродбенци што сметале дека Македонците имаат античко потекло. Незнам што ти е тешко тоа да го прифатиш.

Не сметале дека имаат античко потекло.Секогаш кога се збори за Кралството Македонија и неговите кралеви се збори само за регионална поврзаност и како историски пример.Зошто некој војвода напишал борете се како војниците на Александар Македонски не значи во никој случај дека он сметал дека е со директно потекло од нив.

Генералот Џексон во Американската граѓанска војна константно ги тренирал своите војници да го користат бајонетот како sarissa и дека треба секогаш да ја држат линијата како фаланга.Плус омилен маневар му бил преку брзо двиежње да излезе во позадината на непријателот.Да не значи тоа дека Конфедерацијата биле потомци на Александар?
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Не сметале дека имаат античко потекло.Секогаш кога се збори за Кралството Македонија и неговите кралеви се збори само за регионална поврзаност и како историски пример.Зошто некој војвода напишал борете се како војниците на Александар Македонски не значи во никој случај дека он сметал дека е со директно потекло од нив.

Генералот Џексон во Американската граѓанска војна константно ги тренирал своите војници да го користат бајонетот како sarissa и дека треба секогаш да ја држат линијата како фаланга.Плус омилен маневар му бил преку брзо двиежње да излезе во позадината на непријателот.Да не значи тоа дека Конфедерацијата биле потомци на Александар?
Не би рекол, речиси сите сметале дека се директни наследници на Александар Македонски. Барем Карев така сметал. Не се работи за никаква „регионала поврзност“ или парабола. Директно си велат луѓето. „АМ е наш цар“ „АМ е наша национална гордост“ „Ние сме деца на АМ“ „Ние се наследници на АМ“ ни војска ни бакрачи. Прочитај документи.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
Не сметале дека имаат античко потекло.Секогаш кога се збори за Кралството Македонија и неговите кралеви се збори само за регионална поврзаност и како историски пример.Зошто некој војвода напишал борете се како војниците на Александар Македонски не значи во никој случај дека он сметал дека е со директно потекло од нив.

Генералот Џексон во Американската граѓанска војна константно ги тренирал своите војници да го користат бајонетот како sarissa и дека треба секогаш да ја држат линијата како фаланга.Плус омилен маневар му бил преку брзо двиежње да излезе во позадината на непријателот.Да не значи тоа дека Конфедерацијата биле потомци на Александар?
има голема вистина во тоа тоа што го пишеш, факт е дека многу лидери имаат такви изјави, али едно е тоа а друго е кога некој изјавува'' Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост'', сепак има разлика.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да ама проблемот е што Коста Шахов бил врховист којшто се залагале за припојување на Македонија со Бугарија ... сфакаш ?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 10:42 ---

Пази сеа шо збориш ... како прво во ова востание е учесник и Дедо Иљо Малешевски којшто освен на востаниево бил учесник и во сан стефано кајшто бил претставник на Бугарија и се залагал за Сан-стефанска Бугарија па ти сеа пресметај си ...

Мисирков јасно кажувал дека сме словени бре какви антички Македонци

Прличев прв пут слушам за вакво нешто најверојатно не е вистина

Димитар Македонски oh yeah "И jа понаучете си малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата како што некои си дозволуваат да докажуваат оти колку што ние знаеме тие не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне" види го твојот антички Македонец што кажал :)

Џинот ! џинот има изјава во "Цариградски весник" ако сакаш побарај ја ако не јас ќе ти ја напишав е таму како јасно си кажува што мисли .... веруј не збори за антички Македонци :D

патем или јас сум ќор ама каде у она записон пишува дека бил македонска војска на александар ?
За кои ли Бугари зборел овој? За тие Бугари кои не се изгубиле од лицето на земјата, за тие Бугари кои ги покрстил Апостол Павле, за Бугарите на Филип и на Кирил и Методиј.



:D
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Од споменик на Војвода на коњ односно Тодор Александров како успеавте да го отерате муабетот до кај што е сега?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Не би отварал дискусија и бегал од поентата. Незнам зошто постојано бегаш од тоа што го пишувам. Имало многу револуционери и преродбенци што сметале дека Македонците имаат античко потекло. Незнам што ти е тешко тоа да го прифатиш.
:) Незнам кој бега ;) читна ли за елино-македонски комитет и неговото дејство или не :) ?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 13:25 ---
За кои ли Бугари зборел овој? За тие Бугари кои не се изгубиле од лицето на земјата, за тие Бугари кои ги покрстил Апостол Павле, за Бугарите на Филип и на Кирил и Методиј.



:D
човекот вика дека сме ЧИСТИ БУГАРИ бре ...
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 13:26 ---
Од споменик на Војвода на коњ односно Тодор Александров како успеавте да го отерате муабетот до кај што е сега?
(y)
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
:) Незнам кој бега


(y)
"Taму каj Пинд и Шар
Кaj Струма и Вардар,
Каде се е покриено
Со длабоки рани,
Достоjни потомци
на Велик Александар,
хероjски се борат
Со вековни тирани..."

в. "Автономна Македониja", септември 1903 г.
 
D

dagau

Гостин
Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров (еве ви ја егзактната причина зашто Тодор е оцрнет во нашата историја), а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.
(Париски Журнал, септември 1923 год.)

 
М

Мартин`

Гостин
Такви биле условите во таа Македонија па морале да калкулираат, да прават договори, да кажуваат дури и работи кои не ги мислат со цел да добијат помош.. важно на сите во поголемиот дел целта им била една слободна и независна Македонија. Глупаво е да мислиш дека Александров се борел Македонија да биде во составот на Бугарија кога има дури и фотографии (ја поставив во првиот пост) каде што јасно се гледа фамилијата на Александров носи знаме “През гол.. км независна Македонија“.

Можеби порано ова ќе се разрешело и денеска ќе сме имале став што навистина бил ако 50тина години комунистите не го переле мозокот на народот, истите оние што го убија Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров и уште еден куп херои наши.

Да не напоменувам тука и за јаката Бугарска пропаганда и “Бугарска историја“ на која 99% од хероите баш од Македонија потекнуваат.. изгледа западот бил многу поактивен и попатриотски расположен.. западот (татаромонголци) ориз произведувале.


И уште нешто што ми е најсмешно ..
Личности кои се ограничени и не прочитале нешто повеќе а тврдат дека бил 100% предавник.. абе ајде (n)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Гледам многу не сте по историјата, па да ви појаснам.
Грците сиите словенски народи ги нарекуваа ВОУЛГАРОИ, а како Македонците учеа по грчки училишта од 1767 г., го прифатија овој термин како замена за Словен. Така, Кирил Македонски пишува дека Македонците на Аце Велики биле чисти Бугари (Словени), потоа Мокренскиот Летописец (Поградец) од 18 век пишува дека и Чесите се чисти Бугари (Словени), итн.

И Србите беа “Бугари“ за Грците. Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што запишал: „Грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот Бугар означува Словен“ (Петар Драгашевић. "Маћедонски Словени", 1890 г., Београд). Друг српски учен кој престојувал како во Македонија и Грција во 19 век, проф. Јован Цвијиќ, сведочи: “кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат “Бугари“ и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим (Јован Цвијић. "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Истот тој Др. Јован Цвијиќ дава слика за националната свест на Македонците од тоа време и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribičević: „ Diktatura kralja Aleksandra”, V. poglavlje, str.128). Не само српските учени, туку и британско-ирскиот историчар Wilkinson тврди дека во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја и селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: страна 149).

Зошто Грците сите Словени ги нарекуваа Бугари во минатото? За да се разгатне ова, мора да навлеземе подлабоко во историјата, во времето на Византија, чие вистинско име беше Романија. Византија т.е. Романија или Источното римско царство, своите жители ги декларираше не на етничка база, туку секогаш географски, по Темите каде што живееле. Тема е византиска воено-административна област, со посебна управа, но потчинета на Византија т.е. Романија. Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население, за затоа за полесно да ги асимилира, но и лоцира своите поданици, Византија секогаш ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име. Тенденцијата на Византија беше сите византиски народи да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, жителите на тема Бугарија беа географски ромејски Бугари, но не и етнички. Грците од византиско доба, па се` до пред стотина години се нарекуваа исклучиво Ромеи т.е. Византијци.

Од 972 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија. Слободните територии на Самоил и неговите браќа, Византијците не ди признаваа како посебна држава, туку тие за нив беа само бунтовници. По пропаста на Самоиловото Царство во 1018 г. Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Инаку, темите како административно уредување беа воведени во Византија уште од 9 век. За да ги асимилира различните етникуми во својата држава во Ромени (Византијци), Византија ги менуваше вистинските етногеографски имиња на областите, добиени по името на етносите кои ги населуваа тие територии, во нови, кои немаат врска со националноста на домицилниот народ. Поради тоа, Византија само ги дислоцираше имињата од една во друга византиска област. При тоа, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се византиски тематски жители и поданоци- Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина, беа сместени во тема Тракија, а жителите на оваа нова тематска Тракија од Визатија беа нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегоа во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија тематски “Бугари“, поданици на Византија. Права, вистинска Бугарија ја направија тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите по византиската книжнина беа нарекувани Паристрионци или Мизи (извори: Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).

Седиште на темата Бугарија бил градот Скопје, од каде се управувал не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представуваа во средниот век “Бугари“- жители на темата Бугарија. Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26). Во истиот период, вистинските Бугари за Византијците представуваа Мизи или Паристрионци- жители и поданици на византиската Тема/област Паристрион или Мизија.

Скилица, најголемиот византиски хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекуваше Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин го нарече „Цар на Бугарите“, додека целата негова војска составена од Црногорци, Срби и Македонци ја окарактеризира како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Неговиот татко Јован Владимир (кнез зетски т.е. црногорски), византиските хроничари го именуваа како Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи Црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Византискиот хроничар од средмиот век, Михаил Псел, за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) напиша дека тоа е востание на племето на "Бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).




--- надополнето: 27 јуни 2012 во 14:23 ---
Теофилакт Охридски, родум Грк од Еврип, е, Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Бугари се сите поданици на византиската тема Бугарија. Бидејќи и самиот Теофилакт Охридски бил жител на темата Бугарија, се сметал за Бугарин.

Друг охридски Архиепископ од 1216 година, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), поради тоа што немал добри познавања до каде се простираат границите на византиската тема Бугарија, сите словенски народи на Балканот ги нарекува Бугари - Волгарои. Во познатата “Охридска Легенда“, тој објаснува дека “Бугарите“ го населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија (Охридска легенда- автора на житието — охридскија архиепископ Димитриј Хоматиан; Ал.Милев, Гр'цките житија на Климент Охридски" , 1966 г. ). “Папата го ракоположил Св. Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (мили на тема Бугарија мое дополнување), а Св. Kлимент бил ракоположен од Св. Методиј за епископ на "бугарскиот народ" од Илирик“- пишува Хоматијан (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171).
Дека во тоа време поимот "Бугар" ги означувал словенските жители на византиската Тема Бугарија , но, не и посебна народност, доказ се и останатите документи од времето на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан. Од негово време имаме зачувано записи на луѓе од Македонија кои се декларирале "по род Македонци" во времето кога Охрид бил во состав на Епирската држава, па со сигурност можеме да констатираме дека Македонец во тие документи представува етникум, а не географски поим. Таму имаме запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово, охридско) кој се изјасник дека е „по род Македонец“ во состав на тогашното деспотство Епир (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena. Parissis et Romae 1891, col. 315).
Името Бугарија на византиската тема која ги опфаќаше териториите на етногеографските Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, беше причина сите јужнословенски народи, недоволнообразованото грчко свештенство да ги нарече со едно име- Бугари. Оттогаш, за Грците се` што беше словенско православно, беше бугарско. Но, не бугарско како етноним, туку како подвид на Ромените, како поданици на Романија (Византија) и дел од византиската култура и држава. Грчкото свештенство сонуваше за воскрснување на старата Византија, која ќе ги опфати и јужнословенските краишта од византиската тема Бугарија.
Дури и словенските етноси во Елада и Тесалија, гркофоните и влахофините го нарекуваа Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугарија некогаш ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани кнежевствата на племињата Милинги, Езерци, Војунити и Велегезити. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., постоеше една многу позната песна за премавнување на различностите на етносите кои ја населувале Елада и создавање на една елинска нација: „“Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
Ова погрешно грчко именување на сите јужни словени како Бугари, а со тоа и Македонците, бугарската историографија крајно необјективно и извитоперено го користи да ги представи Македонците како дел од бугарскиот народ. Особено поради тоа што и дел од македонската ителегенција од крајот на 18 и целиот 19 век прифати од Грците сите јужнословенски народи да ги нарекува Бугари, наместо словени. Од 1767 год., Охридската Архиепископија е укината по ургенција на Грците и Македонија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, целосно контролирана од грчки и гркофилски клир. Во тоа време, Патријаршијата отвара грчки училишта ширум Македонија, на грчки јазик. Грчките учители го наметнале терминот бугар, бугарски јазик, како синоним за словен и словенски јазик. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваа бугарски, но не мислејќи на бугарски, онаков каков што сега го знаеме, туку на словенски. Инаку, пред тој период, во Македонија никогаш не се употребувал зборот бугар како синоним за словен и не постои ниту еден пишан историски извор, постар од 18 век, каде некој Македонец се изјаснил како бугарин или својот јазик го нарекол бугарски.
За Господин Генадиј, Митрополит Велешки од 19 век (роден во село Подкожене, Поградец) поимот Бугари е исто со поимот Словени, па запишал дека и Чесите и Словеците се Бугари: "од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". (Извор: Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕштАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА Б'ЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и доп'лнено издание под редакцијата на Трајан Радев, Изд. к'шта Стрелец, Софија, 1994). Никола Поп-Филипов, македонски учител вели дека “бугарскиот“ јазик е општ балкански јазик (вестник "Македонија" Цариград, 6. Април, 1868 г.), мислејќи на словенскиот јазик.
Глигор Прличев во својата Автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор П'рличев, Автобиографија). За него и Србите се Бугари т.е. словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска.
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, кажува дека за него поимот Бугари означува словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), а во Бугари ги вклучува и Моравјаните од Велика Моравија и Панонија (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).

Шопот, отец Спиридон Габровски, врз основа на постари истории, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите (Хрватите и Србите, мое дополнување) се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, Историја во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (ц), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. К'нчев (ц), предп. инж. Д. К'нев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, Историја во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Рајков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", Софија, 1992 г.). Уште еден неоспорлив доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните “Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (Хрватите, Црногорците и Словенците).
Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин: “Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко... Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( Крсте Петков Мисирков. “За Македонцките Работи”, Предгоор, Софија, Печатница на „Либералниј Клуб'“ 1903 ).

Кирил Пејчиновиќ на својата книга "Огледало" од 1816 г. ставил дека е напишана на "препростејшим и некнижним јазиком Болгарским долнаја Мисии". Ова, бугарските историчари го користат за да наметнат бугарштина на К. Пејчиновиќ. Тогаш не постоел книжен - литературен бугарски јазик, ниту пак некој друг јужнословенски литературен јазик. Најпрво од јужнословенските јазици е стандардизиран српскиот, за дури кон крајот на 19 век да се создаде литературен бугарски јазик. Единствен книжен (литературен) јазик во 1816 г. бил старословенскиот, кој како што погоре опишав се нарекувал болгарски во Македонија, а некнижен болгарски јазик го означува словенскиот народен говор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom