Младинска книга

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Колеги и колешки кајганџии, некој да сподели искуство околу издавачкава куќа. Дали работел,познава некој што работи. Знам дека се заработува од процент на продажба на книга. Гледам по огласиве бараат нови лица, па вреди ли да се проба со работава.
 
Постојано бараат луѓе за продажба затоа што газдата постојано отпушта. Ти даваат книга која кошта 4-5.000 и те пуштаат по Скопје како глуво куче да ја продадеш. Ако во текот на месецот продадеш помалце од десетина, сметаат дека не си доволно заинтересиран и ОТКАЗ. Имаш 1.000 денари од продадена книга.

А 140 глуви кучиња шетаат низ Скопје. Кој не бил сопрен од нивен продавач, значи не бил у Скопје. Досаѓаат по фирми, станови, ѕвонат, презентираат, даваат на 5-6 рати да ја отплатиш книгата, која најверојатно после првите 2-3 страници нема ни да ја пипнеш.
 
Јас работев таму и не ти се исплати зашто многу е мал процентот за продажба од 500 евра добиваш 14% од 500 до 1000 евра 20% од 1000 до 1500 24% .И плус обврзан си секој месец да продадеш книги за 500 евра за да земеш 100 инку ти го раскинуваат договорот и ова ти е хонорарно не си пријавен за да те пријават треба секој месец да заработуваш 1300 евра.Книгите се продаваат на рати пошо се скапи и могу се гломазни тешки треба цел ден да одиш по фирми да правиш промоции во денот најмалку 15 и твоја обврска е да ги собираш ратите
 
Ако сакаш да шеташ по градот во тропските горештини и да нудиш книги по дуќани тогаш слободно вработи се. Јас секој ден гледам различни луѓе, значи стварно има отпуштувања како што кажа членот погоре. Јас не би се нафатил на таква работа. Да шетам по градот на 40 степени. Али ти си знаеш. Имаш и други подобри работи од тоа.
 
Што е работава со книгиве, белетристика по 4000, да сакаш да купиш нешто, кај ќе издвоиш толку пари, порано барем книгите ефтини биле...
Другарче мое работеше за нив некој период, треба ептен да си таков човек отворен, упорен за да можеш да продадеш нешто, он издржа 3 месеци. :свиркам:
 
Што е работава со книгиве, белетристика по 4000, да сакаш да купиш нешто, кај ќе издвоиш толку пари, порано барем книгите ефтини биле...
Другарче мое работеше за нив некој период, треба ептен да си таков човек отворен, упорен за да можеш да продадеш нешто, он издржа 3 месеци. :свиркам:
Ќе одам во Библиотека за 10денари ќе ја земам истата..ами да ја купам дома само прашина ке фаќа!
 
Човекот од кого земам книги, работи за нив веќе со години. Последен пат кога се видовме, рече дека поприлично ги подобриле условите за работа од МК, зголемени процентите а укинат минимумот на продадени книги месечно, баш поради тоа што многу луѓе се откажуваат по некој месец. Според мене, ако те бива за такво нешто, работата е ок. Само што тие што се веќе долго време таму си имаат разработено мрежа на купувачи, а изгледа дека доста е тешко да се најдат нови, барем толку нови за да се исплати работата. Ако немаш друга работа, пробај, можеш само да добиеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom