П
Паган-др
Гостин
![](http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/532790_4139326002411_117084743_n.jpg)
SUN PRODUCTION со гордост го најавува:
SUN & FUN Festival:
Во сабота 23 јуни 2012, сред урбаната џунгла во градскиот парк во Скопје, поточно СТАДИОНОТ НА АРМ (кој се наоѓа веднаш до арената Филип Втори) на простор од 5000 метри квадратни ќе се одржи најзначајниот настан од светот на урбаната музика овој период во Скопје. Ексклузивноста на локацијата и уникатноста на програмата ветуваат журка која долго ќе се памети.
___________________________________________________________
Како главни ѕвезди на вечерта ќе настапат милениците на македонската публика:
ЕЛИТНИ ОДРЕДИ - Србија
www.myspace.com/elitniodredi
ДАРЕН ЕМЕРСОН - Велика Британија
www.darrenemerson.com
Маури - ЕТНИКА/ПЛЕАДИАНС - Ибица
www.etnicanet.net
___________________________________________________________
Примарна цел на овој музички настани е понудата на ексклузивна, квалитетна фестивалска програма и запознавање во живо на домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на урбаната музика.
Единствена можност да се почувствува магијата на масовен хепенинг што обединува спектакуларни музички ѕвезди, поддржани од квалитетната македонска гордост, беспрекорна организација и расположливи технички средства и исто така
промовирање на Македонија и Скопје како привлечна дестинација за љубителите на современиот звук од Балканот и Европа.
Покрај главната сцена ќе биде промовирана и чил-аут зона каде посетителите ќе може да одмараат, а исто така и алтернативна зона која ќе биде изнендаување за посетителите.
На фестивалот свој настап ќе имаат жонглери, кловнови и пантомимичари и исто така ќе има перформанси со оган и огнени шоуа.
На главната сцена ќе настапат професионалнаи танчери и танчерки.
Пред главната сцена ќе биде промовирана фан пит зона каде за најголемите фанови ќе биде овозможено поголема комоција, а исто така на овој простор ќе има и високи маси, се со цел пријатен престој на тие кои што не сакаат да се гужваат на главниот подиум.
Фестивалот ќе располага со ВИП платформа за сите оние што сакаат да се чувстввуваат привилегирано и да добијат сепаре или висока маса.
___________________________________________________________
Сабота 23 Јуни 2012
Почеток 22:00
Вратите се отвараат од 20:30 Часот
___________________________________________________________
Влезници во предпродажба по супер промотивна цена во Југотон, Кафе Пабло и продажната мрежа на www.mktickets.mk
11-17 Јуни - 250 денари
18-23 Јуни - 300 денари
ФАН ПИТ Влезници во ограничен број - 500 денари
ВИП Влезници во ограничен број - 600 денари
Резервации на висока маса за четворица со флаша 3000 денари
Резервација на сепаре за четворица со флаша 4000 денари
Информации и резервации 078 734 153
*** Сите кои имаат повеќе од 1500 facebook пријатели и се заинтересирани да се вклучат во промоцијата на овој настан и за возврат да добијат гратис влезница ги замолуваме да не исконтактираат со праќање порака на профилот на СОНЦЕ ПРОДУКЦИЈА.
фејсбук евент