Пред пола година ми се случи истото, значи имаш долга врска и од еднаш оп се прекинива, т.е. јас ја прекинав поради гушење во истата. И што потоа? Излегував, се забавував, не плачев, не ми беше криво иако многу се сакавме. Ама што е најинтересно не ни помислував дали ќе може да сакам некого повторно, едноставно сакав да се забавувам. По некое време ми се засвиѓа еден дечко, се супер, тој беше се што одамна сум го посакувала. И кога дојде моментот за нешто натаму, јас застанав и сфатив дека неможам. Едноставно неможев со друг се тоа истото да го проаѓам, тоа запознавање и тн. и тн. Значи јас бев спремна да сакам ама не да започнам врска, страв од обврска и падови.
Почекај некое време и не мисли на тоа, едноставно заавувај се, а дали можеш, пааа можеш да се вљубиш само ако срцето не ти е подарено на друга. Земи си го или врати и се, само треба да си проценш дали се уште ја сакаш или не.