EУРО 2012: МТВ - реализација на преноси, Еурофорија, коментирање...

Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.016
Конечно им дојде памет, па во студио имаат гости кои колку-толку го разбираат фудбалот, фудбалери, бивши фудблаери, тренери, а не како порано, кога викаа некои кои немаат две чисти од фудбал.
Само треба да се оди на мала екипа која постојано ќе го прати и ќе прави анализи. Бидејќи ова е ЕП и динамично е секој ден има натпревари, може да има две екипи кои ќе ротираат. Така прават и најголемите телевизии, имаат еден тим на стручњаци и со нив работат постојано. А не секој ден да се менуваат гостите. Подобро ќе беше да си туркаа со Хаџиевски, Јовановски и Џиџи, плус уште некој фудбалер, подели ги по троица во две екипи и таман си е.

Знам и ја што е добар коментатор, меѓутоа не можеш нашиве стандарди со Италјанските на пример да ги споредуваш.
Според мене Кареса е малку префорсиран, а може и Бергоми да ме нервира кој секогаш коментира со него. По мој вкус се Компањони најчесто со Марчегани во комбинација (врв е кога ќе викне Компањони: РЕТЕ, РЕТЕ, РЕТЕ :)) и оној лудиот Маринела (изгледа така се викаше) ЛШ и ПЛ коментира на Sky it.

Италијанските коментатори се најдобри, шпанските со сила форсираат емоции, најдобар збор што ги опишува нив е претеризам, а англиските не се лоши, само тие претеруваат со... ваљда формалност... :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.600
Поени од реакции
35.413
За наши стандарди добри се...
Ако тргнеме популарната поговорка „за добра свиња нема лоша помија„ нема далеку да стигнеме.

Николовски е барем симпатичен иако како и другите нема поим што се случува во макар во основната стратегија на играта освен да констатира дека некој дал/утнал гол, фаулирал, се повредил итн итн.Така може малтене секој без говорна маана да коментира.
Демантирај го ова ако можеш, не зборуваме за лични мислења и оценки туку за факти.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Ако тргнеме популарната поговорка „за добра свиња нема лоша помија„ нема далеку да стигнеме.

Николовски е барем симпатичен иако како и другите нема поим што се случува во макар во основната стратегија на играта освен да констатира дека некој дал/утнал гол, фаулирал, се повредил итн итн.Така може малтене секој без говорна маана да коментира.
Демантирај го ова ако можеш, не зборуваме за лични мислења и оценки туку за факти.
Епа тоа е тоа толку имаме, тие се коментаторите, нема други. А да бидеме реални, подобри од овие во земјава ни наша - немаме. Нема што да демантирам, прав си дека се далеку од врвни коментатори, меѓутоа тие се, не можеме Енди Греј да го донесеме. На крај краева никој не рече дека се врвни коментатори за сведски стандарди, туку дека се солидни за нашиве стандарди.

Нема што да демантирам исто како и ти што не можеш да демантираш дека МТВ направи одлична работа за првенствово.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова е од блогот на thacasper и многу се сложувам..
Фацки се бе...​

Јас знам дека особава сака да се прави со сила смешна, ама ова ич не е смешно :tapp:

Супер си се :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Добри се од МТВ, позитивно сум изненаден. Иако се сеуште пропагандна машинерија на власта, сепак МТВ моментално е најдобра ТВ во Македонија, нема турско-индиско срање, има спорт, има добри документарци (кои треба да ги намалат малце со репризирање) и се на се солидни се.

За реализацијата на преносите од ЕУРО немам некои замерки, мене и коментаторите ми се добри, стварно не знам кои би биле подобри.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Добро е имаат дигитален пренос 720п,не се лоши.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.600
Поени од реакции
35.413
Епа тоа е тоа толку имаме, тие се коментаторите, нема други. А да бидеме реални, подобри од овие во земјава ни наша - немаме...
На крај краева никој не рече дека се врвни коментатори за сведски стандарди, туку дека се солидни за нашиве стандарди.
Изгледа немаме иста представа за поимот „солидно„.

Нема потреба да се „врвни„ доволно е после пола век (сениорите) да имаат некаква представа за спортовите што ги коментираат, ете барем за фудбалот ако не за друго.
Да се повторам пак, ако за тебе „солиден„ коментатор е папагал што повторува имиња и дејствија (како да е радио пренос) тогаш ок, уживај во преносите.

Мене ми смета тоа што поголемиот дел од широката публика нема критичка свест за тоа колку лоши услуги добива за предплатата што ја плаќа. Наместо (оправдано) да се плукаат неспособните и да можеби некогаш некој одговорен се замисли како и кого вработува да работи нешто за што нема поим!

Вака како што стојат работите со оваква критичка свест и ниво на познавање (на спортот) на рајата, можам да кажам само дека го заслужуваме тоа што (не) го добиваме и среќа моја што барем кога сум дома не морам да ги слушам смарачите што ти ги нарекуваш коментатори.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ако тргнеме популарната поговорка „за добра свиња нема лоша помија„ нема далеку да стигнеме.

Николовски е барем симпатичен иако како и другите нема поим што се случува во макар во основната стратегија на играта освен да констатира дека некој дал/утнал гол, фаулирал, се повредил итн итн.Така може малтене секој без говорна маана да коментира.
Демантирај го ова ако можеш, не зборуваме за лични мислења и оценки туку за факти.
А па Ван Ганди и компанија демек јаки тактички анализи прават на ЕСПН !? :)

Глејте, мораме у случајов да тргнеме од наши стандарди. Па дури, еве и од балканскиве. Незнам што толку е попален овде народов по HRT, кога за мене лично тие се просек, ништо посебно...

Или еве да земеме споредба со српските канали на СпортКлуб и Еуроспорт. Овие од СпортКлуб ми се на рамништето на МТВ, додека овие вториве може би ги ставил ниво погоре заради шегобијноста (не онаа како на Панчев). :)

Но и таму еден коментатор коментира 147 споротви, и во ниту еден не се разбира ко што треба.

Е сеа, кај нас „проблемот“ е што коментаторите се во основа водители на спортски вести, па потоа коментатори. Според мене треба да се разграничи тоа, поарно стави презентер кој ќе чита од идиот на спортски вести, а за коментатори вработи посебни луѓе за посебен спорт.

Но контретно у случајов зборуваме за фудбал нели. За фудбал тешко да најдеш вистински „ескперти“ коментатори, оти секој (јас, ти, Петко...) мисли дека е експерт за фудбал, пред се заради експнираноста на „најважната споредна работа“ во светот.

А и незнам што толку барате „тактички анализи“ од коментаторите во текот на натпреварот !? Што побогу ќе ви се тогаш анализи !? Во цела таа динамика на натпреварите барате некој да изиграва Мурињо. Ете Панчев си е доволен за тоа (иако кај него ме нервира „воздигнастоста“).

Комбинација на духовит и „заразлив“ коментатор со некој кој ќе ги гледа работите од подруга перспектива (ете го „стручниот“ коментатор) е добитна за мене.

МТВ се супер за сега, одличен кам бек е ова за нив, ете ги имаат и правата за ЛШ, очекувам и подобрување од есен.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Фала ElNinho, токму тоа пробувам да го објаснам.

И да, Vanlok, од кај знаеш ти колкаво е моето ниво на познавање на спортот?

Човек, тие се коментаторите, за наши стандарди добри се. Ја разбирам до негде твојата фрустрација, ама тоа е тоа. И јас сакам подобри коментатори ама кога нема други што да правиме? Немаме поасални па ајде и овие неколку што ги имаме ќе ги кењаме. Македонска работа. :)

Im out.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.600
Поени од реакции
35.413
А па Ван Ганди и компанија демек јаки тактички анализи прават на ЕСПН !? :)
Ван Ганди и ESPN компанија VS македонските коментатори

Да ги споредуваш едните со другите е како да споредуваш женски полов орган со прљава гнасно-фекална бара... и двете се влажни ама во второво никако не сакаш да влезеш.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ван Ганди и ESPN компанија VS македонските коментатори

Да ги споредуваш едните со другите е како да споредуваш женски полов орган со прљава гнасно-фекална бара... и двете се влажни ама во второво никако не сакаш да влезеш.
Не ги споредив со нашите, ги пишав у однос на тактичката анализа, која според мене лично не е задолжително да е дел од преносот, си има емисии „пред и по“ за таквите работи.

Нашите ги споредив со оние кои можат да се споредат, балканските медиуми.

Има уште многу леб да се јаде, али да не бараме погача преку него. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.600
Поени од реакции
35.413
Може за јадење да збориме, ама ајде да не мешаме леб со помија...
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Брзо заборавате на дилетантите од Канал 5 - залижаниот момак што цело време се кљафта и става акцент на согласки (пр.Зејдорфффффффффф)...а да не зборам за Трпевски Jr. што погодува најмногу 2 точни имиња на спортисти што ги коментира и тоа на среќа....
И што е најбитно, доста ни е од компјутерско коментирање на спортот, само набацување податоци и кажување имиња...мора да се внесе малку поопуштен муабет, посебно за утакмици кои реално треба да ги глеаме непристрасно (пошо не игра македонска репрезентација)....
Треба почесто да го практикуваат ова и ќе станат подобри и фудбалерите во коментарот....инаку Даре и Калински ги слушам со задоволство...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Ај да шарнам и јас нешто во темава.
Коментаторите се океј,се трудат колку што можат.Ама пак замислете дека еден Канал5 на пример можеше да ги земе правата за емитување на Еурото,е тогаш или на mute ќе ги гледавме утакмиците или ќе се мачевме со стримови.
Панчев малце си претерува,ама воглавно е океј,расправав во друга тема што ми смета кај него и да не повторувам,ќе ме изедете одма :icon_mrgr:
Гостите во студио горе долу се океј,се трудат и тие да направат некоја анализа на репрезентациите и играчите,студиото е добро опремено со џиџимиџи.
Сигурно дека нема со емоции да коментираат ебате,не игра Македонија,ама ипак фудбал е ова,некоја репрезентација што ја симпатишаш кога ќе даде гол одма се ложиш.
Од мене имаат 8/10,малце квари просек Панчев,ама со смешките се вади.
Башка и добри анализи прави,ипак се разбира од фудбал и фудбалска филозофија.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Прво, грешите во една работа, а тоа е за рекламите. Реклами на ЛШ / ЛЕ / ЕП / СП никогаш немало. Забрането е. Да смееше, не верувајте дека МТВ ќе одолееше да емитува. :)

Второ, одлично ја работат работата. Една од ретките телевизиски работи во Македонија која е завршена како што треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom