G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.761
- Поени од реакции
- 9.867
Eвропското првенство 2012 Полска/Украина е во завршната фаза, а ние сме во можност да го следиме благодарение на Македонската Радио Телевизија. Очигледно екипата од националната телевизија сериозно си ја сватила својата работа.
Преносите се на одлично ниво. Сликата е извонредна, во можност сме да ги следиме сите натпревари на првенството, ослободени сме од здодевните реклами (кои се емитуваат само на полувремињата и после утакмиците), што е огромен плус. Нема емитување на никакви рекламни материјали за време на натпреварите, што досега не беше во практика. Во минатото, честопати бевме приморани при клучни replay моменти да гледаме здодевни реклами. Овојпат не беше така. Никакво каснење, проблеми со трасата или било какви пречки при преносите не беа забележани.
Еурофорија, студиската емизија за ЕУРО 2012 е супер реализирана. Со горе долу добри гости, се вртат интересни муабети околу репрезентациите. Се анализираат играчи, тактики итн. Студиото е супер направено, декорирано и реализирано, сосема адекватно за едно студио за таква намена.
Коментаторите - стандарден состав.
Рака на срце, иако со по некој бисер (особено на Калински, Панчев), коментирањето е на врвно ниво за овие наши стандарди. Собрани се најдобрите македонски коментатори во имињата на Драган Николовски, Горан Милковски како и останатата екипа, која сосема солидно за наши стандарди си ја врши својата работа.
Ме интересира вашето мислење околу целата оваа реализација на преносите на МТВ. Дали сте задоволни? Дали очекувавте повеќе, дали можеби сте изненадени? Дали ви е интересен Панчев во улога на коментатор, или пак ве иритира?
И ред други прашања...
Дискутирајте.