EУРО 2012: МТВ - реализација на преноси, Еурофорија, коментирање...

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Eвропското првенство 2012 Полска/Украина е во завршната фаза, а ние сме во можност да го следиме благодарение на Македонската Радио Телевизија. Очигледно екипата од националната телевизија сериозно си ја сватила својата работа.

Преносите се на одлично ниво. Сликата е извонредна, во можност сме да ги следиме сите натпревари на првенството, ослободени сме од здодевните реклами (кои се емитуваат само на полувремињата и после утакмиците), што е огромен плус. Нема емитување на никакви рекламни материјали за време на натпреварите, што досега не беше во практика. Во минатото, честопати бевме приморани при клучни replay моменти да гледаме здодевни реклами. Овојпат не беше така. Никакво каснење, проблеми со трасата или било какви пречки при преносите не беа забележани.

Еурофорија, студиската емизија за ЕУРО 2012 е супер реализирана. Со горе долу добри гости, се вртат интересни муабети околу репрезентациите. Се анализираат играчи, тактики итн. Студиото е супер направено, декорирано и реализирано, сосема адекватно за едно студио за таква намена.

Коментаторите - стандарден состав. :) Рака на срце, иако со по некој бисер (особено на Калински, Панчев), коментирањето е на врвно ниво за овие наши стандарди. Собрани се најдобрите македонски коментатори во имињата на Драган Николовски, Горан Милковски како и останатата екипа, која сосема солидно за наши стандарди си ја врши својата работа.

Ме интересира вашето мислење околу целата оваа реализација на преносите на МТВ. Дали сте задоволни? Дали очекувавте повеќе, дали можеби сте изненадени? Дали ви е интересен Панчев во улога на коментатор, или пак ве иритира? :D И ред други прашања...

Дискутирајте. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Одлични се, МТВ во последно време општо ме изненадува, почнаа малку од малку да го креваат нивото. Коментаторите ме расположуваат максимално, си се кезам цело време, сеа од прва ми текнуваат неколку киксови. :ROFLMAO: Во секој случај, мислам дека ги надминаа очекувањата на повеќето, ете и Панчев дури и на жена му и се јавува да ја обавести дека ќе закасни, професионалец е човекот. :icon_mrgr:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Секогаш кога имало пари во МТВ имало и квалитет. Одлично им е се изведено, посебно со коментирањето по двајца. Единствено ми е криво што неможат да земат Англиско првенство па истите да коментираат по 4-5 утакмици низ викенд.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Коментаторите - стандарден состав. :) Рака на срце, иако со по некој бисер (особено на Калински, Панчев), коментирањето е на врвно ниво
Инаку за мене бисерите се составен дел од коментирањето, ако нема некој бисер за време на утакмицата, исто како да немало коментирање. Бисерите некогаш повеќе се паметат од самата утакмица како таква. Нема ништо лошо во тоа да се тресне некоја зелена, особено во момент на адреналин, никој не е совршен. :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Секогаш кога имало пари во МТВ имало и квалитет. Одлично им е се изведено, посебно со коментирањето по двајца. Единствено ми е криво што неможат да земат Англиско првенство па истите да коментираат по 4-5 утакмици низ викенд.
Па фала богу сега ако немаат пари незнам кога имале...На толку задолжително плаќање радиодифузна такса и треба да имаат пари. На татко ми пред 3 дена му ја блокираа сметката во банка затоа што закаснел да ја плати таксата.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Во однос на минатите првенства се гледа и тоа како голем напредок. Отворено студио, двајца коментатори еден стручен коментатор еден поранешен спортист, гости истакнати спортисти, графика со резултат. Од мене имаат позитивна оценка. Првенство без бисери не е тоа тоа. :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
12.225
Тандемот Калински-Панчев е топ. Сакате плачете, сакате смејте се, сакате жалете се, тужете ама интересни се двајцата. (y)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Па фала богу сега ако немаат пари незнам кога имале...На толку задолжително плаќање радиодифузна такса и треба да имаат пари. На татко ми пред 3 дена му ја блокираа сметката во банка затоа што закаснел да ја плати таксата.
револтот у друга тема искажувајте го.

9/10 имаат од мене. (y)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па за наши услови се најдобри али сликата уште не им е како што треба, кога ќе споредам со друг канал...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.152
Поени од реакции
8.122
се е супер...само на неколку пати не го пресметаја времето и не се вклучија во химните туку од кога почна натпреварот..
и се надеваме во иднина вака да се заангажираат за македонскиот спорт(фудбал) (y)

и ќе забораев..подобра слика досега немала ниту една телевизија(и канал 5 беа ок) ама ова е подобро
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Па за наши услови се најдобри али сликата уште не им е како што треба, кога ќе споредам со друг канал...
Не зезај топ е сликата. :)
се е супер...само на неколку пати не го пресметаја времето и не се вклучија во химните туку од кога почна натпреварот..
и се надеваме во иднина вака да се заангажираат за македонскиот спорт(фудбал) (y)
Не се совршени нормално, имаа мали пропусти, но за пофалба се во секој случај.

Иначе, мене баш супер тандем ми се Панчев и Калински. Интересни се за слушање, бисери анализи и се тоа собрано, супер се. Како што рече некој погоре, без бисери, не е тоа тоа. :D
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
револтот у друга тема искажувајте го.

9/10 имаат од мене. (y)
Не е тоа револт, само направив споредба. Не реков дека програмата на МТВ не ми се допаѓа, напротив, во последно време имаат многу подобра програма од порано а и навечер сум гледал и добри филмови. И првенството добро го пренесуваат.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Епа тогаш кај мене не е топ, факт е дека ја подобрија, ама сепак Канал 5 и Сител подобар сигнал даваат барем кај мене...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom