Може се повторувам пошто мислам дека дадов мислење на оваа тема но од вруќинава, пак ќе кажам нешто. Во секоја култура има знаење и има мудрост и има што да се научи. Еве на пример Индиската култура општо филозофија има дел вистина каде субјектот го сведува на нешто што нема ентитет туку е само сведок на она што му се случува со привремен идентитет нели по смртта нов живот, значи нема лична бесмртност освен како вечно друг си што пак е негација на личната бесмртност освен ако под субјект не се сфати само еден од секогаш постоечките примероци на родот кој опстојува. Ова велам дел може да се прифати за нешто не преземаме одговорност за нешто да, значи не е вистината целосната спознаја само во една култура туку има вистина во секоја спомнав ко мозаик...Будизмот стварта ја ставил на индивидуата тој не е толку заинтересиран за заедницата како Исламот на пример, затоа таму поимите сомилост и неврзување за ништо се во однос контрадикција. Христијанството е премногу различно толкувано за да може општо да се збори за христијанство плус превише духовност е на штета на моралот во смисла природата ако ја истераш низ врата ќе ти влезе низ прозор, превише акцент на сакај го непријателот, сврти го другиот образ, па од тоа после следи слободна љубов, промискуитет и неморал...Така да ко што прочитав негде,, Ако ти каже некој е овде е апсолутната вистина за суштината на постоечкото знај дека тој не видел ништо освен своето,,.
Од знаење нема штета а тоа знаењето го има во сите култури само терминологијата е различна, се става акцент на други ствари кои некои поминуваат преку нив или ги коментираат додавајќи свое нешто, а нешто што е буквално децидно кажано не може да се толкува поинаку освен како што е јасно кажано.