Точно, се согласувам, се препороди дечкото во Јувентус и е доста стандарден во играта, од она што имав можност да го видам сезонава.
Муабетот ми беше дека во Волфзбург често играше против нападот на Борусија и Баерн, од кои доста играчи има во тимот на Германија, и тешко се снаоѓаше. Тука има удел и дека партнер во одбраната му беше дрвото Кјаер, но нејсе.
Супер утакмица ќе биде ова, се надевам Италијаните ќе напаѓаат како вчера, и ќе гледаме супер фудбал. Мене искрено пријатно ме изненади играта на Италија, играат подобро и од 2006та кога го освоија СП во Берлин. Да пројдеше Англија, ќе беше реприза на 2010 со тоа што сега енглезите немаше да дадат ниту еден гол.
Сепак мислам дека средниот ред на Германија е поквалитетен и има способност да доминира на средината. Но колку голови и да даде Германија, ранливи се во полуконтра/контра ситуации, кои италија со Пирло,Бало,Касано комбинација може лесно да искористи таква грешка. Одбраната на германците е најслабата алка во овој тим. Иако има топ таленти, некако несигурно делуваат,и противничкиот тим секогаш ќе има шанса да фати приклучок.
Топ натпревар очекувам, и секако навивачки сакам Германија да победи. поздрав