Дај бе батале пченицата... таа култура не е за прави земјоделци... таа е само непотребно арчење на земјоделските површини.. таквото арчење на квалитетна земја треба со закон да е казниво..
.. не можело дрого да се сади.. жими петелов не можело... туку не им се работи во поле... а сакаат пари без работа.. е нема бе, кога на берзите можеш така речи да најдеш жито за бадијала овие нашиве „производители“ сакаат да бидат заштитена врста...
... порано освен памук и афион друго и немаше во повардарието, ист изговор..не може друго.. ама ете се можело..
само малку да надополнам (не баш со дискусијава)
инаку мислам,треба да има „ракети за одбрана од град“
Збор ми е за афионот,сончогледот,а посебно за памукот,
зошто не се сади сега како порано што беше,па што убаво изгледаа овие полиња со овие насади,да ти е милина да ги гледаш.Значи имало луѓе тогаш што ги работеле,сееле,копале,собирале и продавале.
Луѓе кој не се интересирале да бидат видени на кејот на Вардар или на плоштадот пред Офицерски дом.Тие луге Не оделе на Руска или Гратска плажа,или Охрид и Халкидики.тие луѓе работеле по нивите цело лето.
Ама тогаш тоа време,поодамнешно,радио се слушаше на инка сред село или во селски дом-продавница.Потоа само навечер,дома или кај некого,
а цел ден си го провел на нивите.Телевизија немало.Некаде ни струја.
Кого сега ќе натераш,на ваков живот-цел ден на нива.
Нивните внуци,место на нива се корзираат во Рамстор и Веро цело лето.
И се сликаат не на жетви и вршење,туку пред Аце на магаре.
Последен пат,во деведесетите години,кога беше посеан памук во овчеполието,немаше кој да го собере,го покри снег.Напролет го изораа.