Импресивно!
Само што прочитав за ова.... начинот на кој се создава... можноста сето ова (подоцна со далеку понапредна технологија) да се набљудува е одлично...
Glad you like it
Таа ѕвезда е земена за прототип, по која се карактеризираат останатите ѕвезди во која фаза од својата еволуција се стигнати, и колку се стари. Имаше слично нешто во соѕвездието Жирафа, формација на кафеаво џуџе, оа акреционен материјал - само не ми текнува на ознаката или некои повеќе детали.
Сепак интересно за обзервација.
Прво треба да се докаже дали постојат планети во тој систем во кој има две ѕвезди кои се гравитационо поврзани.
Make that three

. И Проксима Кентаури е дел од системот, само многу споро орбитира.
Иако едната ѕвезда е доста слична со нашето Сонце, другата ѕвезда би играла огромна улога во траекторијата на планетите доколку посојат таму, а во тоа не се сомневам, иако не се сеуште откриени.
Се согласувам дека треба да се докаже - како и било што друго. Инаку без доказ, само од индикации, веќе ќе имавме потврдени планети, особено на Алфа Кентаури Б, каде се забележани претурберанции на гравитационото поле кое може да сугерира за планети. Али нам ни треба солиден доказ, нели?
Знам дека планети сигурно има и околу другите ѕвезди во системот, барем степенот на metallicity е доволно висок за тоа.
Почнувајќи од огромни варијации на температурите, се до голема изложеност на радиоактивност... тешко дека би постоел живот... освен, ако некоја планета не си нашла идеално место во тој систем.
На пример, голем знак прашалник е дали би постоел живот на нашава планета, ако Јупитер беше ѕвезда.
Па Јупитер не може да биде ѕвезда, бидејќи му фали маса колку уште 14 гасни џинови како него, за да се создаде внатрешна игнација. Значи треба 14 пати поглем материјал да му се внесе во гравитационото поле за тоа да се случи.
Што се однесува до Алфа Кентаури, доволно добро го имам студирано системот, и нема таква опасност од варијации на температурите и радиоактивност. Во најмала рака, радиокативноста ќе биде или еднаква, или помала од кај нас, бидејќи другите ѕвезди се од пониска спектрална класа.
Единствено би играла улогата на тоа каде би орбитирале планетите. Но сигурен сум дека и кај А и кај Б ќе има планети во Goldilocks зоната. Можеби и повеќе од една, со оглед на деталите на системот, скоро неизбежно е орбитите да се далеку позближени од колку кај нашиот систем. А такво тесно пакување дава и така опција.
Единствено различно во споредба со нашиот систем ќе биде тоа што таму нема огромни планети како Јупитер, нити како Нептун. Кои и да се планетите таму сигурно ќе бидат приближно колку Земјата.
Навистина не гледам зошто живот не би постоел таму, макар не било панспермија, него абиогенеза. Доволно комплексни хемиски коктели имаме забележано во вселената, особено на астероиди и комети, кои можат да ги донесат на површината на некоја планета.
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 13:20 ---
Панспермијата ми е многу веројатна, но сепак тоа не носи на прашањето како настанале организмите. Еволуцијата, (не зборувам за Т.Е.) и на универзумот воопшто, не мора нужно да значи промена од пониска во повисока форма. Не мора ни да значи дека има почеток и крај.
Патем, што мислите за видеово
П.С. Не замерај што тебе те цитирав, се однесува за сите да имаме некоја дискусија
Хаха, нема проблем
Само првите 5 минути ги гледав од видеово, и искрено доста ме заинтригира, но морав да искоментирам прво, пред да догледам до крај.
Мислам дека без разлика на информациите содржани во генетската структура, организмите се подложни на промени диктирани од макро фактори - како подрачјето на вселената каде се наоѓа самиот ѕвезден систем, до самата ѕвезда (нејзината големина, спетрален тип, старост, "металност"), до помали фактори како типот на планета (нејзината структура, маса, гравитација), и уште помали како атмосферата, хемиски елементи присутни во кората и на површината, клима, присуство на течности и каков тип, вариетет на еколошки средини и подрачја. Сето ова диктира како таа "гостин" животна форма ќе се однесува, и дали воопшто ќе премине да стане некаков локален или глобален екосистем, или не.
А за да може да опстане, мора да има опција во своето снаоѓање-за-постоење како адаптација. А преку таа адаптација, таа би требало да смени многу работи кај себе (а за да останат како такви, да ги инкорпорира тие информации во својата генетска структура), и со тоа да биде поинаква од тоа кога била на некое друго место каде ја имало во изобилство.
Не знам дали има начин ова да се заобиколи, и сепак тоа што е кажано во видеото да остане за валидно, но веројатно ја немам потребната образовна позадина за да знам за сигурно.
Единствено што ми текнува е тоа - животната форма сама да игра улога и на тераформатор. Да ја промени животната средина во своја корист, за да може да опстане подоцна во својата првобитна форма од која и за минала од таа друга планета. Со тоа не би требало да се адаптира, туку едноставно привремено да влијае врз средината во која живее.
Инаку ова вади интересно прашање - ако животот на други планети бил/е до толкава мера сличен со нашиот, и крајниот резултат е секогаш врвна интелигенција вградена во хуманоидно тело, слично нашето ....
.... Тогаш дали ова ги објаснува некои наводни посети на вонземски цивилизации кои изгледаат апла исто како нас? Ала клонови?
