Па, прво, нема да ви требаат програмери и дизајнери.. ви треба сервер гуру со години искуство, или година-две детално учење по 12 саати на ден како работат оперативните системи кои би ги користеле (дистрибуции како CentOS, Debian, или пак некој Windows Server), како работат серверите и базите на податоци кои би ги користеле вие и вашите идни клиенти и се` друго што е вклучено во процесот на хостирање сајтови. Ако не знаете англиски, тогаш пред да направите било што друго здраво научете го јазикот или пренасочете се кон некоја друга кариера.
Седнете и направете бизнис план.. одлучете која би ви била целна група корисници, како и каде би се рекламирале, пресметајте (приближно) колкави би ви биле месечните трошоци и сл. Разгледајте и распрашајте се по другите компании со иста/слична дејност како тие функционираат и како почнале. Ако не се откажете, почнете со собирање пари, па после неколку илјади евра може пак да размислите на истава тема.
Џабе муабет за бизнис план делот - они тие си тераат како шо си знаат. Башка друг подфорум е тоа.
Он си праша технички аспект - шо треба да знае кој (а дали им се исплати и сите тие тракатанци нивно си е).
А мора да се знае (веб девелоперот):
- бази на податоци (oснови и mysql)
- Java script
- оптимизација (сео и општа)
- безбедност
- добар да е во дебагирање
- скоро се околу сервери (cent os најдобра бесплатна опција)
Што треба да знае веб дизајнерот:
- познавање на разликите меѓу броусер графичките енџини
- фотошоп
- да знае КРЕАТИВНО да ги комбинира html5 и цсс3
- оптимизација (на ниво на дизајн, т.е. тежина, итн)
- канвас или svg
- комбинирање бои (не е плукни залепи дизајнот)
- ^ у принцип се што е поврзано со дизјан (универзално е)
- оптимизација на ниво на прегледност (форматирање на текстови, подредување на елементи)
Уште многу ствари треба да се знаат али ова на брзина.