Ти напишав слично поназад за брзините.
А можностите се реални.Исто реално е и да усмртиш пешак на необележан премин со 34 км/ч при кочење (на 40 или 50 ограничување), а него го мрзело 5-6 метри понатака на пешачки премин, нешто на кое е обврзан законски.АМА, ако ограничувањето тука е 40, возачот не е крив и крај (освен ако нејќат да исцедат и од него некој денар
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
) .Пешакот во таков случај ни осигурување не би го исплатило и наздравје казна за загрозување на безбедноста.Ако возачот возел макар 42, друга приказна...
Од друга страна прво рече дека немало улици со 50 ограничување, после доби примери, па викаш имало и кај тебе
За пешачките, еве лично застанвам скоро на секој пешачки, кажав и погоре и јас сум бил пешак, нели?Ама како пешак преминувам строго на пешачки премин, не на 3, 5, 10 метри од него само поради мрза или глумење лудило и очекувам и од другите такво однесување.По можност и да не одат дијагонално преку улица.Ај возачите да возат на средина по линија меѓу 2 ленти на улица или цик - цак?!И не возам брзо во градски услови, реално не е ни можно со 50+ на густ и неписмен сообраќај, недостаток на паркинг, а и улиците ни се рели патеки
Друго, зошто само пешаците да се привилегирани?Привилегија само на пешачки премин и по тротоар.Еве во Охрид кај едно основно изградија пред 6-7 години надземен премин, па дали дневно 50 - 100 души ќе поминат горе.А само во училиштето учат 1300 ученици, најголем дел преку тој влез одат.Сепак, имаше случаи на удрени пешаци и возачи беа казнети, иако возеле според ограничување (не ни можат побрзо, дел родители на помали деца улицата им е и паркинг, дел поради околните објекти, автобуси накај плажите итн.).Возачи се казнети само поради таа глупа идеја дека пешакот е во право.Пешачкиот долу е избришан после градбата на надземниот премин, демек ај ќе стимулираме прост народ нешто за негово добро и намалување на сообраќајки