Е така е....Нема друг освен Него. Никој не му е рамен.
Мојата вера (Исламот = Тотален Покор Кон Бога) познава само едно нешто, само Еден и Единствен Бог.
Мухаммед, Исус, Абрахам и другите (нека е Божјиот мир над нив) немаат никаков статус кај мене освен како избрани, најверни и најсакани слуги на Бога пратени од Него да го упатат човекот кон вистината, ништо повеќе.
Мојата вера е чиста релација ЧОВЕК - БОГ, нема ништо меѓу нив.
Све што навлегува меѓу ЧОВЕКОТ И БОГА, тоа ја расипува верата.
Не ми треба никој да ми посредува. Бога е прв без почеток и последен без крај, апсолутен креатор на све што знаеме ние и не знаеме, на све што постоело, постои и ќе постои. Ние Негови сме и кај Него ќе се вратиме. Тој не гледа, не следи и не слуша во секој момент, па зошто само на Него да не му се молиме?!
Јас си го сакам Бога, Еден и Единствен, без татко, без мајка, без синови, без керќи. Баш така како што му прилега на Бога, кој без сомнение нема потреба да падне толку ниско, да стане човек и да ми дозволи мене да го убијам и масакрирам на крст со цел да ја добие мојата љубов, неееее, тоа не е Бог.
Неговата љубов кон човечкиот род почнува од моментот кога го создаде Адам и од целиот човечки род. Еве каде сме сега, после колку илјади години, после толку гревови, неправди, убивања, крвави војни, верување во статуи, лажни богови, убиени пророци, аморалност, сатанизам, атеизам, сепак сме живи, Бог ни дава рокови и рокови, секој ден.
Постојат луѓе кои што го негираат Неговото постоење. Па нели тоа е најголемата неправда кон Бога. Но сепак Неговата Голема љубов преовладува, кон сите, и верниците и неверниците. Па нели не е голема љубов тоа што Бога му дава рок на секој човек се до последниот здив, да се покае?
Мене персонално ме чуди фактот како многу од христијаните кои ги знам спомнуваат цело време Божја Љубов а никој не му ја возвраќа таа љубов на Него. Задева женски секој метар, ги мењава ко чорапи, лудее по журки, пие, не дава пари на сиромашните, пцуе мајка, иде на молитва само за Велигден, а за Божиќ не (бидејќи тоа е за лудување по дискотеки, музика, ракија и женски) и после све е ОК, вели дека тој е спасен, поради безусловната љубов на Богот Човек Христа и бла бла бла......
Ова за мене е лицемерие.
Љубовта треба да се докаже со дела. Само глуп да си и да не разбереш. Земи прочитај Библија и ќе видиш дека така не се спасува никој. Спасен е само тој што се чува од тоа што Бога забранил а го исполнува тоа што тој наредил.
Да тврдиш само усно да тврдиш дека веруваш во Бога и го сакаш е само почеток, формалност, а да станеш ВЕРЕН на Бога е сосема друго нешто.
Еј драги пријатели, а бе кој е тој будала што не би сакал да се спаси на ваков начин. Прави што сакаш и само верува во Божја Љубов и тадаааамм, директно во Рај.
Не фала, итс то чип.
СЕЛАМ