Шефкет, љубениот на Нурсел, беше во авионот кој пловеше по небесната шир кон срцето на Босфорот, Истанбул. Неговото повторно враќање беше почеток на нова ера за семејството Махмедоглу. Нурсел седеше во трпезаријата и го требеше оризот кој нејзината мајка сабајлето го купи од тетка Хајрие на пазарот. Оризот во овој период не беше воопшто скап, па им дозволуваше на сиромашката самохрана мајка и нејзината ќерка секој ден да се задоволуваат со вкусен сутлијаш. Така задлабочена во својат работа повремено ги наслушуваше вестите на локалната телевизија... Одеднаш нејзиното срце на момент престана да чука и во грлото почувствува грутка која не и дозволуваше да диши... Авионот во кој се наоѓаше Шефкет се урна на територијата на Грција... Водителката, видно потресена, соопшти дека зад уривањето стои тамошна ултранационалистичка милитантна органиација. Чинијата со ориз падна, а Нурсел започна интензивно да плаче се до втората половина на наредната епизода кога мајка и дотрча и ја праша: „Нурсел ќерко, што ти е? Зошто плачеш? Да не се урна авионот на Шефкет?“. Штом го кажа тоа веднаш се сепна... Нурсел се изненади од зборовите на мајка си и ја праша: „Од каде знаеш мајко дека авионот се урнал? Мајко, одговори ми!?“...Џемиле, мајката, проба да го избегне одговорот менувајќи ја темата. „До каде си со оризот?“ - ја праша. „Мајко, не ми бегај од тема, кжи каква врска имаш ти со уривањето на авионот?“. - „Аааа ќерко, какви се тие зборови? Секако дека јас ... не.. знам... ааа“... Нурсел и поверува на Џемиле. И и веруваше во наредните 150 епизоди. Цели 150 епизоди Нурсел тагуваше и се присетуваше на сите моменти во кои можеше со Шефкет да го имаат првиот секс, но го немаа... А сега, кога се е завршено, се плашеше дека никогаш нема ни да го има. Во 151 епзиода ненадеен гостин тропа на нивната врата. Нурсел, заедно со чинијата ориз кој го требеше отрча да ја отвори вратата. Чинијата и се испушти од раце и оризот се рашири низ подот пред прагот... Тоа беше Шефкет! Здрав и жив! Измешаните чувства на Нурсел не и дозволуваа да поверува на своите очи! Кога конечно се смири од возбудата (епизода 160) Шефкет и раскажа се. Тој го преживеал падот, што е очигледно. (А како, остана мистерија!) ... Но, се нашол на грчка територија и бил заробен од група луѓе неполни 150 епизоди. Шефкет и објасни дека таа група била координиран од нејзината стара и изнемоштен мајка - Џемиле. Џемиле била таа која го нарачала урнувањето на авионот се со цел да ја одалечи својата ќерка од Шефкет! Просто неверојатно, како во турска серија! Но зошто? Откако во наредната епизода Џемиле го призна своето дело, рече: „Нурсел ќерко, не сакав никогаш да дојде до ова... но јас и таткото на Шефкет бевме љубовници на времето... Ќерко, ти и Шефкет сте брат и сестра! Вие не можете да бидете заедно... Вети ми дека нема да го легнеш откако ќе умрам... Ве..ти.....“. И потоа почина. Шефкет и Нурсел останаа да плачат цела епизода... Во поледната епизода, тие решија да се помират со својата кобна судбина дека се брат и сестра, но не се откажаа од својата љубов. Така, во последните 3 минути од серијата направија скромна венчавка и живееа номaдски до крајот на животот криејќи се од турските власти поради илегалниот чин на нивната љубов. КРАЈ.