Ја пак прочитав негде дека ваквиот тип на искуства се научно објаснети т.е. не се надприродни........
Не се сеќавам кај го прочитав тоа и не можам да најдам ништо конкретно набрзина. Ама еве еден што има на
википедија.
Не сум убеден дека си доживеал нешто надприродно.
1 - Знаев колку часот беше завршена операцијата, бидејќи имаше часовник надвор во ходникот. Тогаш и се вратив назад.
2 - За разлика од други искуства, овдека нема фокусиран поглед визија на работите (тешко ми е да го објаснам со зборови - нешто како да имаш поглед во 360 степени).
3 - Верникот се обидува да наметне свои верувања кај други и да ги убеди во тоа што тој верува. Неверникот, атеистот, не убедува (барем не би требало) други, во своите верувања, и е задоволен со вербата која ја има за себе во одредени нешта.
Третата точка посебно важи овде бидејќи никого не земав да убедувам и да барам да ми верува. Прашања беа поставени, ги одговорив, и тоа е тоа. Ако на некој не му се допаѓа, во ред, како сака нека го интерпретира сето ова, на крајот на краиштата, тоае искуство е само мое, и само јас сум го искусил. Глупаво е други (особено кои не минале низ истото) да го интерпретираат како лажно. Но и ова е мој личен став, ништо друго.
Имам и пријател кој редовно искусува астрална проекција. Ми помогна околу организирање на некои детали околу моиве искуства и продлабочување на настанот.
Или веруваш или не, а линкот што ми го достави ги објаснува халуцинациите само на дел OBE-like искуства. И примети го зборот like тука. Што значи не е дефинитивно нешто што типично се случува. А википедија артиклот исто така посочува преку разни студии, дека има вистина во ваквите искуства, дека е поврзано со ESP, и дека има доволно тест-позитив индикации за свесност надвор од активна неурална мрежа.
Ако некој нешто повеќе го интересира, имаме ПП. Ако сакате дебата/дискусија, предложете друга постоечка тема или отворете нова. Да не ја правиме темава дебата за реинкарнации и ОBE искуства. Повторно ќе замолам да се вратиме он топик ако може.